TA Mediteran

Автобуски програми

24ти Мај| Истанбул 2 ноќи

термин: 20.05 - 2ноќи | 79 / 4.900мкд

 

ИСТАНБУЛ


Истанбул - најкосмополитски град во светот, град на контрасти, единствен град кој ги преплавува сите сетила. Истанбул пречекува опсипан со светлина, град кој никогаш не спие - улици полни со весели луѓе, шаренило од бои, мириси, идеален спој на култура и религија, место на кое се состануваат Европа и Азија.

 


Термин: 20 Мај 2022 | 4 дена / 2 ноќи | Автобус

Сместување во хотел со 3* во област Лалели

 

ПРОГРАМ НА ПАТУВАЊЕ

1ден / 20.05 (петок) МАКЕДОНИЈА - ИСТАНБУЛ
Состанок на групата и поаѓање од градовите: Штип во 16:00 часот (пред Стадионот), Велес во 16:45 (кружен тек), Скопје во 17:30 часот (Хотел "ВИП" - наспроти саем)Куманово во 18:00 часот (Бензинска "Makpetrol" - Автопат). Ноќно патување преку Бугарија со попатни паузи за одмор и царински формалности.


2ден / 21.04 (сабота) ИСТАНБУЛ (Хиподром | Сина Џамија | Аја Софија | Ортакој | Сафир Сеир Тераси | Таксим)
Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Можност за сместување во собите во хотелот во утринските часови. По кратка пауза со Локалниот водич се упатуваме кон посети според програмата, предвидени за тој ден: Хиподромот (кој некогаш служел за коњски трки, денес е меморијален плоштад со обележја од минатото), Сината Џамија (изградена на почеток на XVII век од страна на познатиот архитект Мехмед-Ага воедно и последна импресивна градба на отоманската религиска архитектура… Единствена џамија во Истанбул и Турција која има шест минариња), Аја Софија (Аја Софија се преведува и како Црква на Светата мудрост и се смета за најубав пример на византиската уметност. Црквата е градена за време на Византискиот цар Јустинјан и нејзината купола е висока 56 метри и изгледа како да лебди, со што го претставува небото. Била најголема катедрала во светот скоро 1000 години се додека не е изградена катедралата во Севили. По освојувањето на градот од Мехмед Освојувачот, бил толку имресиониран од цркавата па ја претвара во џамија и останува така се додека не е повторно претворена во Музеј. Аја Софија остана најголема верска зграда во Истанбул, иако секој моќен султан се обидел да ја претвори во џамија. Никој не успеал во тоа бидејќи ја нагласува величественоста на црквата каде што се нагласени прекрасните визанстиски мозаици. Музејот денес е една од најголемите атракции за туристите во Истанбул). Можност за попатна посета на Капали Чаршија, еден од најголемите и најстари затворени пазари во светот со 61 покриенa улицa и над 3000 продавници коишто привлекуваат од 25.000 до 40.000 туристи дневно. Цените во Капали Чаршија се високи и препорачливо е да се влезе и да се види само како значаен локалитет во Истанбул. Слободно време до 17:00 часот. Во 17:00 часот од пред хотел се упатуваме кон посета на еден од најживописните квартови во Истанбул, Ортакој, каде ќе имате можност да уживате во најпопуларните специјалитети, компир и вафли. Во Ортакој се снимани сцени од многу турски серии, така што ќе имате можност да ја доживеете магијата на овој волшебен град. Слободно време за вечера и фотографирање. Потоа посета на Sapphire Seyir Terasi (панорамска тераса), највисоката зграда во Европа од 261 метар. Првите два спрата нагоре и околу 4 спрата надоле е шопинг центар. На врвот од зградата се наоѓа тераса со панорамски поглед на Истанбул, каде што во мала кино сала се овозможува 4D проекција, симулација на надлетување на Истанбул со хелихоптер, можност да се почувствува сјајот на Борфорот, шармот на Момината кула, или позната како Мејден Кула, магичната Аја Софија, тајната на Топ Капи Палатата, Брилијантната Султанахмет џамија (Сината џамија), застрашувачката природа на базиликата, цистерната, страшниот вртлог, дервишите, убавините на модерниот дел од Истанбул, Плоштадот Таксим, Истаклал Улицата... сето ова можете да го доживеете во четвртата димезија во Сафир Сеир Тераси. По ноќната панорама на Истанбул се упатуваме кон ТАКСИМ, еден од најпознатите плоштади во градот, од каде започнува добро познатата улица Истиклал, долга околу 1,5 километри, за која се смета дека во текот на неработните денови ја посетуваат околу 3.000.000 луѓе. Враќање во хотел. Ноќевање.


3ден / 22.05 (сабота) ИСТАНБУЛ (Долма Бахче | Крстарење по Босфор | Ускудар | Чамлиџа Џамија | Ноќен Истанбул (Emmar Square Mall & Watergarden)
Појадок. После појадокот факултативна посета на палатата Долма Бахче Сарај - првиот дворец кој бил изграден во Османлиската империја и кој до 1922 година служел како резиденција на Отоманскиот Султан, а по 1922 година во него живеел Кемал Ататурк. Палатата е градена во европски стил и ја заменува старата Топкапи Палата во средина на 19 век. Се во палатата зрачи со лукскуз поради исклучително вредни и скапи збирки на непроценливо богатство. Палатата е поделена на два дела, Селамлик - дел за мажите и Харем - делот за жените. Во харемот се просториите во кои живеел и умрел таткото на турската нација, Кемал Ататурк. Долма Бахче Палатата е изградена во 19 век и е една од најгламурозните палати во светот. Таа била административен центар на крајот од Отоманската Империја со последниот Султан кој живеел таму. Денеска е претворена во музеј кој содржи уметничко-историски збирки со непроценливо богатство. Потоа можност за крстарење со брод по Босфор. Престојот во Истанбул не е комплетен без традиционалното и незаборавно крстарење по Босфорот. Бреговите од двете страни претставуваат мешавина од минатото и сегашноста, од модерни раскошни хотели, палати до приватни куќи. За време на патувањето се поминува покрај прекрасната Долма Бахче Палата, зелените паркови и царските паваљони на Јилдиз Палатата, Белербеј Палатата која се наоѓа покрај самиот мост од Азиската страна, под мостовите кои го делат Истанбул на Азиски и Европски дел... прекрасна панорамска прошетка низ Истанбул. Посета на Ускудар. Ускудар е место на азиската страна на Истанбул и е една од најважните турски населби во Истанбул, која била сведок на голема развојна активност за време на османлискиот период. Девината кула е едно од најважните места на Ускудар. За оваа кула постојат повеќе легенди кои ќе имаме прилика да ги слушнеме од нашите водичи а воедно и да ја посетиме самата кула. На Ускудар ќе ги сретнеме традиционални отворени кафетерии каде ќе може да го вкусите кафето, чајот и познатата алва во боја ќе имаме прилика да седнеме на турските килими и да го гледаме Босфорот, едноставно ќе се чуствувате исто како на филм. По посетата на Ускудар, поаѓаме кон џамијата  Emaar Square Mall е домаќин на луксузни брендови и продавници кои што се за првпат достапни во Турција, а одговараат на сечија потреба од современиот урбан млад свет. Гостите може да го користат своето пристуство од шопинг, јадење, пиење до забава. Овој трговски годишно во просек го посетуваат 25 милиони гости. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариумот Emaar Aquarium & Underwater Zoo кој е еден од повеќето гигантски аквариуми во Турција. Вo аквариумот може да се видат тигар ајкулите и над 20.000 видови на морски суштества како и 200 видови на водоземни животни. Покрај Emaar Square го посетуваме и Watergarden, оваа дестинација е на нашата листа бидејќи нуди посебно доживување, особено доколку го посетувате навечер. Огромните фонтани обоени од многуте светла, го прават овој трговски центар посебен. Со овој трговски ценар, Истанбул е рамо до рамо со луксузните центри во Дубаи. Враќање во хотел. Ноќевање.


4ден / 23.05 (понеделник) ИСТАНБУЛ (212 MegaOutlet) - МАКЕДОНИЈА
Појадок. Напуштање на хотелот. Посета на фабриката КОСКА (овде се наоѓа продавницата со најголем избор за турска баклава, локум, алва, турско кафе, чај и многу друѓи производи) по поефтини цени во однос на сите други продажни места, овде се задржуваме околу 45мин до 1 час и продолжуваме кон трговскиот центар - 212 MegaOutletПоаѓање за Македонија во попладневните часови. Ноќно возење со попатни паузи за одмор.


5ден / 24.05 (вторник) МАКЕДОНИЈА
Пристигнување во раните утрински часови.


Цена на аранжманот:            89€ / 5.520мкд
Цена за уплата до 10.05:       79€ / 4.900мкд


Дете до 6 години - 45€ / 2.800мкд   |   Дете од 6-12 години - 69€ / 4.300мкд   |   Еднокреветна соба + 40€ / 2.500мкд


Во цената на аранжманот е вклучено:

- превоз на наведената релација со високо туристички автобус;
- 2 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Истанбул;
- посета на Хиподромот (со локален водич);
- посета на трговски центар - 212 Outlet;
- посета на фабриката за слатки работи Коска;
- професионален туристички придружник;
- организација и реализација на патувањето.


ПАКЕТ 1:  35

- посета на Хиподромот;
- посета на Сината Џамија;
- посета на Капали Чаршија;
- посета на Saphire Seyir Terasi  (превоз | влезница за 4D | локален водич);
- посета на Таксим;
- посета на Ортакој;


 ПРОМО пакет 2 од сите факултативи (без Долма Бахче): 85

- посета на Хиподромот;
- посета на Сината Џамија;
- посета на Капали Чаршија;
- посета на Saphire Seyir Terasi  (превоз | влезница за 4D | локален водич);
- посета на Таксим;
- посета на Ортакој;
- посета на Чамлиџа;
- крстарење со брод по Босфор (90 мин дневно крстарење по Босфор со локален водич); 
- ноќен Истанбул (Emaar Square Mall и Wathergarden);


- посета на Долма Бахче Сарај  (превоз | влезница | локален водич) 25€;
вечера на брод (3 часовно ноќно крстарење со музичка програма, јадење и неограничено безалкохолно пиење и трансфер) 65€;
- посета на аквариум Emaar Aquarium & Underwater Zoo (се плаќа на лице место / индивидуално) 10 до 13€;


Напомена:

- За реализација на аранжманот потребен е мининум од 40 патници;
Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот нај доцна 7 дена пред поаѓање;
Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите;
- Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на програмата;

- Пасошот мора да има важност минимум 180 дена од датумот на завршувањето на аранжманот;
- Уплата исклучиво во денари. 


КОВИД ИНФО:

За влез во Турција потребно е да приложите еден од следните документи:

  1. Сертификат за примени две дози вакцина (поминати мин. 14 дена од втора доза);
  2. Сертификат за прележан КОВИД-19 од 1 до 6 месеци;
  3. Негативен PCR (не постар од 72ч.) или брз антиген тест (не постар од 48ч.); 

За влез во Македонија потребно е да приложите еден од следните документи:

  1. Сертификат за примени две дози вакцина (поминати мин. 14 дена од втора доза);
  2. Сертификат за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи го денот на оздравување;
  3. Негативен PCR (не постар од 72ч.) или брз антиген тест (не постар од 48ч.); 

 


За овој аранжман важат Општите услови на патување на МЕДИТЕРАН и СКТМ.


  

  


следете не

twinter rss
Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.