TA Mediteran

Автобуски програми

24 ти Мај | Сараево

  термин: 20.05-3 ноќи | 89€ / 5.518мкд

С А Р А Е В О 

 

Термин: 20 Мај 2022 | 5 дена / 3 ноќи | Автобус

 

1ден/ 20.05 (петок) МАКЕДОНИЈА - ВИШЕГРАД
Поаѓање од повеќе градови во Македонија. Поаѓањето е во попладневните часови, за точното време патниците ќе бидат известени еден ден пред поаѓањето. Се патува преку Србија со попатни паузи и царински формалности.


2ден/ 21.05 (сабота) САРАЕВО
Влегувањето во Босна и Херцеговина е во утринските часови. Во договореното време групата продолжува во Сараево на разглед со локален водич. Разгледот започнува од “Vijecnica”па се продолжува до местото каде е извршен атентат врз Франц Фердинанд од страна на Гаврило Принцип, хотел Европа, австро-унгарскиот дел, плоштадот Маршал Тито, местото каде е формирана групата INDEXI, Бегова Џамија и Башчаршија. Разгледот се прави се со цел патниците подобро да се запознаат со градт. По разгледот групата има слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел околу 19:00ч.нПосета на Паб во австроунгарскиот дел во Сараево доколку има интерес од страна на група. Ноќевање.


3ден/ 23.04 (сабота) САРАЕВО - ЈАБЛАНИЦА - МОСТАР - САРАЕВО
Третиот ден започнува со појадок и во 08:30ч започнуваме со целодневна екскурзија. Првото место за посета е Јабланица. која не пречекува со приказната за „Неретва“. Групата ќе има можност да го посети местото каде била Битката на Неретва 1943 год. позната како “Bitka za Ranjenike” која била 4-та непријателска офанзива на НОВЈ. Ито така овде е снимен познатиот филм „Битка за Неретва“ 1969 год.. Екскурзијата продолжува кон местото каде што се мешат убавината на природата, архитектурата и историјата oддалечено 12 од Мостар, ВРЕЛО БУНA, извор на реката Буна. Изворот на реката Буна е пример за карстна река и е eден од најголемите и поубавите извори ширум Европа. Водата тече низ пештера која е дел од карпа висока 200 метра a Буна е лева притока на реката Неретва. Место е фантастично, богато со ресторани и кафетерии покрај реката, а доколку барате мир дефинитивно овде ќе го најдете. Исто така ова место е омилено за сите фотографи. Групата има слободно време за прошетка и останати активности. По посетата групата се упатува кон Мостар.

Се посетува стариот мост, каде што можете да направите фантастични фотографии . Голем дел од туристите доаѓаат во Мостар за да го видат мостот, но Мостар има многу повеќе за истражување. Безброј, продавници, сувенирници богати со  бакарни предмети каде што можете да си купите сет за кафе или карактеристични локални сувенири или пак килими за вашиот дом, сето ова е лоцирано на Кујунџилук улицата. Ова е интересна улица (со калдрма) за прошетка, ако сте за шопинг можете да поминете часови овде. Слободно време околу 3 часа. Заминување кон Сараево. Ноќевање.


5ден/ 23.05 (понеделник) САРАЕВО- БОСАНСКИ ПИРАМИДИ- ВИШЕГРАД - АНДРИЧГРАД - МАКЕДОНИЈА
Појадок. По појадокот во хотел, групата се упатува кон Босанските пирамиди. Пред повеќе од 10 години, во Босна беше пронајдено големо откритие кое го шокираше светот , особено историчарите и археолозите. Босанските Пирамиди беа пронајдени од страна на Др.Семир Османгич и тие го дигнаа во врвот на неговата кариера. Босанските пирамиди се наоѓаат во близина на градот Високо, а според најновите истражувања датираат од предбиблиската историја. Најголемата пирамида е Пирамидата на Сонцето и е прва од тој вид во Европа, додека Пирамидата на Месечината и Пирамидата на Босанскиот Змеј, се значително помали. Под  пирамидите се пронајдени три подземни одаи и мало сино езеро. Езерото содржи чиста, стерилна вода, без бактерии, алги, печурки, микроорганизми, животни, мов и кал. Ја нарекуваат жива вода, затоа што го прочистува телото. Тоа значи дека тие објекти всушност се „одаи за прочистување“ и тука телото побрзо се регенерира и болестите исчезнуваат. Покажано е дека просториите под пирамидите имаат лекувачки моќи поради големото ниво на јонизација. По посетата се враќаме во хотел. Патниците кои нема да ги посетат пирамидите имат слободно време во хотел со тоа што по враќање од пирамидите ќе бидат земени од хотел и се продолжува кон Вишеград. Прекрасен град каде туристите имаат можност да одат на крстарење по Дрина и да се запознаат со природните и историски убавини на градот, да ги слушнат легендата за близнаците Стоја и Остоја како и легендата за невестата Фата. Групата го посетува симболот на градот а тоа е познатиот мост кој е изграден по наредба на Мехмед Паша Соколовиќ и денес е под заштита на UNESCO, опишан во романот на Иво Андриќ „Мостот на Дрина“. Во Вишеград исто така ќе имате можност да го посетите Aндричград познат како и камен град кој инвеститор е познатиот тенисер Новак Џоковиќ. Како културен центар изграден е по иницијатива на Емир Кустурица а за туристи официјално е отворен во 2012 година. Слободно време за прошетка и ручек. Заминување кон Македонија. Пристигнување во Македонија после полноќ.


 

 Цена на аранжманот: 89€ / 5.518мкд

 


Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз oд: Штип(Нова Пошта), Битола(Спортска сала), Прилеп(Лукоил бензинска), Росоман(пазарче), Велес(Макпетрол), Скопје(Дрводекор) и Куманово (Макпетрол бензинска);
- 2 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Сараево;
- Разглед на Сараево со локален водич;
- Посета на Вишеград;
- Посета на Андричград
- Туристички придружник за време на патувањето;


Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Посета на Јабланица, Мостар и Врело Буне - 35 (се плаќа во автобус); 
- Посета на Тунел Спаса- 15  (се плаќа во автобус); 

- Посета на Босанските пирамиди (Равно и Музеј) - 25 (се плаќа во автобус);
- Крстарење по Дрина- 5€ (се плаќа во автобус);
- Туристичка такса- 3€ по лице за две ноќевања (се плаќа задолжително во автобус);
- БОСАНСКИ ВИП ПАКЕТ (Тунел Спаса, Босански пирамиди,Јабланица,Врело Буна, Мостар и Крстарење по Дрина)- 55 евра од лице(се плаќа во автобус);


 За овој аранжман важат Општите услови на патување на СКТМ.

следете не

twinter rss
Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.