TA Mediteran

Font Size

SCREEN

Profile

Layout

Menu Style

Cpanel
Авионски програми

8-ми Декември | Рим

термин: 09.12-4ноќи | 529€ / 32.800мкд

 

Р И М

Божиќен базар


Сите патишта водат кон Рим... И навистина е така. Овој град секојдневно го чувствува тоа. Mилионите туристи кои постојано го посетуваат градот, се уверуваат во фактот дека тој има одбележано една цела епоха во светската историја. Попознат како "Римското царство", овој период од светската историја и денес е видлив благодарејќи им на мноштвото споменици кои сочувани од забот на времето сеушт го красат овој град. Тој, едноставно речено е музеј на отворено. Неговото значење, во времето кога сеуште се дефинирала новата европска и светска цивилизација е навистина големо. Напуштањето на паганството и прифаќањето на христијанството, е можеби пресудниот момент за неговото добивање на вечно место во светската историја. Седиштето на "светата столица" на една од најголемите светски религии (католичка-христијанска) т.е. државата Ватикан е токму тука - во самото срце на Рим. Да го посетите вечниот Град - Рим, а да не го доживеете Ватикан, е невозможно. Ватикан е величествен спој на христијанска духовност, совршена архитектура, генијални уметнички дела.

 

 

Термин: 09 Декември 2023 | 4 дена - 3 ноќи | Авион 

  

1ден/ 09.12 (сабота)  СКОПЈЕ - РИМ
Состанок на групата на аеродром Александар Велики во 10.30 часот. Лет за Рим  во 12.35 часот. Слетување во Рим во 14.20 часот. Автобус за трасфер не пречекува на аеродромот Фиумичино, од каде започнува приказната за Вечниот град, во придружба на локален водич, започнува панорамското разгледување на знаменитостите на Рим (2 часа): Аурелијански ѕидини, Св. Јован Латерански, Порта Маџоре, Св Петар и Павле, Каракалини терми, кејот на Тибар, замокот Ст.Анџело, Св.Петар, Св.Павле надвор од ѕидини, плоштадот Дел Попопло...Сместување во хотел. Во вечерните часови, придружувани од водичот на групата, посета на  плоштадот Навона каде ќе ја доживеете маѓијата на Божиќниот  базар. Прекрасна прилика да се ужива во културата на италијаните, пица, паста, вино, кафе... Враќање во хотел со локален превоз. Ноќевање.


2ден/ 10.12 (недела)  РИМ - ВАТИКАН
Појадок. Факултативно – организирана посета на Ватикан: Ватиканските музеи со восхутивачките колекции на слики, скулптури, стари мапи, Систинска капела чиј свод е украсен од Микеланџело и посета на најголемата Црква Св. Петар...Слободно попладне за ручек. Организирана прошетка низ центарот на Рим, најпрепознатливите одбележја на градот, локации кои мора да се посетат во РИМ, Фонтаната Ди Треви и легендата за фрлање паричка за повторно враќање...а веднаш потоа "дневна соба на градот" или Шпанските скали. Враќање во хотел со локален превоз. Ноќевање.


 3ден/ 11.12 (понеделник)  РИМ - КОЛОСЕУМ И РИМСКИТЕ ФОРУМИ
Појадок. Препорачуваме (факултативно) - Анчки Рим - со влез во Римските форуми и Колосеум, со локален водич - Римските форуми, Царскиот форум, Константинова Арка, Циркус Максимус, плоштадот Венеција...Пауза за руек. Во попладневните часови посета Пантеон, каде во околните ресторанчиња владее роматична атмосфера, мириса на прекрасна храна и се пие популарниот апреол. Во вечерните часови посета на плоштадот Навона, Нептиновата фонтана и фонтаната на Четирите реки. Враќање во хотел со локален превоз. Ноќевање.


 4ден/ 12.12 (вторник)  РИМ - СКОПЈЕ
ПојадокСлободно време за прошетки. Организиран трансфер (околу 11.30 часот) до аеродром. Полетување за Скопје во 14:55 часот. Пристигнување во Скопје во 16.40 часот.


 Цена на аранжманот: 529€ / 32.800мкд


 Во цената на аранжманот е вклучено:

  • - Авионски превоз на релација Скопје – Рим – Скопје;
  • - Рачен багаж максимум 8 кг со димензии (40 x 30 x 20 cm);
  • - Сместување во хотел 3* ( локација на Термини) на база ноќевања со појадок;
  • - Организиран панорамски разглед на Рим и пешачки разглед на Рим;
  • Аеродромски такси;
  • - Трансфер аеродром – хотел – аеродром;
  • - Организација и придружник на патувањето.

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Туристичка такса 1.390 мкд (се плаќа во агенција);
  • - Голема кабинска торба до 10кг;  Пријавен багаж до 20кг; Пријавен багаж до 32кг,
  • - Доплата за 1/1 соба – 4.700мкд;
  • - Посета на Римските форуми и Колосеум со локален водич и влезница, задолжително пријавување и уплата во агенција – 60;
  • - Посета на Ватикан со локален водич и влезница, задолжително пријавување и уплата во агенција – 60;
  • - Метро карти;
  • - Сите други влезници за локалитетите и други неспоменати услуги;
  • - Патничко осигурување.

Напомена:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници.
  • Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.
  • За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации.
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето.
  • Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62мкд.
  • Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
  • При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 10 дена пред поаѓање.

За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ

следете не

twinter rss
Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.