TA Mediteran

Font Size

SCREEN

Profile

Layout

Menu Style

Cpanel
Авионски програми

8-ми Декември / Будимпешта

 термин: 03.12-3ноќи309 / 19.160мкд 


Б У Д И М П Е Ш Т А

 

 

 

 Термин: 03 Декември 2023 | 4 дена - 3 ноќи | Авион



1ден/ 03.12 (недела)  СКОПЈЕ - БУДИМПЕШТА 
Состанок со групата на меѓународниот аеродром во Скопјe во 18:50 часот. Полетување за Будимпешта во 20:50 часот. Слетување во Будимпешта во 22:15 часот. Орагнизиран трасфер до хотелот. Сместување во хотел. Ноќевање.


2ден/ 04.12  (понеделник)  БУДИМПЕШТА
ПојадокПосле појадокот следи разглед на Будимпешта (пешки и јавен трансфер)... Посета на Црквата Св.Стефан, улиците Андраши, Ракоци и Ваци, Мостовите на Дунав... Време за слободни активности до попладневните часови кога има предвидено крстарење по Дунав (факултативно), прекрасен разглед на предновогодишно украсениот градот од брод. Навечер ќе прошетаме низ улиците, посетувајќи некои од Божичните маркети. Индивидуално враќање во хотел. Ноќевање.


3ден/ 05.12  (вторник)  БУДИМПЕШТА - СЕНТ АНДРЕА
ПојадокПо појадокот се упатуваме на полудневна прошетка до живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби и кое е богато со голем број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Следува разглед на градчето заедно со представникот од агенцијата...Слободно време за индивидуални прошетки и кафе . Во договорено време враќање назад во Будимпешта....Останатиот дел од денот е наменет повторно за Божиќните маркети. Враќање во хотел. Ноќевање.


4ден/ 06.12  (среда)  БУДИМПЕШТА - СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на собите и ден за индивидуални прошетки и активности. Може да ја посетите Зоолошката градина, аквариумот или некој трговски центар за предновогодишно паразење. Во договорено време следи трансфер кон аеродромот.Полетување за Скопје во 21:20 часот. Слетување во Скопје во 22.45 часот.


  Цена на аранжманот: 309€ / 19.160мкд


Во цената на аранжманот е вклучено:

  • - Директен лет на релација Скопје - Будимпешта - Скопје со авиокомпанијата Wizz Air;
  • - Мала кабинска торба до 8 килограми со димензии 40 x 30 x 25 cm;
  • - Сместување во двокреветни соби во хотел - 3 ноќевања со појадок;
  • - Трансфер аеродром - хотел - аеродром;
  • - Пешачки разглед со локален водич;
  • - Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

  • - Крстарење со брод по Дунав – 20 €;
  • - Факултативна посета на Сент Андреа – 35 €;
  • - Туристичка такса 9€ по лице, за цел престој (се плаќа во агенција);
  • - Влезници за музеите и културно-историските споменици;
  • - Доплата за еднокреветна соба;
  • - Патничко здравствено осигурување (задолжително);
  • - Индивидуални трошоци.

Напомена:
За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници.
Факултативите се реализираат со јавен трансфер, кој што не е вклучен во цената.
Пријавување на факултативи во агенција.
Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот, целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот.
Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд.
Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот.
Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето.
Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.


 За овој аранжман важат Општите услови на патување на МЕДИТЕРАН и СКТМ.

{uniform form=8/}

следете не

twinter rss
Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.