ПРАГА со посета на ВИЕНА
Факултативна посета на Дрезден и Пандорф
Автобус | 5 дена - 2 ноќи / термин: 8 Декември 2023
1ден/ 07.12 (четврток) СКОПЈЕ - ПРАГА
Состанок на групата на паркингот спроти спортската сала Борис Трајковски во 10:30ч. Поаѓање на автобусот во 11:00ч. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија. Ноќно возење со попатни паузи.
2ден/ 08.12 (петок) ПРАГА
Пристигнување во Прага во пладневните часови. Факултативно панорамско разгледување на градот со водич: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часовник-Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашната кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад. Националниот музеј. Можност за мистично крстарење по Влтава. Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални прошетки. Ноќевање.
3ден/ 09.12 (сабота) ПРАГА - ДРЕЗДЕН
Појадок. Предлагаме целодневен излет до Дрезден. Денеска главен град на покраината Саксонија, некогаш (по втората св.војна) дел од Источна Германија. Основан уште во 600 г.пне. на обалата на реката Елба. Во еден период населен и од Славонски племиња. Карактеристичен, прекрасен Саксонски стил во архитектурата – богатсво на прекрасни градби , како остатоци од некогашното Кралство Саксонија. Стариот дел од градот е слика на богатото и славно минато: Палатата Звингер, седиште на многу музеи со преку 2000 уметнички слики, прекрасна нео-ренесансна градба , прекрасната Готска Богородична црква –Frauenkirche, Кралската палата – денеска државен музеј каде се чува Зелениот трезор, Палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински), Августовиот мост на “Фиренца на Елба“ како што се споредува денешен Дрезден. Излет кој нема да ве остави рамнодушни. Враќање во Прага . Слободно време за индивидуални прошетки во центарот на Прага. Враќање во хотел. Ноќевање.
4ден/ 10.12 (недела) ПРАГА - ВИЕНА
Појадок. Одјавување од хотел. Поаѓање за Виена со попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER PARNDORF. Слободно време за шопинг. По пристигнувањето во Виена, панорамско разгледување на градот со автобус: Рингот, Oперата, Парламентот, Музејската четврт, Универзитетот, зимскиот дворец Хофбург, катедралата Св. Стефан... Слободно време во Виена. Во вечерните часови патувањето продолжува кон Македонија. Ноќно возење со попатни паузи.
5ден/ 11.12 (понеделник) МАКЕДОНИЈА
Пристигнување во Скопје во пладневните часови.
Цена на аранжманот: 199€ / 12.340мкд
Промо цена: 169€ / 10.480 (за уплата до: 14.10.2023)
Во цената на аранжманот е вклучено:
- - Превоз со високотуристички автобус;
- - 2 ноќевања со појадок во хотел 3* во Прага;
- - Организација и водство на програмата;
- - Посета и разглед на Виена;
- - Попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER PARNDORF;
- - Организација на аранжманот;
- - Лиценциран туристички придружник.
Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:
- - Разглед на Прага со локален водич - 15€;
- - Доплата за еднокреветна соба - 2.900мкд;
- - Крстарење со брод по Влтава - 20€;
- - Целодневна посета на Дрезден - 45€;
- - Влезници за музеи и локалитети;
- - Патничко здравствено осигурување (задолжително);
- - Туристичка такса 250мкд, се плаќа во агенцијата.
Напомена:
За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници.
За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 14 дена пред поаѓање.
Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата.
Доплата за седиште по избор 10€ ( резервација исклучиво при уплата).
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето.
Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.
За уплата, исклучиво во денарска противвредност.
За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и МЕДИТЕРАН