TA Mediteran

Font Size

SCREEN

Profile

Layout

Menu Style

Cpanel
Aвтобуски програми

8-ми Декември | Виена

термин: 07.12-2ноќи | 179 / 11.100мкд.

 

В И Е Н А

 

   

  
Термин: 8 Декември 2023 | 5 дена / 2 ноќи | Автобус 

 

1ден/ 07.12 (четврток)  СКОПЈЕ - ВИЕНА
Состанок со групата на паркингот пред спортски центар „Борис Трајковски“ во 14.00ч и поаѓање за Виена. Ноќно патување преку Србија и Унгарија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.


2ден/ 08.12 (петок)  ВИЕНА
Во претпладневните часови се упатуваме кон еден од најголемите аутлет шопинг центри Designer Outlet Parndorf. Слободно време за шопинг... По пристигнување во Виена, почнуваме со панорамски разглед на градот со локален водич: плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, општината Ратхаус, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург... Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор. Слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.


3ден/ 09.12 (сабота) ШЕНБРУН - БРАТИСЛАВА
Појадок. После појадокот трансфер со автобус до дворецот „Шенбрун“ (факултативна посета) со локален водич – (дворецот Шенбрун е познатата летна Хабзбуршка резиденција, кој е изграден 1.700 г. Палатата и паркот кој го опкружуваат говорат за животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Франц Јосиф) или слободно време за индивидуална прошетка низ Виена. Во пладневните часови, можност за излет до Братислава. Разглед на градот со локален туристички водич: средовековниот плоштад со Роландовата Фонтана, Михалската порта, Градското собрание, катедралата Св.Мартин, Словачкиот народен театар, барокната палата каде Моцарт ги изведувал своите дела, Палатата Паули во која Франц Лист го одржал својот прв концерт. Слободно време за индивидуални прошетки. Во вечерните часови враќање во Виена. Вечерта можност за посета на традиционален австриски ресторан Грицлинг или посета на некоја од локалните пивници (индивидуално). Ноќевање.


4ден/ 10.12 (недела)  ВИЕНА - СКОПЈЕ
Појадок. После појадокот напуштање на хотелот иможност за факултативна посета на Дунавската Кула (со 252м. претставува највисоката градба во Австрија од каде се пружа прекрасен поглед од 360о на градот). Се враќаме во центарот на Виена... слободно време за индивидуални прошетки и активности. Во вечерните  часови, поаѓање кон Скопје со попатни паузи за одмор и царински формалности.


5ден/ 11.12 (понеделник)  СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во предпладневните часови.


Цена на аранжманот: 199€ / 12.340мкд
Промо цена: 179€ / 11.100мкд ( за уплата до: 14.10.2023)


Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус;
  • Сместување во хотел со 3* на база на 2 НП (нокевање/појадок);
  • Организиран разглед на Виена;
  • Посета на шопинг центар Парндорф;
  • Професионален туристички придружник;
  • Организација и реализација на програмата.

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено: 

  • Разглед на Виена со локален водич – 15€;
  • Влезница за дворецот Шенбрун  (превоз + влезница + локален водич) - 50€;
  • Излет Братислава (превоз, разглед со локален водич) – 30€;
  • Дунавска Кула (превоз + влезница) - 25€;
  • Патничко осигурување;
  • Доплата за еднокреветна соба - 3.500мкд;
  • Туристичка такса 2€ по лице на ден;
  • Доплата за избор на седиште во автобус - 10€.

 За овој аранжман важат Општите услови на патување на СКТМ.

{uniform form=8/}


 

следете не

twinter rss
Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.