Б У Д И М П Е Ш Т А
СЕНТ АНДРЕА - ВИЕНА
Термин: 8 Декември 2023 | 5 дена / 2 ноќи | Автобус
1ден/ 07.12 (четврток) СКОПЈЕ - БУДИМПЕШТА
Состанок на групата на паркингот на салата Борис Трајковски во 16.00 часот. Тргнување за Будимпешта во 16.30 часот. Се патува преку Србија со куси попатни паузи. Ноќно возење.
2ден/ 08.12 (петок) БУДИМПЕШТА
Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Препорачуваме панорамско разгледување на градот со локален водич: Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, црквата "Св. Стефан", мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата "Св. Матејас", Рибарската тврдина... Сместување во хотел... Слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.
3ден/ 09.12 (сабота) БУДИМПЕШТА - ВИЕНА - OUTLET SHOPPING CENTRE PARNDORF
Појадок. Препорачуваме посета на Виена, панорамско разгледување на градот: Рингот, Парламентот, Виенската Опера, градското Собрание, Палатата Хофбург, Катедралата Св.Стефан. Слободно време за прошетки низ стариот дел на градот. Во попладневните часови посета на шопинг центарот во Пандорф. Враќање во Будимпешта. Ноќевање.
4ден/ 10.12 (недела) БУДИМПЕШТА - СЕНТ АНДРЕА
Појадок. По појадокот заминуваме на посета на живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби, богато со голем број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Враќање во Будимпешта... предлагаме крстарење со брод по Дунав. По крстарењето слободно време за индивидуални прошетки во центарот на градот. Поаѓање за Македонија во вечерните часови. Ноќно и денско возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.
5ден/ 11.12 (понеделник) СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во утринските часови.
Цена на аранжманот: 169€ / 10.480мкд
за уплата до 14.10: 149€ / 9.240мкд
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со високотуристички автобус;
- 2 ноќевања со појадок во хотел Zuglo 3* во Будимпешта;
- Организација и водство на програмата;
- Организација на аранжманот;
- Лиценциран туристички придружник.
Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:
- Задолжително патничко осигурување;
- Разглед на Будимпешта - 15€;
- Крстарење по Дунав - 20€;
- Посета на Сент Андреа - 20€;
- Влезници за музеи и културно-историски знаменитости;
- Посета и разглед на Виена со локален водич и посета на OUTLET SHOPING CENTER PARNDORF - 50€;
- Доплата за еднокреветна соба 2.550 денари;
- Туристичка такса 2€по лице на ден;
- Доплата за избор на седиште (при резервација)-10€.
Напомена:
За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање.
За уплати на “early booking” потребна е уплата 30% од вкупната сума на аранжманот.
Попустите не се комбинираат.
Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди сатница на поаѓање
За овој аранжман важат Општите услови на патување на СКТМ.