А Т И Н А
Атина - град посветен на божицата Атина, по која го добил името, која е и негова заштитничка. За историјата на човештвото е значајна бидејќи тука се поставени темелите на парламентарната демократија и слободните избори. Но сепак, прва асоцијација при спомнувањето на Атина е Акропол со Партенон, како најголем и најзначаен храм кој доминира со Атина две и пол илјади години. Атина е секогаш доживување, посебно во ноќните часови. Затоа ви ја нудиме можноста да ја почувствувате магијата на грчката престолнина, што ќе го направи вашиот престој незаборавен.
Автобус | 5 дена - 2 ноќи / термин: 8 Декември 2023
1ден/ 07.12 (четврток) СКОПЈЕ - АТИНА
Состанок на групата во 20:30 часот пред Хотел Русија. Поаѓање во 21:00 часот. Патување преку граничниот премин Богородица-Евзони и ноќно возење низ Грција со попатни паузи за одмор.
2ден/ 08.12 (петок) АТИНА
Пристигнување во Атина во утринските часови. Заминување на панорамско разгледување на градот со локален водич (Плоштадот Омонија, Плоштадот Сантагма, каде се наоѓа парламентот и стражата на Евзони, Олимпискиот стадион, Зевсовиот храм, Хадријановата врата, Бајроновиот споменик, Националната библиотека). Слободно време низ центарот на прекрасната Атина или посета на Акропол. Заминување кон Глифада. Смествање во хотел. Слободно попладне. Вечерта слободно време за одмор или прошетка по преубавата Глифада. Ноќевање.
3ден/ 09.12 (сабота) АТИНА - КОРИНТ - ПЕЛОПОНЕЗ
Појадок. Целодневна екскурзија на Арголида Коринтскиот канал (кој ги поврзува егејското и јонското море), Епидаурус (најакустичниот антички амфитеатар), градчето Нафплион (некогашната престолнина на Грција) и Микена (древниот град на митскиот крал Агамемнон). Планиран одмор со можност за ручек во локалната таверна. Враќање во Глифада. Слободно време за одмор, вечерта препорачуваме ноќна прошетка во Атина или шопинг во Глифада. Ноќевање.
4ден/ 10.12 (недела) АТИНА - СУНИОН - СКОПЈЕ
Појадок. Факултативна екскурзија Аполоновиот брег, летувалиштата Глифада, Вула, Вулиагмени и рт’от Сунион, кој е и најужниот дел од европското копно. Поглед кон остатоците на некогашниот антички храм, подигнат на самиот рт’ во слава на богот Посејдон. Слободно време и заминување кон Македонија. Возење со гранични формалности и попатни паузи.
5ден/ 11.12 (понеделник) СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во раните утринските часови.
Цена на аранжманот: 129€ / 8.000мкд
Во цената на аранжманот е вклучено:
- - Превоз со високотуристички автобус на дадената релација;
- - 2 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Глифада;
- - Организиран разглед на градот со локален водич;
- - Организација и водство на патувањето.
Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:
- - Екскурзија на Арголида - Пелопонез - 45€;
- - Факултативен излет Сунион и Аполоновиот брег - 15€;
- - Туристичка такса 1,5€ по соба од ден, наплата на рецепција во хотел;
- - Влезници за посета на локалитетите со водич (Акропол 20€, Микена 12€, Епидариус 12€, Посејдонов храм 10€);
- - Патничко здравствено осигурување.
Напомена:
- За реализација на аранжманот и факултативните излети предвидени по програмата, потребен е минимум од 45 патници;
- За сингл соба цената изнесува 159€;
- Деца од 0 - 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител);
- Деца од 3 до 11,99 години плаќаат 79€;
- Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот;
- Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете;
- Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплата;
- Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15€ за во два правци;
- Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето;
- Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата;
- За уплата, исклучиво во денарска противвредност.
За овој аранжман важат Општите услови на патување на МЕДИТЕРАН и СКТМ.