Б У Д В А
Портомонтенегро - Дубровник - Бар
(Божиќни маркети)
Tермин: 8 Декември 2023 | 4 дена - 2 ноќи | Автобус
1ден / 07.12 (четврток) ШТИП - БУДВА
Состанок на групата на Дрводекор во вечерните часови. Ноќно возење преку Косово и Албанија по новиот автопат со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2ден / 08.12 (петок) БУДВА
Во утринските часови пристигнување во Будва. Сместување во апартмани во центарот на Будва. Слободно време за прошетка низ стариот град на Будва или посета на Словенска плажа. Ноќевање.
3ден / 09.12 (сабота) ПОРТОМОНТЕНЕГРО - ДУБРОВНИК
Третиот ден е предвиден за факултативна посета на Портомонтенегро и Дубровник. Најпрво се упатуваме кон Портомонтенегро - уникатен спој на Монте Карло, Сен Тропе и Порто Банус во едно. Главен инвеститор на целиот проект е канадскиот милијардер Питер Манк, бегалец од нацистичка Унгарија. Канадскиот милијардер за 3.26 милиони евра од владата на Црна Гора го купи целосно военото бродоградилиште “Арсенал” во Тиват и го претвори во марина за мегајахти и плац со површина од 24 хектари за изградба на станови наменети за продажба. Но, тоа повеќе воопшто не е така. Со никнувањето на првиот хотел со пет ѕвездички, The Regent, дури и Лорд Ротшилд и самиот изјавил дека се работи за вистинско чудо кое едноставно мора да се доживее. По посетата, се упатуваме кон Дубровник. Следува разглед на стариот град Страдун: Главната капија–Пиле, Францисканскиот манастир со една од најстарите аптеки во Европа, Старата царина, Катедралата Свети Блаж, Ректоровата палата, старото пристаниште итн. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во Будва, можност за посета на стариот град. Ноќевање.
4ден / 10.12 (недела) БУДВА - БАР - МАКЕДOНИЈА
Во договореното време одјавување од вилата и поаѓање кон Бар. Слободно време за индивидуални активности. Поаѓање за Макединија, пристигнување околу полноќ.
Цена на аранжманот: 109€ / 6.760мкд
Промо цена: 89€ / 5.520мкд
Во цената на аранжманот е вклучено:
- - Автобуски превоз на дадената релација;
- - 2 ноќевања апартманско сместување во центарот на Будва;
- - Посета на Острошки Манастир;
- - Организација и придружник на патувањето.
Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:
- - Целодневна факултативна посета на Портомонтенегро и Дубровник - 30€;
- - Задолжително патничко и здравствено осигурување;
- - Туристичка такса 1.50€ по лице по ноќевање;
- - Индивидуални трошоци.
Напомена:
- Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 14 дена пред поаѓање.
- За single соба се доплаќа дополнителни 2000ден од аранжманот.
- За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници.
- 2 дена пред започнување на аранжманот агенцијата ќе ги потврди информациите за време и место на тргнување или патниците да се обратат во Агенција за време и место на поагање;
- Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд;
- Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето;
- Се замолуваат патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето;
- Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки однесување во автобус од страна на организаторот;
- Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред поаѓање;
- Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите;
- Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на редоследот за реализација на програмата;
- Уплата исклучиво во денари.
За овој аранжман важат Општите услови на патување на МЕДИТЕРАН и СКТМ.