Б Е Л Г Р А Д
сместување во хотел со Abba 4*
Tермин: 8 Декември 2023 | 3 дена | 2 ноќи со aвтобус
1ден/ 08.12 (петок) СКОПЈЕ - БЕЛГРАД
Состанок на групата во 02:00часот на Дрво Декор. Ноќно патување кон Белград со попатни паузи и царински формалности. Пристигање во Белград околу 9 часот. Организиран панорамски разглед на Белград со водич и посета на: Црква „Св. Сава“, Собрание на Белград и Србија, црква „Св. Марко“, споменик на кнез Михајло, стадионот на ФК Црвена Звезда, атрактивниот дел на градот Пешачки разглед на тврдината Калемегдан и прошетка по најпознатата белградска улица - Кнез Михајлова. Bраќање во Хотел - сместување. Слободно време за одмор или индивидуални активности. Ноќевање.
2ден/ 09.12 (сабота) БЕЛГРАД - НОВИ САД - БЕЛГРАД
Појадок. После појадокот организиранa факултативна посета на Нови Сад. Разглед на градот: Улицата на Јован Ј. Змај, Дунавската улица - пешачка трговска зона, Владичанскиот двор, плоштадот со Градското собрание и католичката црква, Петроварадинската тврдина.. Целодневна посета на Градот. Враќање во Белград. Опционална вечера во Скадарлија. Ноќевање.
3ден / 10.12 (недела) БЕЛГРАД - МАКЕДОНИЈА
Појадок. После појадокот одјавување од хотел. Се упатуваме кон центарот на Белград каде ќе имате можност да прошетате низ Кнез Михајлова или можеби новиот дел “Београд на води”. Слободни активности до 12часот и посета на трговскиот центар Ушче. Слободно време за кафе, шопинг, прошетка. Во договореното време, поаѓање кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови.
Цена на аранжманот: 135€ / 8.370мкд
Во цената на аранжманот е вклучено:
- превоз на наведената релација со туристички автобус;
- разглед на Белград со локален водич - 2 ноќевања со појадок во хотел Abba 4*;
- организација и реализација на патувањето со лиценциран придружник од агенција;
- посета на шопинг центар Ушче.
Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:
- Факултативна посета на Нови Сад 25€;
- Вечера во традиционален ресторан на “Скадарлија” - 30€;
- Доплата за еднокреветна соба 45€;
- Здравствено патничко осигурување.
Напомена:
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
- За овој аранжман може да се патува и со лична карта;
- За реализација на факултативата Нови Сад потребно е мин. 30 пријавени лица;
- Уплата исклучиво во денари.
За овој аранжман важат Општите услови на патување на МЕДИТЕРАН и СКТМ.