"INTERHOTEL" 4* - Сандански
4*- SPA хотел INTERHOTEL е лоциран во југозападниот дел на Бугарија, регион кој е најпознат по лековитата клима и термалните извори. Хотелот е лоциран во самиот центар на Сандански, на само неколку чекори од живописниот градски парк, поголемите продавници и во близина на многу споменици и историски знаменитости. Интерхотел Сандански го нуди еден од најголемите медицински центри за лекување и рехабилитација на Балканскиот Полуостров. Хотелот има 285 удобни соби и суити, три ресторани, лоби бар и пул бар. Гостите може да користат три базени со минерална вода, од кои еден е со температура на водата 38°C. Комплексот во својот состав има 5 новоизградени тениски терени, прикладни за организирање на професионални турнири. За семинари, настани, работилници и слично, хотелот има на располагање 4 конференциски сали со капацитет од 30 до 250 места, како и простор за изложби и презентации.
Термин: 8 ми Декември 2023 | 3 дена | 2 ноќи со појадок | Автобус
1 ден/ 08.12 (петок) СКОПЈЕ / КАВАДАРЦИ / ВАЛАНДОВО / СТРУМИЦА - САНДАНСКИ
Поаѓање во 06:30 часот од Скопје за Сандански преку Струмица и Петрич (попатни одмори, царински формалности), продолжување кон Сандански. По пристигнувањето сместување во хотелот. Слободно време, можност за користење на СПА центарот. Ноќевање.
2 ден/ 09.12 (сабота) САНДАНСКИ
Појадок. Слободно време за индивидуални активности, можност за користење на СПА центарот или индивидуална прошетка во градот. Ноќевање.
3 ден/ 10.12 (недела) САНДАНСКИ - СТРУМИЦА / ВАЛАНДОВО / КАВАДАРЦИ / СКОПЈЕ
Појадок. Одјавување од хотелот до 12.00 часот (локално време). Во 13.15 часот (локално време) поаѓање кон Македонија (попатни одмори, царински формалности) пристигнување во вечерните часови.
Име на Хотел | Цените се за Стандард двокреветна соба / 2 ноќевања со појадок / без превоз | |||
Термини | 08.12–10.12.23 | |||
Вид на сместување / Услуга | ноќевање со појадок |
|||
INTERHOTEL 4* |
DBL Standard /2+0/ | 240€ | ||
1 Возрасен | 188 € | |||
1 возрасен +1 дете (4 - 12г.) | 188 € | |||
2 возрасни + 1 дете ( 0 - 4г.) | 240 € | |||
2 возрасни +1 дете (4 - 12г.) | 276 € | |||
2 возрасни +2 деца (0-4г. и 4-12г.) | 276 € | |||
2 возрасни +1 дете (12-16г.) | 320 € | |||
2 возрасни +2 деца (0-4 и 12-16г.) | 320 € |
Во цената на аранжманот е вклучено:
- - 2 ноќевања со појадок;
- - Сместување во 1/2 Double Standard Room;
- - Користење на СПА центарот;
- - Придружник на патувањето;
- - Oрганизација на патувањето.
- - Туристичка такса.
Доплати:
- - Доплата за превоз (Битола, Прилеп, Неготино, Струмица, Скопје, Велес - 40 €);
- - Дете 02-12 год. - 30 €;
- - Патничко здравствено осигурување;
- - Можност за доплата на ден за вечера 18€ возрасен и дете 12-16 год. , 10€ дете 4-12 г.
Напомена:
За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 35 патници.
Сместување по 15:00 ч.(локално време).
Напуштање до 11:30 ч. (локално време).
Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на пограмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
Агенцијата го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот и да ги извести запишаните патници 5 дена пред поаѓањето.
Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето!
Аражманот се плаќа во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд.
При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот – аванс, остатокот од аранжманот се доплатува на 14 дена пред поаѓање.
Отказ на резервација до 10 дена пред поаѓање без пенали.
Отказ на резервација од 9-2 дена пред поаѓање пенали од цена за 1 ноќевање.
Отказ на резервација 1 ден пред поаѓање 100 % пенали.
ЛЕГЕНДА
- DBL room - двокреветна соба / DBL Studio - двокреветно студио / SNGL - еднокреветна соба / APT one bedroom - апартман со една спална / Family APT- фамилијарен апартман / ВВ - ноќевање со појадок / НВ - ноќевање со појадок и вечера.
За овој аранжман важат Општите услови на патување на Т.А.Медитеран и СКТМ