Print this page

8-ми Декември САНДАНСКИ - Interhotel 4*

 "INTERHOTEL"  4* - Сандански

website

    


4*- SPA хотел INTERHOTEL е лоциран во југозападниот дел на Бугарија, регион кој е најпознат по лековитата клима и термалните извори. Хотелот е лоциран во самиот центар на Сандански, на само неколку чекори од живописниот градски парк, поголемите продавници и во близина на многу споменици и историски знаменитости. Интерхотел Сандански го нуди еден од најголемите медицински центри за лекување и рехабилитација на Балканскиот Полуостров. Хотелот има 285 удобни соби и суити, три ресторани, лоби бар и пул бар. Гостите може да користат три базени со минерална вода, од кои еден е со температура на водата 38°C. Комплексот во својот состав има 5 новоизградени тениски терени, прикладни за организирање на професионални турнири. За семинари, настани, работилници и слично, хотелот има на располагање 4 конференциски сали со капацитет од 30 до 250 места, како и простор за изложби и презентации.

 

 Термин: 8 ми Декември 2025 | 3 дена | 2 ноќи со појадок | Автобус 


1 ден/ 06.12 (сабота)  ШТИП / ВЕЛЕС / СКОПЈЕ - САНДАНСКИ 
Поаѓање на групата  во раните утрински часовиПауза за гранични и царински формалности. Попатна посета на Рупите-посета на комплексот во кој се разгледува црквата на Баба Ванѓа „Света Петка“, музејот посветен на Рупите животот и делото на Ванѓа. Разглед на прекрасната природа и топлите минерални води со неверојатни 75С. Пристигнување во Сандански и сместување во хотел. Слободно попладне и време за индивидуални активности и користење на СПА центар и базени со минерална вода. Ноќевање.


2 ден/ 07.12 (недела)  САНДАНСКИ
Појадок. Ден предвиден за посета на Мелник. Мелник е најмалиот град во Р.Бугарија и официјално четврти најмал град во светот,  место познато по неговите пирамиди од песок, посета на Кордопуловата куќа-Винарија и дегустација на вино,посета на познатиот Роженски манастир каде во близина се наоѓа гробот на војводата Јане СанданскиСлободно време за разглед, посета на винарија и дегустација на вино. Враќање во хотел. Слободно попладне  за индивидуални прошетки или користење на СПА. Ноќевање.


 3 ден/ 08.12 (понеделник)  САНДАНСКИ - МАКЕДОНИЈА 
Појадок. Слободни активности. Напуштање на хотелот. Поаѓање кон Македонија околу 15 часот по локално времеПристигнување во Македонија во вечерните часови.


 

Име на Хотел Цените се за Стандард двокреветна соба
Термини   08.12–10.12.23  
Вид на сместување / Услуга  2 ноќевања со појадок+превоз /по лице

INTERHOTEL 4*

 DBL Standard /2+0/   179   
   

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • - 2 ноќевања со појадок со вклучен превоз;
  • - Сместување во 1/2  Double Standard Room;    
  • Користење на СПА центарот;
  • Посета на Рупите – куќата на баба Ванѓа;
  • Паркинг надворешен(според расположливост, Wi-Fi);
  • Туристичка такса.

 Доплати:

  • - Доплата за вечера - 21€ по лице од вечер (опционално)
  • Факултативна посета на Мелник и Роженски манастир 10€ по лице;
  • - Патничко здравствено осигурување.

 Напомена:

За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 35 патници.
Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на пограмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
Агенцијата го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот и да ги извести запишаните патници 5 дена пред поаѓањето.
Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето!
Аражманот се плаќа во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд.
При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот – аванс, остатокот од аранжманот се доплатува на 7 дена пред поаѓање.

 


 

      

За овој аранжман важат Општите услови на патување на Т.А.Медитеран и СКТМ