TA Mediteran

Албанија

Корисни информации за Албанија
најчести прашања од клиентите

 


1. Како да стигнете до Албанија и кој пат да го одберете ?
Најдобар избор за патување до Албанија со сопствено возило е патот преку Косово (Граничен премин Блаце кој води преку автопатот Урошевац-Приштина-Феризај се до граничен премин Морине влез во Албанија) Овој пат е најприфатлив доколку одите за Драч или Тирана. Пократок пат доколку одите за Јужниот дел на Албанија е преку граничниот премин Ќафасан (Струга).

2. За сите оние кој им е потребна информација на км и саатнина до туристичките места во Албанија:
Скопје – Валона 400км или околу 6 часа (Граничен премин Ќафасан)
Скопје – Драч 350км или окулу 4 часа (Граничен премин Блаце)
Скопје – Дерми 450км или 8-9 часа (Граничен премин Ќафасан)
Скопје – Химаре 470км или 8-9 часа (Граничен премин Ќафасан)
Скопје – Саранда 515 км или 9 часа (Граничен премин Ќафасан)
Скопје – Ксамил 525км или окулу 9 часа (Граничен премин Ќафасан)


3. Дали има редовен автобуски превоз за Валона, Саранда, Драч, Ксамил, Дерми и Химаре?
Туристичките агенции имаат редовен автобуски превоз од Јуни-Септември за Драч, Валона, Саранда и Ксамил
Автобуски превоз од Македонија редовен за Химаре и Дерми нема.
Најлесен начин да стигнете до Дерми и Химаре е да пристигнете со нашиот автобуски превоз до Валона и од градската автобуска да одите со локален автобус кој го има 2-3 пати дневно од Јуни-Септември
• Автобуски билет Скопје – Драч во два правци 35€
• Автобуски билет Скопје – Валона во два правци 45€
• Автобуски билет Скопје – Саранда во два правци 55€
• Автобуски билет Скопје – Ксамил во два правци 55€


4. Што е потребно за влез во Албанија?
Во Албанија е дозволен влез со лична карта и пасош. За децата е потребно приложување на пасош. Доколку патувате со автомобил потребен е зелен картон за влез. Осигурување препорачуваме но не е задолжително.


5. Дали постојат ограничувања за влез во Албанија (PCR тест, карантин)?
Не. Во Албанија е овозможен влез без никакви ограничувања не постојат рестрикции како PCR тест, карантин или пак вакцина.


6. Дали е безбедно да се летува во Албанија?
Голем број на туристи кој веќе биле во Албанија и ја избрале Албанија за нивниот летен одмор потврдуваат дека е апсолутно безбедно да се летува во Албанија како за нив така и за нивните автомобили.


7. Како да изберете каде да летувате во Албанија?
Доколку сакате поубави плажи и помирно место за летување за Вас и вашата фамилија Ви го препрачуваме КСАМИЛ.
Доколку сакате динамичен одмор со централно шеталиште и многу ресторани, кафичи, дискотеки дефинитивно треба да ја одберете САРАНДА.
Доколку сакате да бидете во голем современ град кој наликува на Ница со долги плажи кој впрочем можете да одберете дали сакате да се капете на Јадранско или Јонско море Ви ja предлагаме ВАЛОНА.
За сите оние кој сакаат да истражат нови места со диви плажи како и недопрена природа која неможете да ја видите во дигиталниот маркетинг а притоа сте спремни да си приуштите повеќе ги предлагаме Борш, Дерми, Јале и Химара.

 

8. Просечни цени во ресторани и маркети во Саранда и Ксмил
Официјална валута е лек (1€-123 леки), но во сите продавници, кафичи и ресторани примаат и евра, воедно во сите ресторани и кафичи како и поголеми маркети можете да платите со кредитна картичка.

 


 Јонско крајбрежје 

Овој дел од крајбрежјето на Јонско Море е познат по неверојатно чистите води и тиркизните плажи.Дневната температура во текот на летото е 36 степени. Што се однесува до температурата на морето на југот на Албанија, таа варира од 22 до 26 степени, во зависност од времето и периодот во годината.
Најпопуларните дестинации за одмор на албанскиот брег на Јонското Море се Саранда, Ксамил, Химара, Дерми како и помалите места во близина на овие градови. Она што го прави специфичен овој дел на Албанија е тоа што летните одмори, односно пливањето, се можни од средината на април до крајот на септември.
Од поголемите градови е Саранда. Град со околу 40.000 жители во јужна Албанија, во близина на границата со Грција. Саранда има долго шеталиште, прекрасни плажи, модерни хотели. Саранда е одличен избор и за гости кои доаѓаат со деца и за младите туристи кои сакаат добро да се забавуваат.
Кога станува збор за помали места како Химара, Дерми или Ксамил, можеме да кажеме дека ако барате место кое е тивко, без многу гужви (oсвен Ксамил во висока сезона), ако изберете кој било од овие три градови - нема да погрешите. Сите три места се претежно популарни меѓу туристите.


 

ЛETO 2021 - АЛБАНИЈА - наша препорака на вили

 


 ВАЛОНА | приватно & хотелско сместување
                                         

 САРАНДА | приватно сместување
                                             

 КСАМИЛ | приватно сместување
                                             
  АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ | АЛБАНИЈА - ЛЕТО 2021                                          
Автобуски превоз ВАЛОНА, секој петок, рано наутро  Патни Информации
 Град на поаѓање  Mесто на поаѓање   Време на поаѓање Скопје - Валона (400km)
 Куманово  (кај рафинерија ОКТА - автопат) 01:45

 Скопје-Тетово-Гостивар-
 -Струга-Ќафасан - Валона
 Автопат (A2)

 

 

 Скопје  (паркинг пред VIP хотел наспроти саем) 02:00
 Штип  (пред нова пошта - стадионот) 01:00
 Велес  (бензинска Макпетрол-кружен тек)  01:30
 Тетово  (бензинска Макпетрол на излеот)  02:45
 Гостивар  попатно на раскрсница  03:15
 Kичево  попатно на бензиска Lukoil 03:45
 Охрид  (на влез на аеродром Св.Апостол Павле) 04:45
 Струга  (бензиска Макпетрол на излез) 05:00
 Поаѓање од Валона:     15:00 часот  (пред вилата и хотел Primavera)

Автобуски превоз САРАНДА и КСАМИЛ, секоја сабота, навечер  Патни Информации
 Град на поаѓање  Mесто на поаѓање   Време на поаѓање Скопје - Саранда (510km)
 Куманово  (кај рафинерија Окта - автопат) 22:15

 Скопје-Тетово-Гостивар-
 -Струга-Ќафасан - Саранда
 
 Автопат (A2)

 

 

 Скопје  (паркинг пред VIP хотел наспроти саем) 22:30
 Штип  (паркинг пред нова пошта) 21:30
 Велес  (бензинска Макпетрол, кружен тек)  22:00
 Тетово  (бензинска, Макпетрол на излезот) 23:15
 Гостивар  попатно на раскрсница  23:45
 Кичево  попатно на бензиска Lukoil 00:45
 Охрид  (на влез на аеродром Св.Апостол Павле) 01:30
 Струга  (бензинска, Макпетрол на влез-излес) 01:45
 Прилеп(трансфер до Ох)  бензиска Lukoil на влезот 23:50
 Битола (трансфер до Ох)  бензиска Пелагонија петрол на патот 00:30
 Поаѓање од Саранда:     15:00h  (пред ОRANGE Lounge Club - хотел Butrinti 5*)
 Поаѓање од Ксамил:   14:20h  (пред Apart-Villa Mario - TIRANA Bank)

следете не

twinter rss
Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.