Д У Б А И
Дубаи – е дел од 7те емирати кои ги формираат Обединетите Арапски Емирати. И покрај тоа што Абу Даби е главниот град, денес главната туристичка атракција поставена на персискиот залив на југоисточниот дел на Арапскиот полуостров, е токму Дубаи. Тој вушност наликува на независен град – држава и е несомнено најмодерниот и најпрогресивниот од седумте емирати. Карактеристична е пустинска или суптроспка клима, и освен во лето кога температурата може да достигне и до 49 степени, во остатокот од годината ужива исклучително пријатна клима, со температура од 20 - 35 степени. Локална валута е дирхам 1 EUR = (околу) 5 AED. По лансирањето на метрото како јавно превозно средство, Дубаи го добива веројатно најдобриот јавен транспорт на Средниот Исток. Сите возови и станици се климатизирани и интересен е фактот што метрото во Дубаи е првата урбана железница на Арапскиот полуостров. Автобускиот превоз има широко развиена мрежа на 193 утврдени маршути. Низ градот може да се движите и со такси кое е лесно достапно и вози по однапред утврдени идентични цени на сите такси компании. Како релативно нова туристичка дестинација, Дубаи носи одлика на однапред спремен град, во потрагата да ги задоволи апетитите на секој модерен турист. Тоа се должи на фактот што шеикот Мактум, одлучил сите свои приходи од производствто на нафта да ги вложи во туризам, по што Дубаи доживува вистински туристички бум и станува една од омилените туристички дестинации на сите оние кои сакаат да го истражат мистичниот исток и да уживаат во луксузот и песочните плажи. Дубаи е во главно пустински град со извонредна инфраструктура и атипично во споредба со регионалните стандарди има полиберални правила, заради што станува популарна дестинација и нуди одлични туристички погодности. Близината до европското копно го прават одлична дестинација, дури и за краток престој. Заради квалитетниот животен стандард во последните години градот бележи и највисока стапка на доселеници во светот. Денес, со познатата плажа Џумеира, бројните шопинг центри, традиционалните и автентични арапски пазари, модерните облакодери и луксузните хотели, претставува вистинска туристичка оаза во пустината.
Термин: 30 Декември | 8 дена / 7 ноќи | Авион
30.12 (сабота) СКОПЈЕ - БЕЛГРАД - ДУБАИ
Состанок на групата на паркингот спроти Хотел “Holliday Inn” во 07.00ч. Организиран трансфер до аеродромот во Белград. Полетување за Абу Даби во 17.50 и слетување во 02.05ч. Организиран трансфер до хотелот. Сместување. Ноќевање.
31.12 (недела) ДУБАИ - БУРЏ КАЛИФА
Појадок. РАЗГЛЕД НА ДУБАИ. Ќе се запознаат најпопуларните атракции на градот како што се: Burj Khalifa, Дубаи марина, Atlantis, Burj Al Arab... За време на обиколката на градот, ќе ги видите историските знаменитости на стариот Дубаи кои се испреплетуваат со модерната архитектура на 21 век. Уживање во ориенталниот дух на Дубаи на пазарот за злато и зачини. *Времетраење околу 5 часа. БУРЏ КАЛИФА. Највисоката градба во светот направена од човекот, можност да се искусат најбрзите лифтови во светот. *Времетраење околу 2 часа. Слободното време за подготовка за најлудата ноќ во годината, можност да се доживее еден од најголемите огномети во светот. Среќна Нова година!!! Ноќевање.
01.01 (понеделник) ДУБАИ
Појадок. MIRACLE GARDEN. Рајска градина на среде пустина, распослана на 72.000м2 со засадени 150 милиони растенија ја прави најголемата цветна градина во светот која ќе му се допадне на секој љубител на необични скулптури, популарни расадници и шарени цвеќиња. Во градината е сместен и најголемиот авион во светот, Ербас А380 од Емирати, целосно покриен со цвеќиња. GLOBAL VILLAGE. „Глобално село“ во кое ќе најдете многу светски метрополи и земји, како и нивните најважни атракции „во минијатура“. Овде може да се пробаат различните кујни од светот и да се купат соодветни сувенири. *Времетраење околу 5 часа. Ноќевање.
02.01 (вторник) ДУБАИ - АБУ ДАБИ - ДУБАИ
Појадок. АБУ ДАБИ. Прошетка низ ремек-делото од бел мермер на Големата џамија Шеик Зајед, патеката Формула 1 и Светот на Ферари, посета но селото Херитиџ каде ќе дознааете повеќе за минатото и за бедуинските почетоци пред нафтената индустрија. Организиран трансфер од и до хотел.
-Големата џамија Шеик Зајед е одличен избор за секој што доаѓа прв пат. НАПОМЕНА: дрес код на облекување на женскиот пол: абаи (долги фустани со марами). Тесна и проѕирна облека не е дозволена.
-Хотел Emirates Palace 7*
-Ferrari World и патеката Formula 1
-Heritage Village
*Времетраење околу 8 часа. Ноќевање
03.01 (среда) ДУБАИ
Појадок. Слободен ден за индивидуални прошетки. Ноќевање.
04.01 (четврток) ДУБАИ - ДУБАИ МАРИНА
Појадок. Слободно претпладне. ДУБАИ МАРИНА. Истражете ги сите водни патишта на Дубаи Марина на ова 2-часовно крстарење со вечера на база шведска маса. Уживајте во забавата и спектакуларниот поглед на градот. *Времетраење околу 2 часа. Ноќевање.
05.01 (петок) ДУБАИ
Појадок. Слободно претпладне. САФАРИ. Возење по високите дини + Вечера во пустински камп и забава. Возбудливо возење по дините со искусен возач за авантура со адреналин. Возете четирицикли преку песокот и уживајте во јавањето камили. Фотостоп за најубавите фотографии од спектакуларното зајдисонце. Направете тетоважа со Хена, опуштете се со наргиле - шиша, додека гледате претстава со стомачни и дервишки танци и вечерајте во незаборавен пустински камп. *Времетраење околу 6 часа. Ноќевање.
06.01 (сабота) ДУБАИ - СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за кратка прошетка. Организиран трансфер до аеродром. Авионот од Абу Даби за Белград полетува во 14.00 и слетува во 17.05ч. Трансфер до Скопје.
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Автобуски превоз Скопје - Белград - Скопје;
- Авионски превоз Белград - Абу Даби - Белград со Визер;
- Аеродромски такси;
- Трансфер аеродром - хотел - аеродром;
- Кабинска тоба со димензии 40х30х20cm до 10кг;
- Сместување во хотел “Donatello” 4* на база 7 ноќевањa со појадок во Дубаи www.donatellodubai.com
- Локален водич за реализација на излетите;
- Претставник од Агенција за време на патувањето;
- Организација на аранжманот.
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Виза за Дубаи 95 евра;
- Доплата за чекиран багаж - куфер до 10кг, куфер до 20кг...;
- Патничко – здравствено осигурување;
- Доплата за еднокреветна соба 29.000 мкд;
- Туристичка такса (се плаќа во хотелот);
- Факултативни излети: Разглед на Дубаи 50-60 евра, Пустинско сафари 60 евра, Екскурзија до Абу Даби 90 евра, Крстарење по Дубаи марина 70 евра, Burj Khalifa 124 кат влезница 45 -50 евра, Miracle Garden 60 евра...
Услови за резервација:
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 14 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
- Потребни документи за виза: скениран пасош со висока резолуција и слика во JPG формат со бела позадина со големина како за пасош.
- Факултативните излети ги организира локална туристичка агенција, пријавување и плаќање на излетите се прави на лице место.
- Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета ...
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
- Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
- Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
- Патната исправа треба да е валидна минимум 6 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.
За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ.