TA Mediteran

Font Size

SCREEN

Profile

Layout

Menu Style

Cpanel
Авионски програми

Нова 2024 Година | Рим

термин: 30.12-3ноќи | 599 / 37.140мкд


Р И М

 

“Сите патишта водат кон Рим”, е израз во добро заслуженото реноме на Римјаните за нивните градбени вештини. Нивната мрежа на патишта, значи дека тие буквално направиле сите да водат до Рим. Рим е главен град на Италија и најголем град во државата. Таа се наоѓа на реките Тибер и Аниен, во близина на Средоземното Море. Ватикан (суверена држава), во седиштето на Римската католичка црква и дом на Папата исто така се наоѓа во Рим. Во границите на градот, населението е 2.823.807 (2004) и речиси 4 милиони живеат во околината на Рим. Историјата на градот има 2.800 години, за време на кој своевремено бил седиште на антички Рим (Римското Царство, Римската Република, Римското царство), а подоцна Папските Држави, Кралството Италија и Република Италија. Рим е толку полн со христијанската уметност и архитектура, прекрасни глетки, културни изложби и многу повеќе…Фасцинантно е, без разлика каде да се погледне. Места кои би сакале да ги посетите се: Колосеумот, Римскиот форум, Пјаца Навона, Piazza di Spagna, Кампо де Фјори, Св Базиликата Свети Петар, Фонтаната Треви, Кастел Сант ‘Анџело, вилата Боргезе и Trastevere. Има толку многу места за посета и споменици на кои можете да се восхитувате. За да навистина се разбере културата и душата на Рим ќе мора да се застане меѓу нејзините прекрасни знаменитости и атракции.
 


Tермин: 30 Декември 2023 | 4 дена - 3 ноќи | Авион



1ден/30.12 (сабота)  СКОПЈЕ - РИМ  
Состанок на групата на аеродром Александар Велики во 19:00 часот. Лет за Рим  во 21:15 часот. Слетување во Рим во 23:00 часот. Автобус за трасфер не пречекува на аеродромот Фиумичино. Сместување во хотел со локален превоз. Ноќевање.


2ден/ 31.12  (недела)  РИМ  
Појадок. Разглед на град, пешачки, во придружба на локален водич: Колосемуит, Римските форуми, Царскиот форум, Константинова Арка, Циркус Максимус, плоштадот Венеција... плоштадот Навона, Нептиновата фонтана и фонтаната на Четирите реки. Во вечерните часови, придружувани од водичот на групата, посета на  еден од плоштадите за дочек на НОВАТА 2024 ГОДИНА. Враќање во хотел индивидуално. Ноќевање.


3ден/ 01.01 (понеделник)  РИМ
Појадок.Организирана прошетка низ центарот на Рим, посета на катедралите Сан Џовани Латерано, Санта Марија Маџоре, црквата Сан Пјетро ин Винколи... Пауза за руек. Во попладневните часови посета Пантеон, каде во околните ресторанчиња владее роматична атмосфера, мириса на прекрасна храна и се пие популарниот апреол. Најпрепознатливите одбележја на градот, локации кои мора да се посетат во РИМ,  Фонтаната Ди Треви и легендата за фрлање паричка за повторно враќање... а веднаш потоа "дневна соба на градот" или Шпанските скали. Враќање во хотел со локален превоз. Ноќевање.


4ден/ 02.01 (вторник)  РИМ - ВАТИКАН - СКОПЈЕ
ПојадокПрепорачуваме (факултативно) посета на Ватикан: Ватиканските музеи со восхутивачките колекции на слики, скулптури, стари мапи, Систинска капела чиј свод е украсен од Микеланџело и посета на најголемата Црква Св. Петар.... Слободно време за индивидуални прошетки. Организиран трансфер (околу 20.00 часот) до аеродром. Полетување за Скопје во 23:35 часот. Пристигнување во Скопје во 01.20 часот.


Цена на аранжманот: 599€ / 37.140мкд

Промо цена: 549 / 34.040мкд (за уплата до: 15.11.23)


Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Авионски превоз: Скопје - Рим - Скопје со авикомпанија Wizz Air;
  • Аеродромски такси;
  • - Кабинска тоба со димензии 40х30х20 до 10кг;
  • - Трансфер аеродром – хотел - аеродром;
  • - Сместување во хотел 3* на база ноќевања со појадок;
  • - Разглед на Рим со локален водич;
  • - Организација на аранжманот и придружник на патувањето. 

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

  • - Туристичка такса 1.390 мкд (се плаќа во агенција);
    Доплата за багаж - куфер до 10кг, чекиран багаж - куфер до 20кг, *цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред терминот на поаѓање
    Карти за локален превоз (метро);
    - Патничко – здравствено осигурување;
    Доплата за еднокреветна соба 9.300 мкд.

  •   Факултативни излети:

    - Посета на Ватикан со локален водич и влезница - задолжително пријавување и уплата во агенција - 60
    Организирана прошетка низ центарот на Рим - 20€.


Напомена:
За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 25 патници.
Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.
За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето.
Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.
За уплата, исклучиво во денарска противвредност.


За овој аранжман важат Општите услови на патување на СКТМ.

следете не

twinter rss
Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.