Б Е Л Г Р А Д
НОВА ГОДИНА
сместување во хотел Abba 4*
Tермин: 30 декември 2023 | 3дена | 2ноќи | Автобус
1ден/ 30.12 (сабота) СКОПЈЕ - КУМАНОВО - БЕЛГРАД
Состанок на групата во 02:00 часот Дрво Декор. Куманово 02:45 часот, (бензиска Макпетрол-автопат). Ноќно патување кон Белград со попатни паузи и царински формалности. Пристигање во Белград околу 09 часот. Сместување во хотел. По кратка пауза, заминување со локален водич и организиран панорамски разглед на Белград, со посета на: Црква „Св. Сава“, Собрание на Белград и Србија, црква „Св. Марко“, споменик на кнез Михајло, стадионот на ФК Црвена Звезда, атрактивниот дел на градот - Дедиње како и куќата на цвеќето каде се наоѓа гробот на Јосип Броз Тито. Пешачки разглед на тврдината Калемегдан и прошетка по најпознатата белградска улица - Кнез Михајлова. Во договорено време со групата враќање во хотел. Слободно време за одмор. Ноќевање.
2ден/ 31.12 (недела) БЕЛГРАД - НОВИ САД - БЕЛГРАД
Појадок. По појадокот, организиран факултативен излет до Нови Сад. Разглед на градот: Улицата на Јован Ј. Змај, Дунавската улица - пешачка трговска зона, Владичанскиот двор, плоштадот со Градското собрание и католичката црква, Петроварадинската тврдина. На враќање во попладневните часови. Враќање во хотел. Вечерта, организиран бесплатен трансфер од хотел до центар на Белград и повратно, за дочек на Нова 2024 Година на Плоштад, по Ваша желба може да посетите дискотеки или ресторан на добро познатата Скадарлија. Во утринските часови, враќање во хотел. Ноќевање.
3ден / 01.01 (понеделник) БЕЛГРАД - МАКЕДОНИЈА
Појадок. По појадокот, одјавување од хотел. Се упатуваме кон трговскиот центар Ушче(доколку работи). Слободно време за кафе, шопинг, прошетка.. Во договореното време, поаѓање кон Скопје. Пристигнување во вечерните часови.
Цена на аранжманот: 165€ / 10.230мкд
Во цената на аранжманот е вклучено:
- превоз на наведената релација со туристички автобус;
- разглед на Белград со локален водич;
- 2 ноќевања со појадок во Hotel Abba 4*;
- организација и реализација на патувањето со придружник од агенцијата;
- посета на шопинг центар Ушче.
Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:
- Опционална посета на Нови Сад – 1.200 мкд;
- Туристичка такса - 200мкд по лице за цел престој (се плаќа во агенција при резервација / задолжитено);
- Доплата за сингл соба;
- Здравствено патничко осигурување.
Напомена:
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници;
- За овој аранжман може да се патува и со лична карта;
- За реализација на факултативата Нови Сад потребно е мин. 35 пријавени лица;
- За патување со сопствен превоз - 10€ од цената;
- Трет возрасен плаќа ист износ како и останатаите две лица;
- Уплата исклучиво во денари.
Забава и инфо за клубови и ресторани во Белград кликнете овде
Новогодишна програма
За овој аранжман важат Општите услови на патување на МЕДИТЕРАН и СКТМ.