ПРАГА со посета на ВИЕНА
Факултативна посета на Дрезден и Карлови Вари
Автобус | 6 дена - 3 ноќи / термин: 28 декември 2023
1ден/ 28.12 (четврток) СКОПЈЕ - ПРАГА
Состанок на групата на паркингот спроти спортската сала Борис Трајковски во 09:30ч. Поаѓање на автобусот во 10:00ч. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија. Ноќно возење со попатни паузи.
2ден/ 29.12 (петок) ПРАГА
Очекувано пристигнување во Прага во пладневните часови. Факултативно панорамско разгледување на градот со локален водич: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Еврејската четврт, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часоник-Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашната кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад. Националниот музеј. Слободно време за индивидуални прошетки. Сместување во хотел. Ноќевање.
3ден/ 30.12 (сабота) ПРАГА - КАРЛОВИ ВАРИ
Појадок. Препорачуваме полудневен излет до бањскиот центар Карлови Вари. Посета на деветнаесет извори и прекрасните неоренесансни колонади. Можност да ги погледнете надалеку познатите производи од порцелан, стаклото Мозер, ликерот Бехеровка како и музејот на Бехеровка . Враќање во Прага во доцните попладневни часови. Предлагаме крстарење со брод по реката В’лтава. Слободно време. Вечерта препорачуваме посета на традиционална пивница со вечера и шоу програма. Враќање во хотел во доцните вечерни часови. Ноќевање
4ден/ 31.12 (недела) ПРАГА - ДРЕЗДЕН
Појадок. Целодневен излет до Дрезден. Денеска главен град на покраината Саксонија, некогаш (по втората св.војна) дел од Источна Германија. Основан уште во 600 г.пне. на обалата на реката Елба. Во еден период населен и од Славонски племиња. Карактеристичен, прекрасен Саксонски стил во архитектурата – богатсво на прекрасни градби, како остатоци од некогашното Кралство Саксонија. Стариот дел од градот е слика на богатото и славно минато: Палатата Звингер, седиште на многу музеи со преку 2000 уметнички слики, прекрасна нео-ренесансна градба, прекрасната Готска Богородична црква –Frauenkirche, Кралската палата – денеска државен музеј каде се чува Зелениот трезор, Палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински ), Августовиот мост на “ Фиренца на Елба “ како што се споредува денешен Дрезден . Излет кој нема да ве остави рамнодушни. Враќање во Прага . Дочек на Нова Година на централниот градски плоштад. Ноќевање.
5ден/ 01.01 (понеделник) ПРАГА - ВИЕНА
Појадок. Одјавување од хотел. Поаѓање за Виена со попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER FREEPORT. По пристигнувањето во Виена, прошетка низ стариот дел на градот: Стефан Плац, катедралата Св.Стефан... Слободно време за индивидуални прошетки. Поаѓање за Скопје во вечерните часови. Ноќно возење.
6ден/ 02.01 (вторник) СКОПЈЕ
Очекувано пристигнување во Скопје во пладневните часови ( во зависност од граничните премини).
Цена на аранжманот: 259€ / 16.060мкд
Промо цена: 239€ / 14.820мкд (за уплата до: 10.11.23)
Во цената на аранжманот е вклучено:
- - Превоз со високотуристички автобус;
- - 3 ноќевања со појадок во хотел 3* во Прага (околина);
- - Организација и водство на програмата;
- - Посета и разглед на Виена;
- - Попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER FREEPORT;
- - Организација на аранжманот;
- - Лиценциран туристички придружник.
Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:
- - Разглед на Прага со локален водич - 15€;
- - Факултативен излет Карлови Вари - 35€;
- - Доплата за еднокреветна соба - 4.650мкд;
- - Крстарење со брод по Влтава - 20€;
- - Целодневна посета на Дрезден - 40€;
- - Влезници за музеи и локалитети;
- - Патничко здравствено осигурување (задолжително);
- - Туристичка такса 2 евра по лице на ден,се плаќа во агенцијата.
Напомена:
За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници.
За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање.
Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата.
Доплата за седиште по избор 20€ ( резервација исклучиво при уплата).
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето.
Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.
За уплата, исклучиво во денарска противвредност.
За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и МЕДИТЕРАН