TA Mediteran

Font Size

SCREEN

Profile

Layout

Menu Style

Cpanel
Aвтобуски програми

Нова 2024 Година | Будимпешта

 термин: 28.12-3ноќи199 / 12.340мкд 


Б У Д И М П Е Ш Т А

 

 

 

Термин: 28 декември 2023 / 6 дена - 3 ноќи | Автобус



1ден/ 28.12 (четврток)  СКОПЈЕ - БУДИМПЕШТА
Состанок на групата пред спортската сала Борис Трајковски во 13.00 часот. Тргнување за Будимпешта во 13.30 часот. Се патува преку Србија со куси попатни паузи. Ноќно возење.


2ден/ 29.12 (петок)  БУДИМПЕШТА
Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Факултативно ве водиме на панорамско разгледување на градот: Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, црквата "Св. Стефан", мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата "Св. Матејас", Рибарската тврдина...Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Сместување во хотел. Ноќевање.


3ден/ 30.12 (сабота)  БУДИМПЕШТА - ВИЕНА
Појадок. Препорачуваме  целодневна посета на Виена со попатна пауза во аутлет шопинг центарот PARNDORFF. Панорамско разгледување на градот: Рингот, Парламентот, Виенската Опера, градското Собрание, Палатата Хофбург, Катедралата Св.Стефан. Слободно време за прошетки низ стариот дел на градот. Враќање во Будимпешта. Ноќевање.


4ден/ 31.12 (недела)  БУДИМПЕШТА  - ЕСТЕРГОМ - ВИШЕГРАД - СЕНТ АНДРЕА  ***ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА 2024***
По појадокот следи целодневен факултативен излет до Естергом и Вишеград - некогашните центри на кралска Унгарија. Пристигнување во Естергом - град кој лежи на брегот на Дунав, воедно и природна граница помеѓу Р.Унгарија и Р.Словачка. Разглед на градот со локален водич и посета на Естергомската катедрала која е највисоката црква во Р.Унгарија. Патот продолжува кон Вишеград, каде се наоѓа летната резиденција на кралот Матијас, некогашното кралско седиште на Унгарија. Попладне попатна посета на живописното градче Ст. Андреја - каде се негуваат старата архитектура и народните ракотворби, богато со голем број винотеки, музеи, галерии и цркви. Разглед на градот  и слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Враќање во хотел во Будимпешта во попладневните часови.  ДОЧЕК НА НОВАТА ГОДИНА НА ПЛОШТАД. Ноќевање.


5ден/ 01.01 (понеделник)  БУДИМПЕШТА
Појадок. По појадокот, одјавување од хотел. Слободен ден во центарот на Будимпешта  со можност  за факултативно крстарење со брод по Дунав, под прекрасните мостови со можност за единствен поглед од вода на најимпозантните објекти во Будим и Пешта . Поаѓање за Македонија во доцните попладневни часови. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.


6ден/ 02.01 (вторник)  СКОПЈЕ
Очекувано Пристигнување во Скопје во пладневните часови.


Цена на аранжманот: 219€ / 13.580мкд

Промо цена: 199€ / 12.340мкд (за уплата до: 10.11.2023)


Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус;
  • 3 ноќевања со појадок во хотел 3* во Будимпешта(околина);
  • Организација на аранжманот;
  • Лиценциран туристички придружник.

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

  • Задолжително патничко осигурување;
  • Крстарење по Дунав  20€;
  • Посета на Естергом, Вишеград и Сент Андреа  50€;
  • Посета на Виена и  OUTLET SHOPING CENTER PARNDORF  50€;
  • Задолжителен разглед на Будимпешта со локален водич 15€.

***ПАКЕТ ИЗЛЕТИ – Будимпешта – Крстарење – Виена – Сент Андреа - 120€

  • Влезници за музеи и културно-историски знаменитости;
  • Туристичка такса 185 ден. по лице;
  • Доплата за еднокреветна соба  3.600 денари;
  • Доплата за седиште по избор 20€;
  • Доплата за празно седиште 150€.

Напомена:
За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата.
Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 = 62мкд.
За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање.
Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.


 За овој аранжман важат Општите услови на патување на СКТМ.

следете не

twinter rss
Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.