С О К О Б А Њ А
Сокобања е туристичко место кое се наоѓа во југоисточна Србија во подножјето на Озрен планина. Самата бања е опкружена од 4 планини - од север планина Ртани на 1560m н.височина, на исток се наоѓа планината Девица, на југ планината Озрен на 1117m н.височина и од запад планината Буковик. Низ Соко Бања поминува реката Моравица од која што е и создадено вештачкото Бованско езеро. Заради идеалната умерено-континентална надморска височина од 400m на која се наоѓа, Сокобања е идеална за лекување на хронични болести, астма и сл. Природни и лековити фактори во Соко Бања се термоминералните извори со температура на вода од 28°C (Banjica) до 45,5°C (Park) kako и чистиот воздух. Спортско-рекреативни содржини во Соко Бања се неколкуте базени со термални води, фитнес сали, терени за тенис и фудбал.
Програм на патување
Tермин: 31 декември 2023 | 3 дена | 2 ноќи | Автобус
1ден/ 31.12 (недела) СКОПЈЕ - СОКОБАЊА
Состанок на групата на паркингот на ВИП Хотел во 05.30часот. Поаѓање за Сокобања во 06.00часот. Се патува преку Табановце со попатни паузи поради одмор и царински формалности. Пристигнување во Сокобања. Сместување во Хотел Бањица, кој е сместен во прекрасна борова шума, на 15мин пешачење до цантарот. Краток одмор, по што заминуваме на организирана прошетка низ поширокиот центар на Сокобања со локален водич (Милошев конак, турско купатило, црквата Св.Преображение..). Враќање во хотел. Ручек. Слободно време за одмор. Вечерта дочек на Новата Година со забавна музичка програма и богато мени и лотарија. Ноќевање.
2ден/ 01.01 (понеделник) СОКОБАЊА
Појадок. Организирано дружење во центарот на Соко бања (“Башта отвореног срца”). Враќање во хотел. Ручек. Слободно време за индивидуални активности или можност за посета на термалните базени во Соко Терме.Вечерта организирана свечена вечера во хотелот. Ноќевање.
3ден/ 02.01 (вторник) СОКОБАЊА - СКОПЈЕ
Појадок. Во 10.00 час одјавување од хотел. Слободно време за индивидуални активности. Во 12.00час. поаѓање кон Македонија. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.
Цена на аранжманот: 279€ / 17.300мкд
Промо цена: 259€ / 16.060мкд
Во цената на аранжманот е вклучено:
-
*Превоз со високо туристички автобус на наведената релација;
- *2 ноќевања со појадок, ручек и вечера;
- *Две свечени вечери на 31.12 и на 01.01, со богато мени со музичка програма, трубачи и лутрија;
- *Неограничени домашни пијалоци на 31.12.23;
- *Организирано дружење во центарот на Соко Бања;
- *Организација и придружник на патувањето.
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Задолжително патничко и здравствено осигурување;
- Индивидуални трошоци.
Мени за свечена вечера:
* 31.12 - Новогодишна закуска, пита со павлака, шницла “Бањица”, свинско и јагнешко печење, салата од свеж зеленчк, новогодишна торта.
* 01.01 - Ордевер “Бањица”, похован кашкавал со татар сос, 3 парчиња месо на скара, салата од свеж зеленчук, баклава или тулумба.
Напомена:
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
- Деца до 12год, во 1/3 или 1/4 соби со новогодишно мени-50% попуст.
- Деца до 12 год. на обичен Пансион (без свечени вечери) - плаќаат 90€ /5.580мкд.
- Доплата за еднокреветна соба +30€ за двете ноќевања.
- Намалување за сопствен превоз -10€/ 620мкд.
- Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 10 дена пред поаѓање.
- Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
- Пасошот или личната карта треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето.
За овој аранжман важат Општите услови на патување на СКТМ.