З А Г Р Е Б
НОВА ГОДИНА (со посета на Љубљана)
Tермин: 29 декември 2023 | 4 дена | 2 ноќи | Автобус
1ден/ 29.12 (петок) СКОПЈЕ - ЗАГРЕБ
Состанок со групата на паркингот пред хотел "Holiday Inn" во 19.30 часот и поаѓање за Загреб. Ноќно возење преку Србија.
2ден/ 30.12 (сабота) ЗАГРЕБ
Пристигнување во Загреб во претпладневните часови. Разглед на градот: Плоштадот Бан Јелачич, Уметничкиот Павиљон, Мимара, Хрватскиот народен театар, Загребската Kатедрала, Владата, Камената порта, Хрватското народно собрание, познатата слаткарница Ивица и Марица... Во попладневните часови сместување во хотел. Слободно време за уживање во убавините на градот Загреб и новогодишната и божиќнaта магија. Можност да си купите “licitar” - црвено медено срце кое датира од XIII век, a со тек на времето прераснало во симбол на Хрватска, денес се користи повеќе како божиќен украс отколку како колаче за јадење. Празничната атмосфера е спектакл кој го трансформира главниот град во зимска земја на чудата. Повеќе од 25 поединечни Божиќни базари се распространети низ главните плоштади и шеталишта во градот, секој со своја уникатна тема, а сепак се спојуваат за да дадат чувство на еден сеопфатен базар. Шармантните тезги нудат божиќни подароци, сувенири, традиционални ракотворби, разновидни пецива, ароматично греaно вино. Блескавите светла, шарените орнаменти и сезонските украси ја надополнуваат програмата со забавни и културни изведби на отворено. Ноќевање.
3ден/ 31.01 (недела) ЗАГРЕБ
Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Посета на шопинг центар “Arena Centar”. Вечерта, дочек на Новата Година на плоштадот. Ноќевање.
4ден/ 01.01 (понеделник) ЗАГРЕБ - ЉУБЉАНА - ЗАГРЕБ
Појадок. Факултативна посета на Љубљана. Разгледување на градот: Симболот на градот - Змејскиот Мост, Трите мостови на реката Љубљаница, Прешерновиот споменик во чест на најголемиот словенечки поет Франц Прешерн, Фрањевачката Црква или Црквата на Воведувањето на Пресвета Богородица која е уште еден симбол на градот, Робовата Фонтана или Фонтаната на трите реки-најпозната фонтана од бел мермер... Враќање во Загреб и поаѓање кон Македонија. Пристигнување наредниот ден во раните утрински часови.
Цена на аранжманот: 239€ / 14.820мкд
Во цената на аранжманот е вклучено:
-
-Автобуски превоз на релација Скопје-Загреб-Скопје;
-Сместување во хотел Aristos 4* во Загреб на база 2 ноќевања со појадок;
-Организиран разглед на Загреб со локален водич;
-Посета на шопинг центар “Arena Centar”;
-Организација на аранжманот и придружник на патувањето.
Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:
-
-Посета на Љубљана 45 евра;
-Патничко – здравствено осигурување;
-Туристичка такса 400 денари по лице за целиот престој (се плаќа во Агенција);
-Доплата за еднокреветна соба 4.500 денари;
-Доплата за избор на седиште во автобус 620 денари;
-Дете до 3 години гратис (без легло);
-Дете од 3-7 години (без легло, спие со родители) 2100 ден за две ноќевања.
Напомена:
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници.
Пријавување за факултативните излети при резервација (за реализација е потребно минимум 30 патници).
Плаќањето се врши исклучиво во денарска противредност 1 € = 62 денари.
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето.
Организаторт го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата.
За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ.
За овој аранжман важат Општите услови на патување на МЕДИТЕРАН и СКТМ.