Ф И Р Е Н Ц А
“Сите патишта водат кон Рим” е израз во добро заслуженото реноме на Римјаните за нивните градбени вештини. Нивната мрежа на патишта, значи дека тие буквално направиле сите да водат до Рим. Рим е главен град на Италија и најголем град во државата. Таа се наоѓа на реките Тибер и Аниен, во близина на Средоземното Море. Ватикан (суверена држава), во седиштето на Римската католичка црква и дом на Папата исто така се наоѓа во Рим. Во границите на градот, населението е 2.823.807 (2004) и речиси 4 милиони живеат во околината на Рим. Историјата на градот има 2.800 години, за време на кој своевремено бил седиште на антички Рим (Римското Царство, Римската Република, Римското царство), а подоцна Папските Држави, Кралството Италија и Република Италија. Рим е толку полн со христијанската уметност и архитектура, прекрасни глетки, културни изложби и многу повеќе…Фасцинантно е, без разлика каде да се погледне. Места кои би сакале да ги посетите се: Колосеумот, Римскиот форум, Пјаца Навона, Piazza di Spagna, Кампо де Фјори, Св Базиликата Свети Петар, Фонтаната Треви, Кастел Сант ‘Анџело, вилата Боргезе и Trastevere. Има толку многу места за посета и споменици на кои можете да се восхитувате. За да навистина се разбере културата и душата на Рим ќе мора да се застане меѓу нејзините прекрасни знаменитости и атракции.
Термин: 28 декември 2023 | 6 дена - 3 ноќи | Автобус
1ден/ 28.12 (четврток) СКОПЈЕ - ТОСКАНА
Состанок на групата во 11:30 на паркингот кај Спортски центар Борис Трајковски. Во 12:00. Поаѓање за Фиренца, Италија. Патување преку Србија, Хрватска и Словенија, со попатни паузи за одмор, пасошка и царинска контрола. Ноќно возење.
2ден/ 29.12 (петок) ТОСКАНА
Пристигнување во пладеневните часови во Тоскана. Сместување во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални прошетки. Ноќевање.
3ден/ 30.12 (сабота) СИЕНА - САН ЏИМИЊАНО
Појадок. После појадокот заминување на факултативен излет со водич во градовите Сиена и Сан Џимињано. Пристигнување во Сиена, градот кој низ историјата претставуал најголем ривал на Фиренца и втор по важност во Тоскана по богатата ризница на уметничко и културно наследство. Разглед на градот: црквата San Domenico, Катедралата Siena-Metropolitana di Sandra Maria Assunta, Pallazo Salimbeni и Piazza Salimbeni и плоштадот Del Campo – плоштад во облик на школка на кој се одржува познатата коњска трка Palio...Слободно време за индивидуална прошетка до поаѓањето за Сан Џимињано. Пристигнување во Сан Џимињано. Типично тосканско градче опкружено со винови насади и маслинови градини. “San Gimignano dala belle Tore” во кој е добро сочуван амбиентот од XIII и XIV век, и 14-те кули кои прават една целина на ова живописно мало тосканско градче. Слободно време за индивидуална прошетка. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.
4ден/ 31.12 (недела) ЛУКА - ПИЗА - ФИРЕНЦА ***ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА 2024***
Појадок. Препорачуваме организирана посета на Пиза и Лука. Пиза, град во Италија лоциран на бреговите на Тосканската ривиера, некогашна моќна поморска сила чијашто флота скоро 150 години била најголемата сила на Средоземното море. Посета на центарот на градот каде се сместени трите обележја на овој град: Piazza Dei Miracoli, Катедралата DUOMO, Крстилиницата San Giovanni, Кривата Кула (која вооедно е и најпознатата кула во Италија), Campo Santo (Стари гробишта). По посетата на Пиза, заминуваме накај Лука, познат по своето речиси недопрено старо градско јадро, опкружено со ѕидини од времето на ренесансата... Лука е одалечен на само 70 км од Фиренца и низ него тече реката Серико која на 10 км западно се влева во Тиренско море. Враќање во хотел. Вечерта дочек на НОВА ГОДИНА 2024 во Фиренца. Секој плоштад со своја новогодишна бајка. Враќање во хотел. Ноќевање.
5ден/ 01.01 (понеделник) ФИРЕНЦА - СКОПЈЕ
Појадок. Доцен појадок. По појадокот напуштање на хотелот. Заминување на факултативна посета на Фиренца, лоцирана во срцето на Тоскана на реката Арно, својот подем го доживува за време на моќната Фамилија МЕДИЧИ кои владееле од XIV- XVII век, кои се познати како големи мецени на уметноста и културата, потикнувачи на ренесансниот период. Разглед и прошетка низ градот: Палатата Векио, Катедралата Дел Фиори, Крстилницата Сан Џовани, Плоштадот Сињори, Галеријата УФИЦИ, Мостот ПОНТЕ ВЕКИО, Црквата Санта Кроче, Палатата Пити… Слободно време за индивидуални прошетки... Во договорено време поаѓање за Скопје. Денско и ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со попантни паузи за одмор, пасошка и царинска контрола.
6ден/ 02.01 (вторник) СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во попладневни часови.
Цена на аранжманот: 289€ / 17.920мкд
Промо цена: 269€ / 16.680мкд (за уплата до: 10.11.23)
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со високотуристички автобус на дадената релација;
- Сместување во хотел со 3* на база 3НП (ноќевање со појадок) во регија Тоскана;
- Организација, реализација и професионален туристички придружник на патувањето;
Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:
- Целодневна посета на Сиена и Сан Џимињано (трансфер, локален водич) - 50€;
- Целодневна организиранa посета на Пиза и Лука (трансфер, локален водич) - 50€;
- Задолжителна посета и разглед на Фиренца (трансфер, водич) - 30€;
- Новогодишна посета на Фиренца - 20€;
- Туристичка такса во хотел (3€ по лице на ден, се плаќа во агенција);
- Патничко здравствено осигурување;
- Доплата за избор на седиште во автобус -20€ (задолжителна резервација при уплата);
- Доплата за празно седиште - 150€;
- Доплата за еднокреветна соба 4.950 денари;
- Индивидуални трошоци.
Напомена:
За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање.
Попустите не се комбинираат.
Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди сатница на поаѓање.
За овој аранжман важат Општите услови на патување на СКТМ.