TA Mediteran

Font Size

SCREEN

Profile

Layout

Menu Style

Cpanel
Aвтобуски програми

Нова 2024 Година | Париз

термин: 27.12-5ноќи | 399 / 24.740мкд

 

П А Р И З

Париз, градот на светлината, препознатлив по Ајфеловата Кула, најубавата авенија Шампзелизе, музејот Лувр, Триумфалната капија, плоштадот Конкорд, дворецот Версај, Операта, кабаре барот Moulen Rouge, Богородичната Црква и цела листа на знаменитости која нема крај. Повеќе од 30 мостови, 400 цркви, Монмартр - сликарската „Мека“, Пигал - најживиот кварт со бурен ноќен живот и повеќе од 60.000 ресторани. Град на сите уметности и светската мода, незаборавен по многубројните туристи, кои во текот на годината во континуитет го посетуваат. За Париз не’ врзуваат парфемите, виното, коњакот, прекрасната кујна, над 100 km метро и уште многу светски познати имиња. Париз е град кој никогаш, никого не остава рамнодушен. Проверете зошто е тоа така.

 

 

 

Tермин: 27 декември 2023 / 10 дена - 5 ноќи | Автобус

  

1ден/ 27.12 (среда)  СКОПЈЕ - ВИЕНА
Состанок на групата во 10.30ч  на паркингот спроти спортската сала Борис Трајковски. Поаѓање за Виена во 11.00ч..Се патува преку граничниот премин Табановце, Белград...Ноќно возење.


2ден/ 28.12 (четврток)  ВИЕНА - ПРАГА
Пристигнување во Виена во утринските часови. Утринска панорамска прошетка: Рингот, Операта, Парламентот, стариот дел на градот со црквата Св.Стефан. Слободно време. Патувањето продолжува кон Прага каде се пристигнува во вечерните  часови. Сместување во хотел. Ноќевање.


3ден/ 29.12 (петок)  ПРАГА - ПАРИЗ 
Појадок. Претпладне, факултативно  панорамско разгледување на Прага со водич: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часоник-Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашkата кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад, Националниот музеј.Поаѓање  кон Париз во вечерните часови. Ноќно возење.


4ден/ 30.12 (сабота) ПАРИЗ
Во  утринските  часови пристигнување во Париз - најелегантниот град на светот кој изобилува со уметност и историја. Предлагаме панорамски разглед на Париз со автобус и локален водич: плоштадот Бастиља,Универзитетската четврт,Сорбона, Нотр Дам, Трокадеро, Ајфелова Кула, Марсовите полиња, плоштадот Конкорд, зградата на Парламентот, Домот на Инвалидите, Елисејските полиња,Триумфалната капија. Сместување во хотел. Слободно попладне. Ноќевање.


5ден/ 31.12 (недела)  ВЕРСАЈ - ЛУВАР ***ДОЧЕК НА НОВА 2024 ГОДИНА***
Појадок. Предпладне препорачуваме прекрасен излет со автобус и локален водич: Кралскиот Париз. Разгледот го започнуваме со животот на француските кралеви посетувајки го кралскиот замок Версај, последната резиденција на француските кралеви и еден од најубавите дворци во светот. Факултативна посета на некогашниот кралски дворец, денеска музеј - Лувр. По посетата на Лувр, можност за организирана прошетка низ  најпознатата париска авенија Шанзелизе. Дочек на Нова Година на Елисејските полиња. Враќање во хотел. Ноќевање.


6ден/ 01.01 (понеделник)  СРЦЕТО НА ПАРИЗ – АЈФЕЛ- СЕНА
Појадок. Препорачуваме прошетка (со метро) со наш водич и неговите приказни: “Срцето на Париз”: прошетка низ Латинскиот кварт, влегуваме во Богородичната црква, се искачуваме на Мон Мартр, ја посетуваме црквата на Светото срце, се одмараме со топло чоколадо* на плоштадот на уметниците. Ќе прошетаме по булеварот на ноќниот живот на Пигал и ќе го видиме најпознатиот ноќен клуб Мулен руж. (Метро). Веднаш потоа,  Ја продолжуваме прошетката со наш водич и неговите приказни: “Париз-градот на светлоста”: Можност да се искачите на Ајфелова кула (индивидуални влезници), да  крстариме 1 час со брод по Сена – единствено доживување. Враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање.     


7ден/ 02.01 (вторник)  ПАРИЗ - ДИЗНИЛЕНД
Препорачуваме целодневен излет во имагинарниот свет на Дизни – Дизниленд. Прекрасна забава во 2 тематски паркoви или можност за целодневна посета наVal d'Europe Shopping Center (Marne-la-Vallee). Секако дека може да се остане во Париз и да посетите некои од прочуените музеи и места: Домот на Инвалидите и гробот на Наполеон Бонапарта, куќата на Балзак, музејот на Пикасо, да се искачите на триумфалната капија, да купувате во најпознатата стоковна куќа Галерија Лафает. Во вечерните часови поаѓаме кон Минхен. Ноќно возење.    


8ден/ 03.01 (среда) МИНХЕН
Пристигнуваме во Минхен во  утринските часови. Предпладне прошетка низ стариот дел на градот: Плоштадот Карл, Фрауен Кирхе, Новата општинска зграда, Мариен плац, Виктуалиен маркет, Операта. Ви препорачуваме да ја посетиме најголемата  Кралска пивница ХБ ( пиво и свински коленици).  Сместување во хотел. Ноќевање.      


9ден/ 04.01 (четврток) МИНХЕН-САЛЗБУРГ-СКОПЈЕ 
Појадок. Патувањето продолжува кон Салзбург каде се пристигнува во пладневните часови. Прошетка низ стариот дел : Катедралата, плоштадот на Моцарт, Стариот плоштад, црквата Св.Петар, куќата на Моцарт, палатата Мирабел. Слободно време за индивидуални прошетки. Преполни со спомени, се упатуваме кон Скопје. Ноќно возење преку  Унгарија, Србија...


10ден/ 05.01 (петок) СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во вечерните часови.  


Цена на аранжманот:  449€ / 27.840 мкд
  Промо цена:  399€ / 24.740мкд (за уплата до: 10.11.23)  


Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус;
  • 1 ноќевања во хотел 3* НП во Прага(околина);
  • 3 ноќевања во хотел 2/3* НП во Париз(околина);
  • 1 ноќевања во хотел 3* НП во Минхен(околина);
  • Прошетка низ Виена;
  • Прошетка низ Минхен;
  • Организација и водство на програмата;
  • Организација на аранжманот;
  • Лиценциран туристички придружник.

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

  • Задолжително патничко осигурување;
  • Туристички такси Прага, Париз, Минхен - 20€;
  • Версај(превоз,влезница,лок водич) 50 € (задолжителна резервација при уплата);
  • Лувр(влезница + превоз) 30 €(задолжителна резервација при уплата);
  • Крстарење по Сена 20€;
  • Срцето на Париз 20€;
  • Дизниленд -цена за влезница + 20€ превоз;
  • Задолжителна посета на Салзбург 20€;
  • Билети за градски превоз, Прага, Париз, Минхен;
  • Доплата за еднокреветна соба 8.200 ден;
  • Доплата за избор на седиште во автобус 20€;
  • Доплата за празно седиште - 200€;
  • Разглед на Прага со локален водич  15€;
  • Крстарње по Влтава 20€;
  • Разглед на Париз со локален водич 20€.

Напомена:
Резервација се прави со уплата на 30% од вкупниот износ на аранжманот;
Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд;
За реализација на аранжманот потребни се минимум пријавени 45 патника;
За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,
Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
За време на панорамски разглед на градот не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.   


  За овој аранжман важат Општите услови на патување на СКТМ.

следете не

twinter rss
Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.