И С Т А Н Б У Л
Истанбул - нај космополитски град во светот, град на контрасти, град на спротивности и на извонредни традиционални вредности, единствен град кој ги преплавува сите сетила. Истанбул ќе ве освои бидејќи е многу повеќе од само име од историјата, кај вас ќе разбуди сосема поинакви чувства, ве пречекува опсипан со светлина, град кој никогаш не спие - улици полни со весели луѓе, шаренило од бои, мириси, идеален спој на култура и религија, место на кое се состануваат Европа и Азија.
Термин: 28 декември 2023 | 6 дена / 3 ноќи | Aвтобус
ПРОГРАМ НА ПАТУВАЊЕ
1ден / 28.12 (четврток) МАКЕДОНИЈА - ИСТАНБУЛ
Поаѓање од Штип, Велес, Куманово и Скопје. Ноќно возење со попатни паузи, царински формалности, презентација на програма и информации околу тоа што ги очекува патниците во наредните четири дена. Нашите водичи се добро обучени и искусни во спроведувањето на протоколот за безбедноста при патувањето. Агенцијата ги контактира патниците на два дена пред поаѓање во врска со точното време и место на поаѓање. Седиштата во автобус се нумерирани според датите на уплата. Доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќа во агенција.
2ден / 29.12 (петок) ИСТАНБУЛ (Капали Чаршија | Аја Софија | Облакодер Сафир | Ортаќој)
Наутро, пристигнување на групата во Истанбул. Групата се упатува кон хотелот заедно со својот багаж,каде истиот се остава во просторија предодредена за чување на багаж. Туристичкиот придружник на е задолжен за комуникација со вработениот на рецепција во хотелот каде според списокот на уплати во канцелариите на агенцијата се делат клучевите од хотелските соби. Check in во хотелот е после 14:00 часот. По самото пристигнување патниците добиваат слободно време за прошетка до Капали Чаршија, Сината Џамијиа и Света (Аја) Софија каде заедно со водичот ќе бидат одведени до влезот, а враќањето кон хотелот е индивидуално бидејќи се наоѓаат на 20 минути пеш од хотелите а секој би сакал да има слободно време и приватност при пазарувањето и разглед во чаршијата и околината. Капали Чаршија е најголемиот покриен пазар во светот, со преку 3000 продавници. Чаршијата се наоѓа во внатрешноста на Цариградските ѕидини, во стариот дел на градот во населбата Фатих. До еден од главните влезови во чаршијата се стигнува преку плоштадот Бајазид, на кој се наоѓа Истанбулскиот универзитет и џамијата Бајазид II. Света (Аја ) Софија. Невозможно е да поминете низ овој град без да влезете во оваа светски позната византиска градба од 6-тиот век. Влегувањето во оваа џамија е иднивидуално бидејќи секојдневно доаѓаат илјадници посетители и редиците за влез во истата се преголеми, се чека по неколку часа. Станува збор за најголемата црква во светот која претрпела неколку трансформации-од црква во џамија, од џамија во музеј, па повторно во џамија која сè уште ја красат христијански елементи. Облакодерот „Сафир“ е една од нашите најбарани сензации во Истанбул. Сафир е облакодер каде со сите патници се искачуваме на највисокиот спрат од кулата, а каде има отворена стаклена тераса со 360 степени поглед. Овде имате можност да ги направите најдобрите фотографии кон европската и азиска стана на градот, и да уживате во храна или кафе со незаменлив поглед. Исто така ќе прошетате виртуелно преку 4D проекцијаод 15 минути низ најзначајните знаменитости во Истанбул. Самата кула е висока 261 метар и има 54 спрата, каде што има голем трговкси центар. Ортаќој претставува една од најпознатите туристички области во Истанбул. Се наоѓа во Европската област веднаш под Босфорскиот мост. Од една страна погледот ве води кон големата Меџидие џамија, позната како Ортакој џамија. Ортакој е срцето на Истанбул и како таков е далеку од здодевен. Токму ова место претставува вистинско уживање за сите оние кои сакаат да го пробаат трафиционалниот специјалитет Турски компир, којшто го полните по ваш избор, од кисели краставички, пченка, маслинки до разни сосови, и да ги направат најубавите фотографии. Како што денот заминува, во вечерните часови така енергијата на Ортакој се зголемува и почнува да се шири музика од околните кафулиња и барови. Не пропуштајте да пробате од школките кои се продаваат покрај брегот. Ноќевање.
3ден / 30.12 (сабота) ИСТАНБУЛ (Крстарење по Босфор | Бејлербеи | Таксим Плоштадот)
Појадок. По појадокот во хотелот групата се упатува на целодневна екскурзија и се посетува следното:
Крстарење по Босфор
90 минутно крстарење, незаборавно дружење и доживување,еден поинаков Истанбул,сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште ,има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето.
Бејлербеи
Оваа историска знаменитост е често посетувана од страна на многубројни туристи токму поради сплетот на турски и сегменти од западот. Се наоѓа Во непосредна близина на Босфорскиот мост, во азиската облас. Во овој музеј ќе имате прилика да ја доживете турска култура од блиски прку многубројните соби и хали.
Таксим Плоштадот. Ноќевање.
4ден / 31.12 (недела) ИСТАНБУЛ (Балат | Миниатурк)
Појадок. По појадокот групата во договорено време со водичот се упатува кон Балат и Миниатурк.
Балат
Еден од најдобро скриените скапоцени камења во Истанбул е разнобојниот кварт по име Балат. Оваа стара област е исполнета со прекрасни дрвени куќи во боја и кафулиња веднаш ќе ви овозможат убави вибрации. Посета на Балат е најдобра во текот на утрото, кадешто многу често се снимаат турски серии. Балат важи за една од христијанските населби во Истанбул каде што може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од македонските мајстори. Се посетува Железната црква, кадешто е гробот на Партенија Зографски. Направена е од елементи од леано железо и има неоготски архитектонски стил кој се издвојува од остатокот од соседството, што го прави дестинација што мора да се види.По посетата групата има слободно време околу час и половина за прошетка по уникатните историски шарени улички.
Миниатурк
Еден специфичен и интересн музеј, каде што ќе имат можност да ги видите сите познати светски градби на едно место во минијатурна форма. По посетата на Балат и Миниатурк, се упатуваме во хотел. Слободно време за одмор и подготовка за дочекот на Новата Година. Во договорено време, со автобус се упатуваме на брод да ја дочекаме најлудата ноќ под мостот на Босфор. Ноќевање.
5ден / 01.01 (понеделник) ИСТАНБУЛ - МАКЕДОНИЈА (Продавница Коска | Outlet "212")
По појадокот во хотелот следува одјавување и посета на продавницата за слатки работи ”KOСКА“ тука можете да си земете нешто и за дома локуми,баклави,чоколадирани ф’стаци,лешници и бадеми и многубројни други традиционални слатки. Од Коска се упатуваме на шопинг во Аутлетот 212 во Истанбул. Нашата програма е создадена да одговара на потребите на секој патник. Од историја,култура,животен стил па се до шопинг. Кој не би сакал шопинг? Во трговскиот групата ќе има околу два ипол до три часа слободно време за шопинг. По шопингот, поаѓање кон Македонија.
6ден / 02.01 (вторник) МАКЕДОНИЈА
Пристигнување во Македонија во раните утринските часови.
Цена на аранжманот: 179€ / 11.100мкд
Промо цена: 159€ / 9.860мкд
Во цената на аранжманот е вклучено:
- - Превоз со високо туристички автобус;
- - Tри ноќевања со појадок во хотел 3*;
- - Посета на Капали Чаршија;
- - Посета на шопинг центар 212 Outlet;
- - Посета на турската продавница “КОСКА”;
- - Лиценциран туристички водич;
- - Туристичка такса.
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- - пакет 1: Облакодер Сафир + Ортаќој - 35€;
- - пакет 2: Балат + Миниатурк- 25€;
- - пакет 3: Крстарење по Босфор, Бејлербеи, Таксим Плоштад - 45€;
- - Дочек на Нова Година: Цена за пакет - 90€;
* Влезница на приватен брод на Босфор;
* Целосна организација и координација од наш тим кој ќе ве спроведе до журката и назад;
* Организиран превоз од хотел до пристаниште и назад;
* Организирани и резервирани конопои за секој гостин;
* Вклучени 4 алкохолни и безалкохолни пијалоци;
* Вклучена храна за време на забавата;
* Вклучени бесплатни неонски материјали;
* Изведучачи во затворениот простор и отворениот простор на бродот (Два посебни зони со различна музика);
* Професионално фотогафирање
+ Можност за купување на пијалоци по најниска цена. - - Патничко осигурување.
Напомена:
- За реализација на аранжманот потребен е мининум од 40 патници;
- Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари;
- За сингл соба се доплатуваат 25 евра дополнително од аранжманот поради вториот кревет;
- Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител);
- Деца од 3 до 12 години плаќаат 50% од износот на аранжманот доколку се придружувани со двајца возрасни;
- Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот;
- Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете;
- Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати;
- Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци;
- Патувањето ќе се реализира преку Република Грција (дозволен транзит) до Турција, во итни случаи пркеу Бугарија;
- Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот нај доцна 7 дена пред поаѓање;
- Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите;
- Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на програмата;
- Пасошот мора да има важност минимум 180 дена од датумот на завршувањето на аранжманот;
- Уплата исклучиво во денари.
За овој аранжман важат Општите услови на патување на МЕДИТЕРАН и СКТМ.