З Л А Т И Б О Р
( Сирогојно - Врњачка Бања)
Термин: 29 Декември 2023 | 5 дена | 3 ноќи | Aвтобус
1ден/29.12 (петок) Македонија - Златибор
Тргнување на групата во 22:00 часот од Кавадарци, 23:30 часот од Скопје кон Србија. Патуваме со туристички автобус преку граничниот премин Табановце, со попатни одмори.
2ден/30.12 (сабота) Златибор - Сирогојно
Пристигнување на Златибор во утринските часови. Краток одмор од патувањето. Потоа заминување кон етно селото Сирогојно каде ќе ја разгледаме единствената музејска поставка под отворено небо со педесетина оригинални куќи-брвнари кои прикажуваат како изгледале куќите во златиборските села пред повеќе од два века. Во музејскиот комплекс доминира куќа од типот на златиборската брвнара изградена во комбинација на камен и дрво а околу неа се наоѓаат помошните простoрии: гостинска куќа, млекара, амбар, занаетчиска работилница, штала... Во 70-те години од минатиот век жените се погрижиле селото да не остане познато само по етно музејот; успеале да го лансираат еден од најголемите српски модни брендови-сирогојскиот џемпер плетен од волна од врвен квалитет и украсен со шари од автентични златиборски мотиви. Пауза за кафе и закуска во некој од рестораните во Сирогојно а потоа враќање во Златибор. Сместување на групата во хотел „Cigota“ 3* (www.cigota.rs). Слободно време за одмор и за уживање во базенот во хотелот (бесплатно користење). Хотелот располага и со модерен релакс центар чии услуги можете да ги користите со доплата (две фински сауни, парно купатило со арома терапија, две хидро-кади, солариум). Индивидуални прошетки низ градот кој е подготвен за највеселата ноќ. Кога ќе зачекорите низ овој туристички центар, првото нешто што ќе Ви го привлече вниманието е Златиборското Езеро. Веднаш над езерото се наоѓа Кралскиот Плоштад со огромно шеталиште, а од таму патот Ве води до малиот трговски центар во кој се наоѓаат голем број ресторани и бутици. Вечера во ресторанот на хотелскиот комплекс. Ноќевање.
3ден/31.12 (недела) Златибор
Појадок. Слободен ден за индивидуални прошетки и уживање во убавините на Златибор кој нуди забава за сите. Можете да се возите на најдолгата панорамска гондола на светот, Златната гондола која го поврзува Златибор со скијалиштето Торник, највисокиот врв на планината. За време на девет километарската траса на туристите им се овозожува несекојдневно уживање во живописните пејзажи над Златибор. Гондолата има една меѓустаница на Рибничкото Езеро каде на површина од 200 хектари е планиран развој на проектот Нов Златибор каде ќе се развива туризам од висока категорија. Со цел да ги задоволи интересите на посетителите од сите возрасти, од неодамна во Златибор е достапна најновата забавна содржина - Дино паркот лоциран во непосредна близина на хотелскиот комплекс, каде се поставени повеќе од 30 реплики на различни диносауруси. Вечера во ресторанот на хотелот. Вечерта, организиран Дочек на Новата 2024 година на Кралскиот Плоштад со богата музичка програма и забава. Ноќевање.
4ден/01.01 (понеделник) Златибор
Појадок. Слободен ден за индивидуални прошетки и уживање во убавините на Златибор. Вечера во ресторанот на хотелот. Вечерта можете повторно да ја следите музичката програма на Кралскиот Плоштад. Ноќевање.
5ден/02.01 (вторник) Златибор - Врњачка Бања - Македонија
Појадок. Следи одјавување од хотелот и заминуваме кон Македонија со попатна посета на Врњачка Бања. Слободно време за индивидуални прошетки. Во попладневните часови продолжуваме кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови.
Цена на аранжманот: 249€ / 15.440мкд
Во цената на аранжманот е вклучено:
- - Превоз со високо туристички автобус на наведената релација;
- - 3 ноќевања со појадок и вечера во хотел „Cigota“ 3* во Златибор;
- - Користење на базенот во хотелот;
- - Посета на Сирогојно со вклучена влезница во Музејот на отворено;
- - Посета на Врњачка Бања;
- - Локален туристички водич за разглед на Златибор и Сирогојно;
- - Организација, реализација и лиценциран придружник на патувањето.
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- - Доплата за еднокреветна соба - 100 евра (за три ноќевања);
- - Користење на релакс центарот во хотелот;
- - Задолжително патничко осигурување;
- - Туристичка такса 1.5€ по лице (се плаќа во агенција).
Напомена:
Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата;
За реализација на ова патување потребни се минимум 40 патници;
Плаќањето е во денарска противвредност по курс 62мкд;
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршување на патувањето и можност за патување со лична карта;
Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето и промена на цената на аранжманот поради покачување на цената поради повеќе причини;
Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата;
Агенцијата го задржува правото за измена на редолследот на поедини содржини во програмата (застој во сообраќај,локални штрајкови,локали предупредувања,каснење на патници,непочитување на саатнина закажана однапред од страна на агенцијата и сл.).
За овој аранжман важат Општите услови на патување на СКТМ.