TA Mediteran

Font Size

SCREEN

Profile

Layout

Menu Style

Cpanel
Aвтобуски програми

Нова 2024 Година | Будва

термин: 29.12 - 3ноќи | 125€ / 7.750мкд

 

Б У Д В А

 

  

Tермин: 29 Декември 2023 | 5 дена | 3 ноќи | Автобус
 

1ден 29.12 (петок) КАВАДАРЦИ / НЕГОТИНО / ШТИП / ВЕЛЕС / СКОПЈЕ - БУДВА
Состанок на групата согласно трансферите. Поаѓање за Црна Гора во вечерните часови. Ноќно возење преку Косово и Албанија со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности.


2ден 30.12 (сабота) БУДВА - СВ.СТЕФАН
Пристигнување на Св. Стефан, едно од најмонденските летувалишта на црногорското приморје, панорамско фотографирање и поаѓање за Будва. Сместување во  приватни апартмани во Будва. Слободно попладне за одмор и индивидуални прошетки низ Будва. Препорачуваме прошетка низ стариот дел на Будва посета и разглед на црквите Св.Иван, Св. Марија, плоштадот... или пак воздишка за кафе или ручек во некој од бројните кафулиња и ресторани долж морскиот брег. Во вечерните часови музичка програма пред платото на Стариот град. Ноќевање.


3ден 31.12 (недела)  БУДВА - ДУБРОВНИК - БУДВА 
Во раните утрински часови поаѓање за Дубровник на целодневен факултативен излет. Патувањето се одвива преку Тиват со траект. Препорачуваме прошетка низ стариот дел на градот Дубровник: Страдун, Кнежев двор, Дубровачките градски зидини, статуата на Св.Влах-заштитникот на градот, Катедралата Вознесение на Дева Марија…Попладне враќање во Будва. Вечерта организиран дочек на новогодишната ноќ со концерт пред платото на Стариот град во Будва. Ноќевање.


4ден 01.01 (понеделник)  БУДВА - КОТОР - ТИВАТ - ПОРТО МОНТЕНЕГРО -  МАКЕДОНИЈА
Можност за факултативна посета на Котор. Индивидуална прошетка во стариот дел на прекрасното гратче. Moжност за посета на катедралата Св.Трипун ( заштитник на градот ), Столбот на срамот, црквата Св.Никола… Наш предлог е искачувањето на Которската тврдина со единствен поглед на Которскиот залив. Патот не води кон Тиват, разглед на стариот град и монденското пристаниште Порто Монтенегро, несекојдневно чувство на богатство, спој на природна убавина и човечки ресурси. Индивидуално време за уживање и фотографирање. Враќање во Будва. Ноќевање.


5ден 02.01 (вторник) БУДВА - МАКЕДОНИЈА
Напуштање на апартманите. Поаѓање за Македонија со попатни паузи и царински формалности. Очекувано пристигнување во Велес во вечерните часови. 


  Цена на аранжманот: 145€ / 8.990мкд

Промо цена: 125€ / 7.750мкд


Во цената на аранжманот е вклучено:

- Превоз со високо туристички автобус на наведената релација;
- 3 ноќевања, сместување во  вили;
- Организација, реализација и  лиценциран туристички придружник на патувањето.
- Лиценциран придружник на патувањето.


Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:
- Целодневна посета на Дубровник - 30€;
Посета на Котор, Тиват, Порто Монтенегро - 15;
Влезници за музеите и културно историските споменици;
Задолжителна туристичка такса 1 по лице на ден (се плаќа во автобус);
- Патничко осигурување.


Напомена: 
- Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 10 дена пред поаѓање.
- Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
- Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето (можност за патување со лична карта).
- За реализација на аранжманот потребен е мининум од 40 патници.
- Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки однесување во автобус од страна на организаторот.
- Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред поаѓање.
- Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите.
- Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на редоследот за реализација на програмата.
- Уплата исклучиво во денари.


  За овој аранжман важат Општите услови на патување на СКТМ.

следете не

twinter rss
Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.