Print this page

Нова 2026 Година | Будва

термин: 30.12 - 2ноќи | 109€ / 6.760мкд

 

Б У Д В А

 

ДОЧЕК НА НОВАТА 2026 ГОДИНА

 

БУДВА - ДУБРОВНИК - ТИВАТ - КОТОР

 

  

Tермин: 30 Декември 2025 | 4 дена | 2 ноќи | Автобус
 

1ден 30.12 (вторник)  ШТИП / ВЕЛЕС / КАВАДАРЦИ / СКОПЈЕ / КУМАНОВО - БУДВА
Состанок на групата. Поаѓање за Будва од Скопје на паркингот СЦ “Борис Трајковски“ во 23.00 часот со туристички автобус. (Поаѓања вклучени во цената од Прилеп 20.00 часот; Кавадарци во 21.15 часот; Кочани 20.00 часот; Гевгелија 19.00ч; Струмица 20.00 часот; Радовиш 20.30 часот; Штип 21.30 часот; Велес 22.00 часот и Куманово 22.00ч ). Патот води преку Косово и Албанија. Ноќно возење со попатни одмори.


2ден 31.12 (среда) БУДВА - СВ.СТЕФАН
Пристигнување во Будва во предпладневните часови, пауза за фотографирање и уживање во прекрасната панорама на Св. Стефан-едно од најмонденските остров-летувалишта на Јадранското море. Сместување во хотел / приватно сместување. Слободно попладне за прошетка по кејот на познатата Словенска плажа, со посета на  стариот град, цитаделата, бројните кафулиња, ресторани, бутици и галерии. Уживање покрај море во предновогодишна атмосфера. Вечерта дочек на Новата 2026 година пред платото на Стариот град во Будва со богата уметничка програма и концерт. Ноќевање.


3ден 01.12 (четврток)  БУДВА - ДУБРОВНИК - БУДВА 
Појадок. По појадокот заминување на целодневен факултативен излет до Дубровник преку Тиват со траект. Прошетка низ стариот дел на градот Дубровник: Страдун, Кнежев двор, Дубровачките градски зидини, статуата на Св.Влах-заштитникот на градот, Катедралата Вознесение на Дева Марија…Попладне враќање во Будва. Слободно време. Вечерта реприза на новогодишната ноќ со организирани концерти пред Стариот град во Будва. Ноќевање.


4ден 02.01 (петок)  БУДВА - КОТОР - ТИВАТ - ПОРТО МОНТЕНЕГРО - МАКЕДОНИЈА 
Појадок. По појадокот заминување на факултативен излет до Бокакоторскиот залив, со посета на историскиот и средновековен Котор и живописниот и раскошен Тиват. Прошетка во стариот дел на Котор опколен со ѕидини, испреплетени мали улици каде што се наоѓаат катедралата Св. Трифун и препознатливите цркви Св. Лука, Св Ана, црквата на Пресвета Богородица, средновековна архитектурa, бројни споменици и палати кои го вклучуваат градот во УНЕСКО. Слободно време за индивидуални прошетки или можност да вкусите од познатите његушка пршута, сирење и домашно вино. Патувањето продолжува за Тиват, кој во последните години стана омилена дестинација на туристите ширум светот. Причината за тоа лежи во шармот на овој град, но и во неговиот луксузен комплекс Порто Монтенегро, често споредуван со Монако, дизајниран да ги задоволи потребите на сопствениците на јахтите, членовите на екипажот и туристите. Уживајте со кафе во еден од прекрасните локали покрај брегот и погледот на луксузните јахти. Патувањето продолжува за Македонија со попатни одмори. Пристигнување во доцните вечерни часови.


 Цена на аранжманот за хотелско сместување: 139€ / 8.620мкд

Цена за приватно сместување: 109€ / 6.760мкд


Во цената на аранжманот е вклучено:

- Превоз со туристички автобус на дадената релација (Поаѓања вклучени во цената од Прилеп, Кавадарци, Кочани, Гевгелија, Струмица, Радовиш, Штип, Велес и Куманово);
- Сместување во приватни вили во Будва на база 2 ноќевања;
- Сместување во хотел со 3* во Будва на база 2 ноќевања со појадок;
- Посета на Св.Стефан;
- Организација, реализација на програмата;
- Лиценциран придружник на патувањето.


Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:
- Целодневна посета на Дубровник - 25€;
Посета на Котор, Тиват, Порто Монтенегро - 15€;
Пакет цена за излети до Дубровник и Котор-Тиват-Порто Монтенегро (35€);
- Влезници за музеите и културно историските споменици;
- Патничко осигурување.


Напомена: 
- Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
- Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
- За секое лице потребен е поединечен биометриски пасош.
- За реализација на аранжманот потребен е мининум од 40 патници.
- Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки однесување во автобус од страна на организаторот.
- Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош,комплетна доплата 10 дена пред поаѓање.
- Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред поаѓање.
- Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите.
- Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на редоследот за реализација на програмата.
- Уплата исклучиво во денари.


  За овој аранжман важат Општите услови на патување на СКТМ.