Print this page

Нова Година | Милано

термин: 28.12-3 ноќи | 239 / 14.820мкд


М И Л А Н О

 

ЛУГАНО - КОМО - ЏЕНОВА - СИРМИОНЕ

НОВА ГОДИНА

 

Милано, главниот град на Ломбардија, има население од 1,3 милиони луѓе. Тој е најголемиот индустриски град на Италија со многу различни индустриски сектори. Тоај е магнетна точка за дизајнери, уметници, фотографи и модели. Милан има антички дел во центарот на градот со високи згради и интересни palazzos, која е причината зошто толку многу луѓе од целиот свет сакаат да го видат градот на гламур. Милано отсекогаш бил богат и значаен град. Тој отсекогаш бил место полно со разни познати уметници и нуди посебен асортиман на цркви, згради и споменици. Милано претрпел промена на културата и уметноста во ренесансата со голем придонес во периодот од неокласицизам. Милано нуди голем број на згради, споменици и музеи. Најважната црква е катедралата, која е трета по големина црква во светот.
 

 

Термин: 28 Декември 2025 | 6 дена / 3 ноќи Автобус 



1ден/ 28.12 (недела)  СКОПЈЕ 
Состанок на групата на паркингот спроти хотелот Холидеј Ин (Дрводекор) во 11:30,поаѓање за Италија во 12:00 часот. Денско и ноќно патување преку Србија, Хрватска, Словенија и Италија со кратки попатни паузи и царински формалности.


2ден/ 29.12 (понеделник)  МИЛАНО
Пристигнување во Милано во утринските часови. Следува факултативен разглед на Милано: Sforcesco Cаstle, Piаzza de Duomo-централен плоштад каде што се наоѓа најголемата Готска Катедрала во светот Дуомо - катедрала со фасцинантен изглед, составена од 3400 статуи. Разгледот продолжува кон галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196 м долг покриен премин со многубројни продавници (Gucci, Prada, Louis Vuitton….итн) кој пак не води до зградата на Миланската опера, една од најпознатите оперски куќи во светот. По разгледот сместување во хотел. Во вечерните часови слободно време за инфивидуални активности. Ноќевање.


3ден / 30.12 (вторник)  МИЛАНО -ЏЕНОВА - МИЛАНО
Појадок. Предлагаме излет до Џенова. Вечната соперничка на Венеција за превласт над Средоземното море. По пристигнувањето следи прошетка низ стариот дел на градот (под заштита на УНЕСКО) - Palazzo Reale, Piazza de Ferrari, Porto Antico, aquarium, Torre della Lanterna. По разгледот на градот, слободно индивидуално време. Во договорено време посета на аутлетот Serravalle и слободно време за шопинг. Потоа тргнување кон Милано. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.


4ден/ 31.12 (среда) МИЛАНО - ЛУГАНО - КОМО - МИЛАНО
Појадок. Факултативен излет до Швајцарија. Време предвидено за посета на Лугано - градот кој што се наоѓа на езерото Лугано, на падините на Алпите, познат како швајцарското Монте Карло. Обиколка низ стариот дел на градот кој е претворен во пешачка зона со своите плоштади Piazza Ciochara, Piazza della Reforma, Катедралата San Lorenzo, големиот градски парк Parco Civico, еден од најубавите паркови во Швајцарија. Прошетката продолжува со посета на живописното италијанско гратче Комо, кое се простира на брегот на истоименото езеро, едно од најпознатите и најдлабоките езера во Европа. Посета на Комо, посета на мавзолејот на Алесандро Волта, Катедралата Бролето, ѕидините кои го обиколуваат скоро целиот град. Можност за факултативно крстарење со брод по езерото и да се видат преубавите вили градени во периодот од 17-ти до 19-ти век, меѓу кои се и вилите на Џорџ Клуни, Версаче, Мадона, Макартни итн. Во договорено време враќање во Милано. Организиран превоз до центарот на Милано за дочек на Новата Година на плоштад. Во договореното време тргнување назад кон хотел. Ноќевање.


5ден/ 01.01 (четврток)  МИЛАНО - СИРМИОНЕ - МАКЕДОНИЈА
Појадок. По појадокот-одјавување од хотелот и поаѓање према градот Сирмионе. Живописниот град Сирмионе, кој на необично формираниот полуостров длабоко навлегува во езерото, Лаго ди Гарда, познат по старата тврдина Сцалигера, тесните улици, преубави мали куќи и типични населби со комплетна содржина. Слободно време за индивидуални активности. Во договорено време поаѓање за Македонија во попладневните часови. Патот води преку Словенија,Хрватска,Србија…Пристигнување во Скопје во пладневните часови на 02.01.2026.


Цена на аранжманот: 279€ / 17.300мкд

Промо цена: 239€ / 14.820мкд (со резервација на пакет факултативи од 100€)


Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со високотуристички автобус;
3 ноќевања со појадок во хотел 3* во околината на Милано;
- Организација и водство на програмата;
- Организација на аранжманот;
- Лиценциран туристички придружник;
- Организиран трансфер од Битола, Прилеп, Црна Река (Сирково), Велес;
* Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.


Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:
- Задолжително патничко осигурување;  
- Разглед на Милано - 15€;
- Факултативен посета Џенова - 35€;
Посета на Лугано и Комо - 50€;
-  Посета на Сирмионе - 10€ (ЗАДОЛЖИТЕЛНА ФАКУЛТАТИВА);
- Крстарење по езеротоКомо (20€) – оваа факултатива не е вклучена во пакетот и истата се плаќа директно при пристигнувањето во Комо, истото се договара на лице место со локалните оператори.
- Туристичка такса - 5€ по лице по ноќ;
- Доплата за еднокреветна соба - 70% од цената на аранжманот;
- Доплата за избор на седиште - 10€ (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот);
- Агенцијата го задржува правото за измена на редоследот на излетите и посетите по денови и сатници.


Напомена:
За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата.
Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање.
Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.


 За овој аранжман важат Општите услови на патување на СКТМ.