Print this page

1-ви Мај | АТИНА

  термин: 01.05-2ноќи | 139 / 8.620мкд

 

А Т И Н А


Атина - град посветен на божицата Атина, по која го добил името, која е и негова заштитничка. За историјата на човештвото е значајна бидејќи тука се поставени темелите на парламентарната демократија и слободните избори. Но сепак, прва асоцијација при спомнувањето на Атина е Акропол со Партенон, како најголем и најзначаен храм кој доминира со Атина две и пол илјади години.  Атина е секогаш доживување, посебно во ноќните часови. Затоа ви ја нудиме можноста да ја почувствувате магијата на грчката престолнина, што ќе го направи вашиот престој незаборавен.

 


Термин: 01 Мај 2025 | 5 дена / 2 ноќи Автобус  



1ден/ 01.05 (четврток)  МАКЕДОНИЈА - АТИНА
Состанок на групата пред хотел Русија во 20:30 часот. Поаѓање за Атина во 21:00 часот. Патување преку граничен премин Богородица-Евзони. Ноќно возење со попатни паузи поради одмор и царински формалности.


2ден/ 02.05 (петок)  АТИНА 
Пристигнување во Атина во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот (Плоштадот Омониа, Плоштадот Сантагма каде се наоѓа Парламентот и стражата на Евзони, Олимпискиот стадио, Храмот на Зевс, Хадријановата врата, Бајроновиот споменит, Националната библиотека, универзитет...). Посета на Акропол што во превод значи град на рид, што е симболот на градот. Старото население поради одбрана бирало земјиште најчесто на ридови со стрмни страни и на таквите места се правеле тврдини во многу делови на светот кој што се развивале. Многубројните освојувачи на Акропол извршиле измени на ова место. По посетата сместување во хотел. Слободно попладне.  Наша препорака е максимално да го искористите времето во Атина и што помалку да бидете во хотел. Препорачуваме да талкате низ улиците на Плака, најстариот дел од Атина и денес еден од најтуристичките населби која се наоѓа во близина на Акропол. Шармантно место со калдрми и стари улици, област каде може да најдете многу мали продавници со типични сувенири и барови со храна типична за градот. Не смеете да го пропуштите и квартот Монастираки, доста живо место идеално за шопинг. Фантастичен поглед кон Акропол можете да најдете од барот Couleur Locale, што се смета и за романтичен ресторан па доколку се одлучите да го посетите препорачуваме да направите резервација со време. Време за одморНоќевање.


3ден/ 03.05 (сабота)  АТИНА - ПЕЛОПОНЕЗ  
Појадок. Целодневна екскурзија. Првото место што ќе го посетиме е Коринтскиот залив, кој ги соединува Саронскиот залив на Егејско море и Лахејскиот залив на Јонско море од каде се оди на полуостровот Пелепонез. Oвој канал се градел 11 од 1881 години и бил завршен 1893 година. Долг 6.4 километри и широк само 25 што во тоа време било чудо и поради тоа современите бродови имаат проблем да поминат покрај каналот. Ќе имате можност да направите фантастични фотографии од мостот. Екскурзијата продолжува и се посетува најголемиот и најдобро сочуваниот приметок на класичен грчки театар во Грција кој датира од 4 век п.н.е, Епидариус. Замислите ќе посетите театар кој е 2400 години стар!Ова е уметничко дело, секој звук на сцената без разлика дали е крик или шепот, длабока воздишка или звук на палење на кибрти, може да се слушне низ театарот дури и во последнитередови. Не верувате? Ви препорчуваме да го посетите и да се уверите.  Се смета дека распоредот на седиштата е всшност акустичен филтер кој овозможува да се намали бучавата во позадина, како што е мрморењето на публиката, притоа нагласувајќи ги звуците сопоголема фреквенција што доаѓаат од сцената. Најголемиот грчки театар е висок 114 метри и може да прими од околу 13.000 луѓе. Во 1998година е под заштиа на УНЕСКО. По посетата на Епидариус се посетува градот Нафплио. Според легендата го основал Нафлиј, синот на богот Посејдон и Амимон. Првиот главен град на Грција се наоѓа на два часа возење од Атина и зрачи со венецијански шарм, благодарение на италијанскиот стил на градба. Кога ќе шетате низ градот ќе се почувствувате дека сте во градот Керкира или пак на момент во Венеција/Болоња, ќе помислите дека сте го посетиле овој град некогаш а всушност за прв пат ќе бидете. Долгите пешачки улици на стариот град нудат бескарјни можности за купување од автентични грќки сувенири. Мал град со многу енергија е вистинскиот избор за уживање во храната. Овде ќе имате слободно време за фрапе на преубавото пристаниште или ручек во тесните улички. Последното место за овој ден е предвиден за градот Микена кој е најважните археолошки локалитети во Грција. Според митологијата, ова бил градот на легендарниот Агамемнон, водачот на Грците за време на Тројанската војна. Најпознатите места на Микена се Лавската порта, влезот на градот и Ризницата на Атреј. Од највисоката точка на Микена има преубав поглед кон море и секако градот Нафплио. Враќање во хотел. Ноќевање.


4ден/ 04.05 (недела)  АТИНА - ПИРЕЈА - СУНИОН - СКОПЈЕ
Појадок. После појадокот заминување на екскурзија. Факултативна екскурзија Аполоновиот брег, летувалиштата Глифада, Вула, Вулиагмени и рт’от Сунион, кој е и најужниот дел од европското копно. Поглед кон остатоците на некогашниот антички храм, подигнат на самиот рт’ во слава на богот Посејдон. Слободно време и заминување кон Македонија.


5ден/ 05.05 (понеделник)  АТИНА - МАКЕДОНИЈА
Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.


Цена на аранжманот: 159€ / 9.860мкд

Промо цена: 139€ / 8.620мкд 


Во цената на аранжманот е вклучено:

- Автобуски превоз на наведената релација;
- Сместување во хотел со 3* на база 2 ноќевања со појадок;
- Панорамски разглед со водич;
- Организација на аранжманот и пратител на групата.


Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

- Трансфер од Штип - 10€ во правец по лице;
- Задолжително патничко осигурување;
- Посета на Пелепонез - 45€;
- Екскурзија на  Сунион и Аполоновиот брег - ЗАДОЛЖИТЕЛНА- 15€;
- Влезници за посета на локалитети со водичи:
- Акропол - 20€, Микена - 12€,  Епидариус - 12€ и Посејдонов храм - 10€;
- Туристичка такса - 1,5€ по соба од ден, наплата на рецепција во хотел;
- Индивидуални трошоци.


Напомена:

- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници;
- Патување со важечки пасош од 3 месеци;
- Уплата исклучиво во денари;
- Секој програм е креиран со посебни услови. Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата;
- Цената на аранжманот е пресметана на минимум 40 лица;
- Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот 7 дена пред терминот за патување; Или доколку се согласи групата се зголемува цената во зависност на број на патници колку се пријавени.
- 2 дена пред започнување на аранжманот агенцијата ќе ги потврди информациите за време и место на тргнување или патниците да се обратат во Агенција за време и место на поаѓање;
- Аконтацијата се уплака: 30% автобуски програм доколку не е поинаку назначено;
- Цената е загарантирана само за целосна уплата. Во спротивно, загарантиран е  износот на аконтација, а остатокот е подлежен на промени;
- Патникот го потпишува Договорот за патување штом го прочитал Аранжманот и е согласен со истиот;
- Се замолуваат патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.


 За овој аранжман важат Општите услови на патување на МЕДИТЕРАН и СКТМ.