Print this page

8 МАРТ | Сараево

  термин: 06.03-2ноќи | 109€ / 6.760мкд

С А Р А Е В О 

 

Термин: 06 март 2025 | 4 дена / 2 ноќи | Автобус

 

1ден/ 06.03 (четврток) МАКЕДОНИЈА
Поаѓање од повеќе градови во Македонија во вечерните часови. Се патува преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.


2ден/ 07.03 (петок) САРАЕВО
Пристигнување во Сараево и упатување на разглед на Сараево со локален водич. Разгледот започнува од “Vijecnica”па до местото каде е извршен атентат врз Франц Фердинанд од страна на Гаврило Принцип, хотел Европа, австро-унгарскиот дел, плоштадот Маршал Тито, местото каде е формирана групата INDEXI, Бегова Џамија и Башчаршија. Разгледот се прави се со цел патниците подобро да се запознаат со градот. Слободно време за ручек и разглед на Сараево, и упатување кон хотелот во договореното време. Ноќно Сараево – Факултативен излет. Состанок на група во 19:00 пред Хотелот. Тргнување кон местото Илиџа заедно со локален водич. По завршувањето тргнуваме на панорамски разглед со автобусот каде се застанува на едно од местата и се гледа Сараево во целосна светлина каде што правиме неколку фотографии и тргнуваме кон следното место. Нашето следно место како за крај на Ноќно Сараево е највисоката зграда во градот Сараево Avaz Twist Tower каде ке имаме можност да се искачиме на 142м висина поточно 39 кат каде што има кафетерија и 360 степени панорамски разглед и една од најдобрите фото во диагонала поточно како изгледа Сараево во должина. По завршувањето се упатуваме во хотелот. Ноќевање.


3ден/ 08.03 (сабота) САРАЕВО (бункер на Тито | Јабланица | Мостар)  САРАЕВО
Појадок. По појадокот околу 07:30ч започнуваме со целодневна екскурзија. Првото место за посета е Јабланица. која не пречекува со приказната за „Неретва“. Групата ќе има можност да го посети местото каде била Битката на Неретва 1943 год. позната како “Bitka za Ranjenike” која била 4-та непријателска офанзива на НОВЈ. Исто така овде е снимен познатиот филм „Битка за Неретва“ 1969 година. По посетата групата се упатува кон Мостар. Разгледот на градот е со локален водич.. Голем дел од туристите доаѓаат во Мостар за да го видат мостот, но Мостар има многу повеќе за истражување. Безброј, продавници, сувенирници богати со  бакарни предмети каде што можете да си купите сет за кафе или карактеристични локални сувенири или пак килими за вашиот дом, сето ова е лоцирано на Кујунџилук улицата. Ова е интересна улица (со калдрма) за прошетка, ако сте за шопинг можете да поминете часови овде. Во Мостар има КВАРТ каде објектите се со шарени фасади што потсеќа на населбата БАЛАТ во Истанбул. Го нарекуват "Мостарскиот Балат". Разгледот завршува под ,,Стари мост” и овој мост е симбол на градот. Слободно време околу 3 часа. Враќање во Сараево. Посета на некој паб во австро-унгарскиот дел доколку има интерес од страна на групата. Ноќевање.


4ден/ 09.03 (недела) САРАЕВО - ВИШЕГРАД - МАКЕДОНИЈА
Појадок. По појадокот во хотел, групата се упатува кон Босанските пирамиди. Пред повеќе од 10 години, во Босна беше пронајдено големо откритие кое го шокираше светот , особено историчарите и археолозите. Босанските Пирамиди беа пронајдени од страна на Др.Семир Османгич и тие го дигнаа во врвот на неговата кариера. Босанските пирамиди се наоѓаат во близина на градот Високо, а според најновите истражувања датираат од предбиблиската историја. Најголемата пирамида е Пирамидата на Сонцето и е прва од тој вид во Европа, додека Пирамидата на Месечината и Пирамидата на Босанскиот Змеј, се значително помали. Под пирамидите се пронајдени три подземни одаи и мало сино езеро. Езерото содржи чиста, стерилна вода, без бактерии, алги, печурки, микроорганизми, животни, мов и кал. Ја нарекуваат жива вода, затоа што го прочистува телото. Тоа значи дека тие објекти всушност се „одаи за прочистување“ и тука телото побрзо се регенерира и болестите исчезнуваат. Покажано е дека просториите под пирамидите имаат лекувачки моќи поради големото ниво на јонизација. Вишеград, прекрасен град каде туристите имаат можност да уплатат за крстарење по Дрина и да се запознаат со природните и историски убавини на градот, да ги слушнат легендата за близнаците Стоја и Остоја како и легендата за невестата Фата. Групата го посетува симболот на градот а тоа е познатиот мост кој е изграден од Мехмед Паша Соколовиќ,а кој е под заштита на UNESCO и опишан во романот на Иво Андриќ „Мостот на Дрина“. Во Вишеград ќе имате можност да го посетите Aндриќград исто така познат како и камен град кој инвеститор за тоа е познатиот тенисер Новак Џоковиќ. Како културен центар изграден е по иницијатива на Емир Кустурица а за туристи официјално е отворен во 2012 година. Слободно време за прошетка. По посетата се враќаме во хотел. Патниците кои нема да ги посетат пирамидите имат слободно време во хотел со тоа што по враќање од пирамидите ќе бидат земени од хотел и се продолжува кон Вишеград. Слободно време за ручек и заминување кон Македонија. Пристигнување во раните утрински часови.


 Цена на аранжманот: 109€ / 6.760мкд


Во цената на аранжманот е вклучено:
- 2 ноќевања со појадок во хотел во Сараево;
- Разглед на Сараево со локален водич;
- Туристички придружник за време на патувањето;
- Посета на Вишеград;
- Посета на Андриќград.


Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Босански пакет (Бункерот на Тито, Јабланица, Врело Буна, Мостар и Босанските пирамиди) 90€ (се плаќа во автобус);
- Историски пакет (Бункерот на Тито, Јабланица,Врело Буна и Мостар) 70€ (се плаќа во автобус);
- Крстарење по Дрина  10€ по лице (се плаќа во автобус);
Трансфер по градови Гевгелија,Битола,Прилеп,Неготино,Велес и Штип-10е во правец по лице;
- Туристичка такса  2.5€ по лице за две ноќевања (задолжителна уплата во автобус);
- Ноќно Сараево (задолжителна факултатива, уплата при резервација) 15€;
- Патниците избираат еден од трите наведени пакети (од 15, 70 или 90 евра).


 За овој аранжман важат Општите услови на патување на СКТМ.