Print this page

ЛЕТО 2025 | Вила Vaia - Јерисос

 

 Вила "Vaia" - Јерисос

 


Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители се наоѓа покрај морето и има долга, песочна плажа која се простира до бесконечност па можете да шетате неколку километри пред да Ви исчезне песокот од под стапалата.На плажата која има Сино Знаме за чистота мноштвото дрвја им прават природна ладовина на туристите, а жедта од сонцето можете да ја угасите во неколкуте барови кои се распослани во линија на морскиот брег. Пред плажата е големо шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. На крајот од шеталиштето во Јерисос се наоѓа старата Ветерница во која е сместен Музејот на историја, а на самото шеталиште е големиот аквариум. Доколку сте љубители на мирот и спокојството, тогаш наша препорака е да ги посетите околните плажи Kakoudia и KsiropotamiKakoudia е вистинско чудо на природата, се наоѓа на 1,5 км од Јерисос и ја карактеризираат карпи кои се издигнуваат и до десетина метри од плажата. Ksiropotami е сосема дива плажа, оддалечена 6 км од Јерисос и место за љубителите на мирот и спокојството-без многу туристи, без барови и музика-само песок и бистро море кое секогаш е мирно, дури и кога во Јерисос водата умее да се разбранува. На 6 км од Јерисос се наоѓа местото Каково, или Мило Арсеница каде имаат пристап и жените. Манастирот е имот на српскиот манастир Хиландарна Света Гора, има околу 2000 хектари шума и сопствена пилана, езеро со рибник, маслинки...Според прикажувањата, Хиландар го добил овој имот пред многу векови од еден турски бег кој не можел да има деца. Со помош на неколку зрна грозје од чудотворната лоза која веќе осум века расте и раѓа на гробот на Свети Симеон на Хиландар турскиот бег добил добил наследник. Во знак на благодарност сакал својот син да го подари на манастирот, но кога монасите го одбиле,тој им го дарувал имотот кој имал преку 2000 хектари површина. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амоулиани.


 
Вила Vaia се наоѓа на само 100 метри од прекрасната песочна плажа. Куќата располага со пет  апартмани на прв и втор кат. Користење на клима уред и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Во непосредна близина на вилата има простор за паркирање на возила.
Апартманите имаат реновирани и опремени кујни со сите потребни елементи, како и реновирани купатила со туш. Затоплување на водата во цела вила е со сончеви колектори. Сите апартмани се на втор кат освен апартман бр. 1 кој е на прв кат и располагаат со сопствена тераса опремена со маса и столови, а некои од нив се со поглед кон улица, некои кон дворот на вилата или странично кон море. Истите се заштитени со тенди.
Дуплекс апартман бр. 1 (1/4) –прв кат. Апартманот располага со две спални, во едната има брачен кревет, а во другата два одвоени стандардни кревети, клима уред и ТВ. Од двете спални се излегува на долга заедничка тераса опремена со маса и столови, која е со поглед кон улица и дворот на вилата. Апартманот има опремена кујна со мини шпорет со рерна и фрижидер која е издвоена на самиот влез во ходникот од апартманот. Апартманот има сопствен тоалет со туш.
Апартманброј 2 (1/2)– втор кат. Апартманот располага со два одвоени стандардни кревети, ТВ и клима уред во спална соба. Од спалната се излегува на сопствена тераса опремена сомаса и столови. Кујната е комплетно опремена со мини шпорет со рерна и голем фрижидер, и од истата се излегува на тераса која е со поглед во дворот на вилата. Апартманот има сопствен тоалет со туш.
Апартман број 3 (1/3+1)– втор кат. Апартманот располага со две простории. Првата просторија е наменета за дневен престој, во која има комплетно опремена кујна со мини шпорет со рерна, маса со столови, клима уред, и софа на пуштање која е наменета за еден возрасен или две деца. Од оваа просторија се влегува во спална соба која е одвоена со лизгачки врати. Во спална соба има два одвоени стандардни кревети и ТВ. Од двете простории се излегува на иста заедничка тераса опремена со маса и столови, со поглед море. Апартманот има сопствен тоалет со туш.
Апартман број 4 (1/3+1)– втор кат. Апартманот располага со две простории. Првата просторија е наменета за дневен престој, во која има комплетно опремена кујна со мини шпорет со рерна, маса со столови, клима уред, и софа на пуштање која е наменета за еден возрасен или две деца. Од оваа просторија се влегува во спална соба која е одвоена со лизгачки врати. Во спална соба има два одвоени стандардни кревети и ТВ. Од двете простории се излегува на иста заедничка тераса опремена со маса и столови, со страничен поглед море. Апартманот има сопствен тоалет со туш.
Апартманброј 5 (1/2) –втор кат. Апартманот располага содва одвоени стандардни кревети, ТВ и клима уред во спална соба. Од спалната се излегува на сопствена тераса опремена со маса и столови. Кујната е комплетно опремена со мини шпорет со рерна и голем фрижидер, и од истата се излегува на тераса која е со поглед во дворот на вилата. Апартманот има сопствен тоалет со туш. 


 

ВОНСЕЗОНСКИ ЦЕНИ

 

5%  ПОПУСТ НА ВОНСЕЗОНСКИ И 10% ПОПУСТ НА СЕЗОНСКИ ЦЕНИ ЗА 50% УПЛАТА ВЕДНАШ И ЦЕЛОСНА ДОПЛАТА ЗАКЛУЧНО СО 05.04.2025 (сабота)

 

ПОПУСТОТ Е ВАЖЕЧКИ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ЗАКЛУЧНО СО 01.03.2025 (сабота)

 

"Vaia"
Јерисос
термин  МАЈ ЈУНИ  АВГУСТ   СЕПТЕМВРИ
25  01 08 15 22 31 07 14 21
бр. ноќи  7 7 7 7 7 7 7  7 7
1/4 дуплекс  АПТ   Бр.1 
плаќаат лица
89 99 119 139 149 149 129 109 89
1/2  АПТ   Бр. 2 и 5  
плаќаат лица
109 129 169 199 219 199 179 149 109
1/3+1  АПТ   Бр. 3 и 4  
плаќаат лица
139 159 189 239 249 239 209 169 129

 СЕЗОНСКИ ЦЕНИ

"Vaia"
Јерисос
термин  ЈУНИ ЈУЛИ АВГУСТ
  29   06 13 20 27 03 10 17 24
бр. ноќи  7 7 7 7 7 7 7  7 7
1/4 дуплекс АПТ  Бр.1 599 659 689 689 699 699 689 689 669
1/2 апартман  Бр. 2 и 5
469 509 529 529 549 549 529 529 519
1/3+1 апартман  Бр.3 и 4 529 569 599 599 629 629 599 599 589

 


  • НАПОМЕНА

    • Пред и по сезона цените се однесуваат по лице за 7 ноќи со вклучен превоз. 
    • За сопствен превоз се намалува 10€ по лице во термините со превоз: пред и по сезона.
    • Во вонсезонските цени во апартман 2-3-5-6 плаќаат минимум 2 лица | 3-то - 4-то и 5-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, а плаќаат само превоз доколку користат;
    • Во вонсезонските цени во апартман бр. 4 плаќаат минимум 3 лица | 4-то, 5-то и 6-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, а плаќаат само превоз доколку користат;
    • Цените во сезона се дадени за наем на апартман, без вклучен превоз.
    • Доплата за превоз:
    • Возрасни 50€ повратна / 40€ во еден правец.
    • Деца до 12 год.  40€ повратна / 35€ во еден правец.
    • Деца до 2 години бесплатно, не користи седиште.
    • Во апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со возрасен.
    • Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
    • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
    • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност 1€=62мкд.
    • Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст.
    • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
    • При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
    • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
    • Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 2 евра на ден по студио / апартман.
    • Агенцјата НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
    • Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.

  За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ.

Погледнете останата понуда | ХАЛКИДИКИ

Image Gallery