Ш П А Н И Ј А
Лето 2025
Автобус 13 дена / 8 ноќи
Термини: 12, 18 Јуни / 10, 24 Јули / 21, 28 Август / 02, 08 Септември 2025
Земја со богата историја, традиција и култура. Земја на Фламенгото, коридата и виното. Сончева, топла и возбудлива 24 часа. Ве водиме на Коста Брава – “ Дива Обала” , со стрмни, избраздани карпи и проѕирно сино море, скриени заливи, широки песочни плажи, во позадина со борова и храстова шума. Коста Брава т.е. Каталонската Ривиера нуди прекрасен одмор, многу атрактивни излети и незаборавни ноќи: Барселона, Фигерас, забавниот парк Порт Авентура, водени лудории, аквариум, Маринеленд… а ноќе многубројни дискотеки, барови и забава до раните утрински часови… Ние за Вас го одбравме најпознатиот центар на Коста Брава – ЛОРЕТ ДЕ МАР +++ Гламурот на Азурниот Брег: Ница, Kан, Монако, Монте Карло и шармот на Северна Италија: Венеција и Верона.
ПРОГРАМА
1ден/ СКОПЈЕ - ВЕНЕЦИЈА
Состанок на групата во 12.00 часот. Поаѓање во 12.30 часот. Се патува преку граничен премин Табановце, Србија, Хрватска, Словенија со попатни паузи. Ноќно возење.
2ден/ ВЕНЕЦИЈА - ВЕНЕТО Регија Пристигнување во утринските часови. Факултативно, со брод се префрлуваме во островската Венеција. Разгледување на градот: плоштадот и црквата Сан Марко, Дуждевата палата, Кулата часовник, мостот на воздишки, мостот Риалто, Каналот Гранде. Прошетка низ тесните и живописни улички со безброј мостови над каналите низ кои пловат легендарните гондоли. Слободно време за индивидуални прошетки. Со брод се враќаме кон пристаништето Пунта Сабиони од каде со автобус одиме до хотелот. Сместување во хотел. Ноќевање.
3ден/ ВЕНЕТО – ВЕРОНА – ЉОРЕТ ДЕ МАР
Појадок. Патувањето продолжува кон Верона. Целодневен престој (9 часа) и прошетка низ центарот на стариот град Верона: плоштадите Бра и Ербе, Дел Сињории, старата тврдина и нејзиниот познат мост, Арената. Прошетка низ пешачката улица Мазини, Куќата на Јулија... Слободно време за индивидуални прошетки. Патувањето кон Шпанија продолжува во вечерните часови. Се патува покрај Пиаченца, Генова, Вентимиља, Ница, Монпелие, Перпињан, Гирона. Ноќно возење.
4-10ден/ ЉОРЕТ ДЕ МАР Пристигнување во Лорет де Мар во предпладневните часови. Сместување во одбраниот хотел после 14:00ч.Слободно попладне. Престој на база 6 ноќевања со појадок, 6 полу пансиони или 6 полни пансиони, по ваш избор. За време на престојот ќе бидат организирани бројни факултативни излети: BARCELONA PANORAMICA, BARCELONA MAGIC, COSTA BRAVA TOUR, PORT AVENTURA – забавниот парк, AQUARIUM, PUEBLO ESPANOL, GAME OF TRONS TOUR (GIRONA +FIGUERAS), FLAMENCO SHOW, …
10ден/ ЉОРЕТ ДЕ МАР – АЗУРЕН БРЕГ
Појадок. Напуштање на собите до 10.00 ч. Слободен ден за одмор, прошетки и индивидуални активности, или можност за факултативен излет: BARCELONA MAGIC: со посета на Аквариум и Магичните фонтани* во вечерните часови какo и шопинг во големите стоковни куќи, трговски центри! Во вечерните часови поаѓање за Азурен брег. Се патува преку Перпињан, Ним, Ноќно возење. .
11ден/ АЗУРЕН БРЕГ: КАН - НИЦА Пристигнување на Азурниот брег во утринските часови. Престојот на Азурниот брег го започнуваме со гламурот на Кан. Кан – познат по својата Кроасета, филмската палата, луксузните хотели. Се искачуваме во стариот град Сике, познат по својата тврдина и готска црква. Прошетка покрај познатата Филмска Палата и шеталиштето на Палмите- Кроасета. Се возиме по Наполеоновиот Пат, покрај самата обала и идиличните мали гратчиња на патот кон Ница. Ница – Кралица на Француската Ривиера, срцето на најбогатиот период познат како ‘Belle Epoque”. Иконскиот хотел Negresko, Шеталиштето на Англичаните или “Promenade des Angles”, плоштадот Масена, стариот дел од градот со познатата Кралска Опера, куќата каде престојувал Наполеон, плоштадот Cours Saleya… Слободно време за индивидуални прошетки. Сместување во хотел во регијата на Азурниот брег (помеѓу Frejus и Nice). Ноќевање.
12ден/ АЗУРЕН БРЕГ – ЕЗ - МОНАКО Појадок. Го напуштаме хотелот. Се возиме кон Ез со прекрасен панорамски поглед на Азурниот брег. Поминуваме покрај средновековниот град Ез и ја посетуваме најпознатата фабрика за производство на Француски парфеми ФРАГОНАРД во Ез. Единствена можност да купите парфеми по фабрички цени. Продолжуваме кон гламурозната Кнежевина Монако. Почнуваме со прошетка низ стариот град познат по Палатата на Фамилијата Грималди, црквата Свети Никола, Океанографскиот институт, прекрасниот парк, живописните тесни улички...Слободно време за индивидуални разгледи. Пешачиме кон Монте Карло покрај пристаништето со луксузни јахти, патеката каде се вози Формула1 и се упатуваме кон центарот на МОНТЕ КАРЛО за да го доловиме гламурот и сјајот преку неговите паркови, трговски центри, луксузни хотели и познати Казина.
МОНАКО – СКОПЈЕ: Во попладневните / вечерните часови, поаѓаме кон Скопје. Се патува покрај Генова, Верона, Љубљана, Загреб, Белград, граничен премин Табановце, со попатни паузи за одмор.
13 ден/ СКОПЈЕ
Пристигнување во доцните вечерни часови.
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Високотуристички автобус со клима, ТВ, видео;
- 6 Ноќевања со појадок/полупансион/полн пансион, според табелата во одбран хотелво Лорет де Мар;
- 1 Ноќевање со појадок во хотел 2*/3* во регијата на Азурен брег (помеѓу Фрежу – Ница);
- 1 Ноќевање со појадок во хотел 2*/3*во регија Венето; - Сместувањеи услуги во двокреветни/трокреветни соби, според табелата; - Организација и туристички придружник на патувањето.
Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:
- Задолжително патничко осигурување 650мкд (се плаќа во агенција); - Задолжителна целодневна посета на Верона (10€);
- Туристичка такса за хотели на Азурниот брег и Италија: 7€ (задолжително, се плаќа во агенција);
- Туристичка такса за хотели Шпанија: 1 € / ден хотел со 3* / 1,50 €/ден хотел со 4* (се плаќа на лице место на рецепција при сместување);
- Задолжителен пакет излети Азурниот брег: Кан, Ница, Фрагонард во Ез, Монако, Монте Карло : 40 € по лице;
- Доплата за еднокреветна соба: плус 50% од цената дадена во ценовникот;
- Факултативни излети и влезници според програмата. Информации во агенција.
Напомена:
- За реализација на програмата потребни се минимум 45 лица; - Задолжителен депозит при пријавување 10.000 денари; - Останатиот износ се плаќа најдоцна 21 ден пред поаѓање; - НП – Ноќевање со појадок, ПП - Полупансион – (појадок + вечера), П – Полн пансион (Појадок + ручек + вечера); - За уплата, исклучиво во денарска противвредност, 1€ - 62мкд; - Патниците се должни да поседуваат БИОМЕТРИСКИ ПАСОШ со рок на траење од минимум 90 дена од денот на напуштање на Шенген зоната; - Распоредот на седење во автобусот е според датумот на уплатата; - Доплата за избор на седиште 20€; - Цената на аранжманот може да се измени во случај на промена на цената на горивото, и останати фактори кои влијаат на формирање на цената. Сите уплати до тој момент важат според старата цена. Цените на факултативните излети, влезници, локален превоз, може да претрпат измени.
Хотели
Хотел "DON JUAN" 4*
термин | ЈУНИ | ЈУЛИ | АВГУСТ | СЕПТЕМВРИ | ||||
12 | 18 | 10 | 24 | 21 | 27 | 02 | 08 | |
ноќи | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 |
По лице во 1/2 соба НП | 599 | 629 | 689 | 699 | 699 | 619 | 599 | 599 |
Трето лице во 1/2+1 соба НП | 569 | 599 | 655 | 679 | 679 | 585 | 569 | 569 |
1 , 2 дете 2-11 години НП | 465 | 475 | 515 | 525 | 525 | 469 | 465 | 465 |
Доплата за ПОЛУПАНСИОН во Шпанија после 15.Март.2025 : 60 евра / деца 30 евра |
||||||||
Доплата за ПОЛН ПАНСИОН во Шпанија: Полупансион + 60 евра / деца 30 евра | ||||||||
ГРАТИС ПОЛУПАНСИОН во Шпанија важи за уплата до 15 Март 2025 |
Хотел "ALEGRIA SUN VILLAGE " 4*
термин | ЈУНИ | ЈУЛИ | АВГУСТ | СЕПТЕМВРИ | ||||
12 | 18 | 10 | 24 | 21 | 27 | 02 | 08 | |
ноќи | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 |
По лице во 1/2 соба НП | 599 | 619 | 669 | 679 | 629 | 599 | 599 | 599 |
Трето лице во 1/2+1 НП | 529 | 539 | 585 | 589 | 559 | 539 | 539 | 539 |
1 , 2 дете 2-11 години НП | 459 | 469 | 499 | 505 | 479 | 469 | 469 | 469 |
Доплата за ПОЛУПАНСИОН во Шпанија после 15.Март.202: 60 евра / деца 30 евра | ||||||||
Доплата за ПОЛН ПАНСИОН во Шпанија: Полупансион + 60 евра / деца 30 евра | ||||||||
ГРАТИС ПОЛУПАНСИОН во Шпанија важи за уплата до 15 Март 2025 |
Хотел "ALEGRIA FENALS MAR" 3+*
термин | ЈУНИ | ЈУЛИ | АВГУСТ | СЕПТЕМВРИ | ||||
12 | 18 | 10 | 24 | 21 | 27 | 02 | 08 | |
ноќи | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 |
По лице во 1/2 соба НП | 579 | 599 | 649 | 659 | 599 | 589 | 579 | 579 |
1-во дете 2-11 години НП | 515 | 535 | 569 | 579 | 529 | 525 | 525 | 525 |
Доплата за ПОЛУПАНСИОН во Шпанија после 15.Март.2025 : 60 евра / деца 30 евра |
||||||||
Доплата за ПОЛН ПАНСИОН во Шпанија: Полупансион + 60 евра / деца 30 евра | ||||||||
ГРАТИС ПОЛУПАНСИОН во Шпанија важи за уплата до 15 Март 2025 |
термин | ЈУНИ | ЈУЛИ | АВГУСТ | СЕПТЕМВРИ | ||||
12 | 18 | 10 | 24 | 21 | 27 | 02 | 11 | |
ноќи | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 |
По лице во 1/2 соба НП | 609 | 629 | 679 | 689 | 639 | 619 | 619 | 619 |
Трето лице во 1/2+1 соба НП | 539 | 549 | 589 | 599 | 569 | 549 | 549 | 549 |
1 , 2 дете 2-11 години НП | 469 | 479 | 549 | 509 | 489 | 469 | 469 | 469 |
Доплата за ПОЛУПАНСИОН во Шпанија после 15.Март.2025 : 60 евра / деца 30 евра | ||||||||
Доплата за ПОЛН ПАНСИОН во Шпанија: Полупансион + 60 евра / деца 30 евра | ||||||||
ГРАТИС ПОЛУПАНСИОН во Шпанија важи за уплата до 15 Март 2025 |
Погледнете останата понуда / Лето 2018
За овој аранжман важат Општите услови на патување на МЕДИТЕРАН и СКТМ.