Print this page

11-ти Октомври/ КАПАДОКИЈА

термин: 08.10-3ноќи | 198 / 12.280мкд


К А П А Д О К И Ј А

 

(Kaпадокија / Солено Езеро Туз Ѓолу / Анкара)

 

  


Термин: 08 Октомври 2025 | 5 дена / 3 ноќи | Автобус 

 

 

1ден/ 08.10 (среда)  СКОПЈЕ / ВЕЛЕС / СВЕТИ НИКОЛЕ / ШТИП / КОЧАНИ -  АНКАРА
Поаѓање во пладневните часови, за точно време патниците се известуваат 2 дена пред термин. Попатно се земаат патници од Скопје, Велес, Свети Николе и Кочани. Патуваме преку Република Бугарија, со попатни паузи и царински формалности.


2ден/ 09.10 (четврток) АНКАРА - СОЛЕНО ЕЗЕРО ТУЗ ЃОЛУ
Пристигнување во Анкара во утринските часови. Посета на мавзолеот на Ататурк (таткото на модерна Турција). Анкара во Турција е место кое задолжително треба да се посети кога патувате во Турција. На модерниот град Анкара е добро познат по своите музеи и антички локалитети. Заминување од Анкара околу пладневните часови. Потоа се упатуваме кон Соленото Езеро TUZ GOLU кој што е 2 часа пат од Анкара до Соленото Езеро. Единствена атракција во Европа, ако имаме среќа може да ги видеме и фламингосите кои што се појавуваат од време на време. Задржување на Соленото Езеро 1 час. Потоа се упатуваме кон хотелот. Сместување во хотел*** во градот Урѓуп. Вечера во хотел. Ноќевање.


3ден/ 10.10 (петок)  КАПАДОКИЈА: ЛЕТ СО БАЛОН - МИСТИЧНА КАПАДОКИЈА - ТУРСКА ВЕЧЕР
Факултативно и со дополнителна наплата, лет со балон над Кападокија (заминување во  04:30 часот). Ако временските услови не се добри летањето со балон се одложува(ветар). Само кога има добри временски услови се реализира летањето со балон. Цената вклучува трансфер, шампањ, осигурување и сертификат. Кападокија се смета за најимпресивно и највозбудливо место за летови со балон). Факултативно, можете да изберете и трансфер до аеродромот од каде што полетуваат балоните (15) тоа е околу 04:30 наутро. Враќање во хотел и појадок. Ако не се реализира летањето со балони се одложува за следниот ден ако е добро времето. Ако има ветар од 07:00 до 08:00 е појадокот. И во 08:00 часот заминуваме на панорамска обиколка. Се оди Долината на Гулабите (15 мин пауза за сликање), потоа во фабриката за кожи каде што има ексклузивни производи од кожа и се приредува модна ревија. Следно за посета е продавница за маслени парфеми ( парфеми од масло) и природна козметика. Индивидуална слободна прошетка во градот Учисар со неговата тврдина, од која човечкиот поглед може да ја опфати целата магија на околниот пејзаж од 1 час време. После разгледот на градот Учисар имаме фото пауза со Камили од 15 минути. Од таму заминуваме во фабриката за преработка на Оникс каде што е правен накитот на Хурем Султан. Потоа се упатуваме во подземна продавница за изработка на глинени предмети кои светат во мрак. Од како се заврши сето тоа, имаме посета на Ѓореме. Ако се оди во музејот за цркви во карпа 2 часа време за разглед. Ако не се реализира одењето во музеј слободно време 1 час. Повторно се враќаме во Урѓуп посета на винаријата Турасан и посета на Ебру (ателје за сликање со вода). Поаѓање кон хотелот. Во 19:00 вечера, потоа одиме во 19:45 трансфер Јашар Баба ресторант, автентичен, пештерен, најголем и најстар во регионот.


4ден/ 11.10 (сабота) КАПАДОКИЈА - " МАГИЧНА КАПАДОКИЈА "
Појадок. Во 09:00 часот поаѓаме на полудневна обиколка. Факултативна посета на една од најатрактивните долини Ask Validesi (долина на љубовта) и посета на градот Орта Хисар. Потоа одиме во центарот на Урѓуп и посета на Асмалак Конак каде што е сниман истоимениот филм. Во 17:45 одиме кон Дервиши и ритуалот Сема. Потоа враќање во хотел. Вечера. Во 20:00 часот ноќна обиколка на градот Аванос – Кападокиска Венеција. Слободно време за разглед 1:30 минути. Потоа пауза за ноќни слики на Долината на Камилите, и ноќни слики на реонот со трите убавици. Враќање во хотелот околу 22:30 часот. Ноќевање .


5ден/ 12.10 (недела)  КАПАДОКИЈА - МАКЕДОНИЈА
Појадок. После појадокот се упатуваме кон Македонија. Со попатни паузи и царински формалности.



Цена на аранжманот: 250€  (15.500мкд)

Промо цена: 198€  (12.280мкд)


Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високо туристички автобус;
  • 3 ноќевања со појадок и вечера во хотел со 3 ѕвезди во Кападокија;
  • Фото пауза и посета на Тузѓол или Соленото Езеро;
  • Панорамска тура низ Анкара со посета на Мавзолејот на Ататурк;
  • Панорамска тура низ Кападокија;
  • Богата туристичка програма по должината на рутата;
  • Водич-придружник;
  • Здравствено осигурувањ.

 Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Автентичен дервишки ритуал со танц Сема – 30€;
  • Трансфер до летачките балони – 15€;
  • Возење со балон над Кападокија – околу 240€ по лице;
  • Посета на подземниот ресторан „Јашар Баба“ со богата фолклорна програма (Менито вклучува овошни салати, јаткасти плодови и пијалоци, локално производство неограничено) - 40€ (деца од 5 до 11,99 години -25€);
  • Ноќна тура низ градот Аванос -10€;
  • Полудневна тура со посета на долината на љубовта „Ask Validesi“ и градот Орта Хисар – 10;
  • Музејски такси – таксињата се најавуваат за време на патувањето според курсот на турската лира;
  • ДВЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ФАКУЛТАТИВИ!

 Напомена: 

- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари.
- За резервација на аранжманот задолжителна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 7 дена пред поаѓање.
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање.
- Агенцијата го задржува правото на промена на редослед на излетите и посетите.
- За ЛЕТ СО БАЛОН, задолжителна е предрезервација во агенција при пријавувањето.
- Цените на влезниците и летот со балон може да претрпат промени во зависност од цените на влезниците во моментот на посета.


За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ.