Print this page

11-ти Октомври | Будва & Острог

термин: 09.10 - 2ноќи | 99 / 6.140мкд

 

Б У Д В А


со посета на Острошки Манастир 

  

Термин: 09 Октомври 2025 | 4 дена - 2 ноќи | Aвтобус


 

1ден 09.10 (четврток)  СКОПЈЕ - БУДВА
Организиран превоз од Штип, Велес, Скопје и Куманово. Состанок на групата, поаѓање околу 22:00 часот. Патот води преку Косово и Албанија со попатни паузи. За точно време на поаѓање патниците ќе бидат известени на 2 дена пред реализација на арнжманот.


2ден 10.10 (петок)  ОСТРОГ - БУДВА
Во раните утрински часови пристигнување на  Острошки манастир - сместен во високо карпест предел, основан од страна на Св. Василије Острошки во XVII век. Острошки манастир - најпосетениот манастир во Црна Гора т.е третото место по посетеност во светот на православиетоДенес во истиот се наоѓаат моштите на Св.Василиј Острошки за кои се верува дека се чудотворни. По посетата на Острог се упатуваме кон Будва. Разглед на градот со локален водич. Сместување во апартманите. Слободно време за одмор. Ноќевање.


3ден 11.10 (сабота)  БУДВА - ДУБРОВНИК
Можност за факултативна посета на Дубровник, кој претставува еден од најубавите стари градови на Медитеранот. Со своите плоштади, катедрали, фонтани и музеи, ги руши сите временски бариери и ја чува својата автентичност од 15. и 16. век. Од градските ѕидини се пружа незаборавен поглед на Островот Локрум и преубавото Јадранско море… Слободно време за капење или истражување на градот. Враќање кон Будва. Посета на некој паб или клуб во Будва. За влез во Хрватска потребен е пасош. Ноќевање.


4ден 12.10 (недела)   БУДВА - ТИВАТ - КОТОР - МАКЕДОНИЈА
Првото место што се посетува е местото Котор, каде се разгледува градот со локален водич. Котор е лавиринт од средновековни цркви, катедрали, венецијански палати и столбови. Со Котор владееле Илирите, Римјаните, Византијците, Австро-Унгарците и Венецијанците. Овие освојувачи оставиле многу богатства зад себе, како што се ренесансните палати, барокните кули и нејзиниот најмонументален тестамент, катедралата Св. Трипун, кој е повеќе од три века постар од откривањето на Америка. Изобилството на културно-уметнички споменици е причина зошто Котор е на листата на заштитено културно наследство на УНЕСКО. Во Котор можете да го видите поморскиот музеј, катедралата Св.Трифун, црквата Св.Лука, Столбот на срамот, црквата Св.Никола. По разгледот слободно време за ручек каде подоцна не очекува крстарење со глисери по Бока Которска. Ова крстарење е доста атрактивно, а првото место што ќе го посетиме е островот GOSPA OD SKRPELJA. Што е специфично за овој остров? Госпа од Шкрпјела е вештачки остров изграден на крајот на 15 век каде, барем според традицијата, браќата Моршиќи на 22 јули пронашле икона на Пресвета Богородица на карпа во заливот Рисан Перастчани решиле на тоа место да изградат Римокатоличка црква.храм на Богородица. Околу карпата биле фрлани камења и била изградена мала капела Секоја година на зајдисонце на 22 јули, се случува настан наречен фашинада на локалниот дијалект, кога локалните жители ги земаат своите чамци и фрлаат камења во морето, проширувајќи ја површината на островот. Ексурзијата продолжува кон Перат, мал град на црногорското крајбрежје на Јадранското Море. Познат е по живописното опкружување и богатото културно наследство и се наоѓа во Бока Которска. Како и претходните атракции споменати досега, ова место е дом на историски градби, вклучувајќи ја црквата Свети Ѓорѓи од 16 век. По посетата на Перат групата се упатува кон Тиват, кој е најмладиот град во заливот Бока. Градот е прилично мал и се наоѓа околу центарот и брегот. Главното шеталиште богато со палми е полно со ресторани и кафетерии а преубавите јахти го прават ова место луксузно и доста атрактивно за туристите. Атрактивен е во зима и во лето, со пријатна медитеранска клима. Тиват е модерен медитерански град ориентиран кон развој на туризмот и град што станува од ден на ден повеќе привлечен за туристите. Слободно време за индивидуален разглед. По прошетката заминување кон Македонија а попатно се земаат патниците кои не одат на овој факултативен излет.


5ден 13.10 (понеделник) МАКЕДОНИЈА
Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.


Цена на аранжманот:  119€ / 7.380мкд

Промо цена: 99€ / 6.140мкд


 Во цената на аранжманот е вклучено:

  • 2 ноќевања во Будва во приватни апартмани;
  • Превоз со високо туристички автобус на наведената релација;
  • - Посета на Манастир Острог;
  • - Разглед на Будва;
  • - Организација, реализација и придружник на патувањето.

 Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

  • Факултативен излет до Дубровник - 40 (патникот при уплата на аранжман, задолжително се изјаснува дали ќе оди на екскурзијата или не, во автобус се уплаќа за екскурзијата);
  • Факултативен излет до Тиват, Котор и крстарење по Бока Которска - 40 (патникот при уплата на аранжман, задолжително се изјаснува дали ќе оди на екскурзијата или не, во автобус се уплаќа за екскурзијата);
  • - Туристичка такса за Будва и Острог 5 од лице. Се плаќа задолжително од лице во автобус;
  • Влезници за културно историските локалитети;
  • Патничко осигурување.
  • Доплата за еднокреветна соба- 50+ од сумата на аранжманот.

 Напомена: 

  • - За реализација на аранжманот потребен е мининум од 40 патници;
  • Превозот дали ќе биде со автобус или комбе зависи од бројот на патници.
  • - Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки однесување во автобус од страна на организаторот.
  • - Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош,комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Важност на патните документи мин. 3 месеци по завршувањето на патувањетo.
  • - Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот најдоцна 5 дена пред поаѓање.
  • - Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • - Уплата исклучиво во денари.

 За овој аранжман важат Општите услови на патување на СКТМ.