Хотел "CALYPSO" 3* - Ханиоти
|
Хотел "Calypso" 3* е лоциран на главниот влез во Ханиоти, односно на 50m од плоштадот, опкружен до многуте барови, ресторани, продавници и на околу 150m од плажа. Хотел "Calypso" е декориран со традиционална грчка архитектура што го прави најдобар и најкаракеристичен хотел во Ханиоти. Со својот уникатен стил и удобности, Хотел "Calypso" Ви нуди чувство на приватност и релаксација...
Хотелски соджини: располага со 77 хотелски соби, од кои 60 Standard и 17 Superior или вкупно 170 легла. Собите се наоѓаат на високо приземје, први и втори кат, базен со две нивоа на длабочина, со лежалки и чадори, лоби бар покрај базенот со голем избор на пијалоци, ресторан во кој се служи појадокот, рецепција со лоби бар, Wi-Fi интернет (на рецепција)...
Хотелско сместување: Standard собите се состојат од 2 редовни легла, а додека Superior собите имаат 3 редовни легла. Секоја од собите е опремена со мини фрижидер, клима, купатило со фен, крпи за раце и тело, TV, гардеробер, телефон, тераса со масичка и столчиња со поглед кон шеталиште, базен или море...
Хотелски услуги: Појадок, (шведска маса), во ресторанот на хотелот. Чистењето на собите е секојдневно, менување на постелнина и крпи на 3 дена.
Максимално сместување: 2 возрасни и 2 деца (1-во дете до 12 год. / 2-ро дете до 6 год.) или 3 возрасни лица.
.
1ден/ 03.05 (петок) ШТИП - ХАНИОТИ
Поаѓање од Скопје, Куманово, Штип, Велес и Неготино. Состанок на групата рано наутро во договорено време и поаѓање за Грција. Патувањето се одвива преку граничниот премин Богородица со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Ханиоти и сместување во хотел Калипсо. Слободно време за индивидуални активности, релаксација и одмор. Ноќевање.
2ден/ 04.05 (сабота) ХАНИОТИ
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности, прошетки, релаксација и одмор. Ноќевање.
3ден/ 05.05 (недела) ХАНИОТИ
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности, прошетки, релаксација и одмор. Ноќевање.
4ден/ 06.05 (понеделник) ХАНИОТИ - МАКЕДОНИЈА
Појадок. Напуштање на собите согласно хотелското правило. Слободно време за индивидуални активности до времето предвидено за поаѓање кон Македонија. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Патувањето се одвива преку граничниот премин Богородица со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.
"Calypso" 3* |
термин | 03.05 - 06.05.2024 |
3 ноќи со појадок | ||
Цена по лице | 7.380 мкд |
|
Дете до 6 години | 2.170 мкд | |
Дете од 6-12 години | 4.650 мкд | |
Трето возрасно лице | 6.140 мкд |
Во цената на аранжманот е вклучено:
– Автобуски превоз на наведената релација;
– Сместување во избраниот хотел, тип на соба и услуга на база 3 ноќи;
– Calypso 2*+ www.hotelcalypso.gr услуга BB (ноќевање со појадок)
– Организација, реализација и туристички придружник на патувањето.
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Задолжително патничко и здравствено осигурување;
– Туристичка такса 1,5€ по соба од ноќ (доплата на рецепција во хотел);
– Индивидуални трошоци.
НАПОМЕНА:
За ова патување потребно e да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истекување.
Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
Цените се дадени по лице за најмалку 2 лица во соба.
За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и Медитеран.