TA Mediteran

Font Size

SCREEN

Profile

Layout

Menu Style

Cpanel

COVID-19 / Информација

 

АКТУЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА СТРАНКИ !

во врска со вирусот Корона (COVID-19)

          
 

 

 
 

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ !!! 

  

 

Почитувани патници,

имајќи ја предвид моменталната состојба на прогласена пандемија и ширење на коронавирусот (COVID-19) и прогласување вонредна состојба,  имено, Владата на Република Северна Македонија, на седница одржана на 24 март 2020 година, донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за туристичката дејност за време на вонредната состојба, објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.80/20 (во понатамошниот текст ,,Уредбата од Сл.Весник“).
Поради ограничувањата во патувањето на граѓаните, затворањето на аеродроми и граници, како и објектите за сместување на неопределен период, Медитеран-Агент ДОО, донесе одлука за откажување на сите аранжмани во сопствен закуп за Лето 2020, за сите дестинации надвор од Р.С.М. заклучно до 04-ти Октомври 2020 година, поради неможност да се реализираат под објавените услови на планирани термини на патување,
доколку не се создадат услови за патување.

 

Уредбата предвидува обврска за туристичките агенции за издавање на ваучери на патниците/субагенти во случај на откажување на своите аранжмани за време на вонредна состојба.  За откажаните аранжмани, МеДИТеРАН ќе им издаде на патниците/субагентите, вредносен ваучер на уплатениот износ.  Информациите дадени во ова соопштение се однесуваат за сите веќе откажани патувања во време на траење на вонредната состојба (од 16 март 2020 година).

За таа цел, врз основа на примена на одредбите од Уредбата и врз основа на мислењето дадено од страна на Министерството за економија – сектор за туризам и угостителство, во продолжение Ви ги презентираме условите и начинот за подигнување и користење на ваучерите:

 

  • -  Сите туристички агенции кои ги имаат откажано своите аранжмани за време на траење на вонредната состојба се должни да издадат нов ваучер на корисникот на ваучерот (патникот) за туристичкиот аранжман;
  • -  Ваучерите ќе се издаваат во три примероци, со рок на важење најдоцна до 31.12.2021 година. (еден примерок од Ваучерот ќе се достави и до Министерството за економија заради евиденција);
  • -  Начинот на издавање на Ваучерите ќе се реализира во согласност со двете страни, односно туристичката агенција (носител на аранжманот) и корисникот на ваучерот (патникот) ќе се договорат за: дестинацијата, терминот на поаѓање, времетраење на аранжманот;
  • Издадениот ваучер, патникот ќе има можност да го искористи за аранжмани достапни во понудата на туристичката агенција MеДИТеРАН (носител на аранжманот)
  • -  Важно, за резервациите за кои ќе се создадат услови за непречено патување и реализација на аранжманот (отворени граници,хотели и сл), и ако е  во согласност со клиентите, агенцијата ќе се потруди да се потврдат веќе договорените датуми.
  • -  Вредноста на ваучерот ќе биде во ист износ колку што е уплатената сума од страна на клиентот за аранжманот кој е откажан поради вонредната состојба, при избор на нови датуми и поскап аранжман, патникот е должен да ја доплати разликата .
  • -  Ваучерите кои ќе бидат издадени од страна на туристичките агенции, патниците ќе можат да ги подигнат лично во туристичките агенции каде имале извршено уплата/резервација на аранжманот или по барање на патникот истиот ваучер може да им биде испратен по електронски пат, е-маил.
  • -  Ваучерите кои ќе бидат издадени и гласат на име на патникот кој извршил уплата/резервација, можат да бидат преносливи, односно Ваучерот може да се искористи и од страна на друг патник по договор меѓу патникот и туристичката агенција.


Информациите дадени во ова соопштение се однесуваат за сите патници, кои имаат уплатени аранжмани за лето 2020.

Важна напомена: Во случај на отварање на сезоната - лето 2020 Грција и доколку постојат услови за реализирање на патувањата кон Република Грција, патниците можат, по претходна најава во агенцијата и по договор со агенцијата да го искористат ваучерот како платежно средство за истите термини за кои имаат уплатено или за друг термин.  


Погледнете понуда / Лето 2020

следете не

twinter rss
Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.