И Т А Л И Ј А
Венеција - Милано
Термин: 10 октомври 2024 | 4 дена / 2 ноќи / Автобус
1ден/ 10.10 (четврток) СКОПЈЕ
Состанок на групата на паркингот кај хотел Русија во 16.30 часот. Поаѓање за Италија во 17.00 часот. Патувањето се одвива преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Ноќно возење.
2ден/ 11.10 (петок) ТРСТ
Пристигнување во утринските часови во Трст. Слободно време за индивидуална прошетка (околу 2 часа) низ центарот на Трст, плоштадот Piazza Unità d’Italia, античкиот театар, катедралата на Сан Густо, паркот направен во чест на паднатите борци, српската црква св. Спиридон… Во договореното време, поаѓање кон Лидо ди Јесоло, со попатна посета на познатиот шопинг центар Noventa di Piave Designer Outlet (околу 2 часа), кој е познат по ниските цени за сите познати дизајнерски брендови. Продолжување кон Лидо ди Јесоло и сместување во хотел. Слободно време за ноќна прошетка низ Лидо ди Јесоло. Ноќевање.
3ден/ 12.10 (сабота) МИЛАНО
Појадок. По појадокот во хотелот групата се упатува на факултативна посета на Милано... Замокот Sforzesco, Arco de la Pace, паркот Sempione, населбата Brera, познатата опера Scala di Milano, галеријата Vittorio Emanuele II, и се разбира познатата миланска катедрала, Il Duomo di Milano. Слободно време за индивидуална прошетка низ градот на модата, можност да пробате некој од локалните специјалитети, како што се миланското рижото, познатото џелато, панцерота, тестенини или пица во големиот број ресторани сместени во преубавиот центар на градот. Во попладневните часови поаѓање назад кон Лидо ди Јесоло. Ноќевање.
4ден/ 13.10 (недела) ВЕНЕЦИЈА - СКОПЈЕ
Појадок. По појадок во хотелот, одјавување и поаѓање кон Пунта Сабиони, пристаништето каде со брод се упатуваме кон безвременскиот град на вода, Венеција. Плоштадот Сан Марко, Дуждевата палата, каналот Гранде, мостот Риалто… Слободно време за индивидуална прошетка. Во договорено време, од пристаништето во Венеција, се упатуваме кон Пунта Сабиони. Поаѓање кон Македонија. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска, Србија со попатни паузи за одмор и обавување царински формалности.
5ден/ 14.10 (понеделник) - СКОПЈЕ
Пристигнување во Македонија во пладневните часови.
Цена на аранжманот: 139€ / 8.620мкд
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со високотуристички автобус;
- 2 ноќевања со појадок во хотел со 3*;
- Посета на Трст и Noventa di Piave Designer Outlet;
- Организација и водство на програмата;
- Лиценциран туристички придружник.
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Задолжителна посета на Венеција со брод и локален водич – 25€;
- Туристичка такса за влез во Венеција – 5€ по лице;
- Факултативна посета на Милано со локален водич – 55€;
- Трансфер од Штип, Неготино, Кавадарци, Велес и Гевгелија– 10€ по лице (во правец).
- Патничко осигурување;
- Туристичка такса (околу 5€ се плаќа на рецепција во хотелот);
- Индивидуални трошоци.
Напомена:
- За реализација на овој аранжман се потребни минимум 50 патници.
- Задолжителна проверка на пасошот. Треба да има важност минимум 6 месеци.
- За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 14 дена пред поаѓање.
- Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати.
- Доплата за еднокреветна соба 40€.
- Доплата за дете до 12 години – 129€.
- За уплата, исклучиво во денарска противвредност.
- Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.
За овој аранжман важат Општите услови за патување на Медитеран и СКТМ