Т О С К А Н А
со Чинкве Тере
Посетете ги најубавите градови на романтичната Тоскана... Доживејте ги ремек делата на Микеланџело, Леонардо, Донатело, Макијавели во Фиренца, прошетајте по познатиот плоштад на кој се одржува “palio”- трка на коњи во Сиена, сликајте се со кривата кула во Пиза…Тоскана е регија на полиња од сончогледи, дрвореди од чемпреси, виногради во недоглед, раскошни замоци во контраст со идилични куќи од камен и цигли, и сето ова делува како средновековна бајка или слика од некој ренесансен уметник. Секој врв од малите ридчиња како да се натпреварува со другиот во архитектурата на малите прекрасни стари камени градби. Ако на сето ова ги додадеме гастрономските специјалитети и квалитетните вина, Ве уверуваме дека пред Вас е патување кое сигурно ќе го паметите.
Термин: 9 октомври 2024 | 6 дена / 3 ноќи | Автобус
1ден / 09.10 (среда) СКОПЈЕ - ИТАЛИЈА
Состанок на групата околу 11:00ч. на дрводекор. Поаѓање за Италија во 11:30ч. Патување преку Србија, Хрватска и Словенија, со попатни паузи за одмор, пасошка и царинска контрола. Ноќно возење.
2ден / 10.10 (четврток) БОЛОЊА - МОНТЕКАТИНИ
Попатно посета на Болоња (пристигнување во зависност од попатните околности) и следува пешачки разглед на градот. Ќе имате можност да се запознаете со универзитетска Болоња – величествен средновековен град со ренесансни палати и аркади, замоците “близнаци“, плоштадот Маџоре, палатата на кралот Енца, базиликата на Свети Петрони, фонтаната Нептун… За Болоња важат епитетите – учена, црвена и дебела. Учена бидејќи тука е основан првиот Универзитет во Европа, црвена поради бојата на фасадите и крововите и дебела поради својата богата кујна. По разгледот и кратката пауза (вкупно 2-3 часа), следува поаѓање за Монтекатини. Сместување во хотел и слободно време за одмор. Во вечерните часови организирана прошетка низ Монтекатини. Ноќевање.
3ден / 11.10 (петок) МОНТЕКАТИНИ - ЧИНКВЕ ТЕРЕ -ПИЗА - МОНТЕКАТИНИ
Појадок. После појадкот заминување на целодневна посета до најпознатите и најживописни селца на Италијанската ривиера. Разглед на регионот со водич. Пристигнување во градот La Spezia од каде се продолжува со воз. Cinque Terre е област лоцирана на Лигурското крајбрежје сочинета од 5 селца: Monterosso al Mare, Vernazza, Corniglia, Manarola и Riomaggiore, кои со околните планини го сочинуваат Националниот парк CINQUE TERRE, кој е под заштита на UNESCO. Овој дел од Италијанската ривиера е еден од најпознатите и живописен туристички центар. Враќање во La Spezia. Потоа се упатуваме кон Пиза, град на бреговите на Тосканската ривиера, некогашна моќна поморска сила чијашто флота скоро 150 години била најголемата сила на Средоземното море. Посета на центарот на градот каде се сместени трите обележја на овој град: Piazza Dei Miracoli, Катедралата DUOMO, крстилиницата San Giovanni, Кривата Кула (која вооедно е и најпознатата кула во Италија), Campo Santo (Стари гробишта). Слободно време за индивидуална прошетка. Поаѓање за Монтекатини. Ноќевање.
4ден / 12.10 (сабота) МОНТЕКАТИНИНИ – СИЕНА – САН ЏИМИЊАНО - МОНТЕКАТИНИ
Појадок. После појадокот заминување на целодневен излет во градовите Сиена и Сан Џимињано. Пристигнување во Сиена, градот кој низ историјата претставуал најголем ривал на Фиренца и втор по важност во Тоскана по богатата ризница на уметничко и културно наследство. Разглед на градот: црквата San Domenico, Катедралата Siena –Metropolitana di Sandra Maria Assunta, PallazoSalimbeniи Piazza Salimbeniи плоштадот Del Campo – плоштад во облик на школка на кој се одржува познатата коњска трка Palio. Слободно време за прошетка до поаѓањето за Сан Џимињано. Пристигнување во San Gimignano, типично тосканско градче опкружено со винови насади и маслинови градини. “San Gimignanodala belle Tore” во кој е добро сочуван амбиентот од XIIIи XIV век, и 14-те кули кои прават една целина на ова живописно мало тосканско градче. Слободно време за индивидуална прошетка. Враќање во Монтекатини. Слободна вечер. Ноќевање.
5ден / 13.10 (недела) МОНТЕКАТИНИ – ФИРЕНЦА - СКОПЈЕ
Појадок. После појадокот, заминување за Фиренца, лоцирана во срцето на Тоскана на реката Арно, својот подем го доживува за време на моќната Фамилијата МЕДИЧИ кои владееле од XIV- XVII век, кои се познати како големи мецени на уметноста и културата, потикнувачи на ренесансниот период. Разглед на градот со локален водич: Палатата Векио, Катедралата Дел Фиори, Крстилницата Сан Џовани, Плоштадот Сињори, Галеријата УФИЦИ, Мостот ПОНТЕ ВЕКИО, Црквата Санта Кроче, Палатата Пити…Во попладневните часoви поаѓање за Скопје. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со попантни паузи за одмор, пасошка и царинска контрола.
6ден / 14.10 (понеделник) МОНТЕКАТИНИ – ФИРЕНЦА - СКОПЈЕ
Планирано пристигнување во Скопје во попладневните часови.
Цена на аранжманот: 209€ / 12.960 мкд
Промо цена: 179€ / 11.100 мкд
(со задолжителна резервација на пакет факултативи по цена од 120евра)
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со високотуристички автобус;
- Сместување во хотел со 3* во Монтекатини на база 3 ноќевања со појадок;
- Организирана посета на Болоња;
- Организација, реализација и придружник на патувањето.
- Бесплатен трансфер од Битола, Прилеп, Црна Река (Сирково) и Велес.
Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:
- Целодневен излет на Чинкве Тере 50€ (трансфер со воз, Cinque Terre card до 5-те села и трансфер од железничка до La Spezia, доплата на лице место);
- Посета на Сиена и Сан Џимињано 50€ (трансфер, локален водич, доплата на лице место);
- Задолжителна посета на Фиренца 30€ (трансфер, локален водич, доплата на лице место);
- Туристичка такса во хотел во Монтекатини (3€ по лице од ноќ, доплата на лице место);
- Задолжително патничко осигурување.
Напомена:
За реализација на аранжманот и факултативните излети предвидени по програмата, потребен е минимум од 45 патници.
За ова патување потребно e да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 6 месеци пред истек од датумот на враќање.
За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
За резервации, задлолжителна уплата во денари.
Агенцијата го задржува правото на откажување на програмата, најкасно 7 дена пред поаѓање.
За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и МЕДИТЕРАН.