Л У К О В С К А Б А Њ А
Луковска Бања е лоцирана во јужниот дел на Србија, на источните падини на Копаоник. Со поставеност од 681м надморска висина, таа е највисоката бања во Србија со пријатна умерено континентална клима и голем број на сончеви денови. Карактеристична е по своите термо минерални извори, едни од најбогатите во земјата, недопрената природа на шумовитиот Копаоник и чистиот планински воздух. Модерните погодности и базени во Велнес и СПА центарот на хотел Јелак во комбинација со релаксираните прошетки низ преубавата природа се подлога за идеален одмор.
Термин: 11 Октомври 2024 | 3 дена - 2 ноќи | Автобус
1ден/ 11.10 (петок) СКОПЈЕ - ЛУКОВСКА БАЊА
Состанок на групата рано наутро во 05.30 часот на паркингот кај спортска сала Борис Трајковски (кај пералните). Поаѓање за Србија во 06 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Луковска Бања околу пладне и сместување во соби. Слободно попладне за индивидуални активности, време за одмор, релаксација и користење на содржините од Велнес Центарот. Вечера. Ноќевање.
2ден/ 12.10 (сабота) ЛУКОВСКА БАЊА
Појадок. Организирана прошетка со локален водич низ поширокиот центар на Луковска Бања во прекрасна природа по т.н. Патеки на Здравјето; Горни Вирови, Милутиново Купатило, Луковска Река... Враќање во хотел. Слободно време за индивидуални активности, одмор и релаксација во Велнес Центарот. Вечера. Ноќевање.
3ден/ 13.10 (недела) ЛУКОВСКА БАЊА
Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
Цена на аранжманот: 185€ / 11.470 мкд
Промо цена: 165€ / 10.230 мкд (за уплата до: 15.09.2024)
Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со туристички автобус на наведената релација.
– Сместување во Хотел Бела Јела 4* на база 3 ноќевања (ТВ, Wi-Fi конекција, бањарки и фен за коса).
– Исхрана на база 2 полупансиони (појадок и вечера шведска маса) .
– Користење на надворешен и внатрешен базен со термална вода со температура од 33-35⁰C
– Користење на Велнес центар (солена соба, парно купатило, сауна, топли клупи – тепидариум, релакс зона).
– Организирана прошетка низ Луковска Бања со локален водич.
– Туристичка такса.
– Организација и реализација со туристички придружник.
Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:
– Задолжително патничко осигурување;
– Индивидуални трошоци (масажи, пијалок и останати неспоменати услуги).
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
– Дете 2-7год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет бесплатно во хотел плаќа само превоз 35€/2.170ден (на барање).
– Дете 7-12год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет плаќа 80€/4.960ден.
– Трет возрасен на дополнителен кревет плаќа полна сума.
– Доплата за еднокреветна соба 30€ /1.860ден на цената на аранжманот.
– Доплата за одбирање на ред на седење во автобус – 10€/620ден (мин. 2 седишта)
– Доплата за дополнително седиште во автобус -45€/2.170ден
– Намалување за сопствен превоз -10€/620ден од патник.
НАПОМЕНА:
- За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош најмалку 3 месеци пред истек, или валидна лична карта.
- За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници.
- За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
- Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
- Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
- Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни валидни за најмалку 2 лица во соба.
- Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата, во случај на потреба.
За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ.