В Р Њ А Ч К А Б А Њ А
Врњачка Бања позната е по своите лековити води и претставува центар со најсовремена медицинска служба за превенција ,лечење ,дијагностицирање и рехабилитација на органите за варење и шеќерни болести. Топлата вода во Врњачка Бања има температура од 36.5 степени целзиусови колку што е температурата на човечкото тело по што е единствена во Европа. Врњачка Бања располага со 7 познати минерални извори: Снежник, Слатина ,Топла Вода, Езеро,Борјак, Бели извори и Врњачко врело, од кои 4 се за лековита терапија (Снежник,Слатина,ТоплаВода и Езеро) додека другите две се користат за флаширање на минерална вода (Борјак и Врњачко врело).
Термин: 11-ти Октомври 2024 | 4 дена / 3 ноќи | Автобус
1ден/ 11.10 (петок) СКОПЈЕ - ВРЊАЧКА БАЊА
Состанок на групата на паркингот кај спортска сала Борис Трајковски (кај пералните) рано наутро во 05.30 часот. Поаѓање за Србија во 06.00 часот. Патот води преку граничниот премин Табановце со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Врњачка Бања околу пладне и сместување во хотел Фонтана 4*. Кратко време за одмор и освежување од патувањето и заминување на информативна прошетка и пешачки разглед на Врњачка Бања: Мостот на Љубовта, изворот Топла Вода, Римските извори, изворот Снежник, изворот Језеро и изворот Слатина... По разгледот враќање во хотел, слободно попладне за одмор, релаксација и користење на СПА содржините на хотелот. Ноќевање.
2ден/ 12.10 (сабота) ВРЊАЧКА БАЊА
Појадок. Moжност за факултативна посета на манастирот Жича. Манастирот со потекло од првата половина на 13от век, познат е по тоа што тука бил крунисан тогашниот прв крал на Србија, Стефан Немања, братот на Свети Сава. Внатрешноста на црквата е облагородена со фрески кои водат потекло од раниот 13ти век и припаѓаат на т.н. Златно доба на српското сликарство. Манастирот заради своето особено значење денес е заштитен како споменик на културата на Србија. Враќање назад во хотелот, слободно време за индивидуални активности, релаксација и одмор, можност за користење на СПА содржините вклучени во цената. Ноќевање.
3ден/ 13.10 (недела) ВРЊАЧКА БАЊА - СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување за Македонија. Во договорено време со водичот на групата заминување кон Македонија. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце, со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Планирано пристигнување во Скопје во вечерните часови.
Цена на аранжманот: 159€ / 9.860мкд
Промо цена: 139€ / 8.620мкд (за уплата до: 15.06.24)
Во цената на аранжманот е вклучено:
- - Превоз со високотуристички автобус на наведената релација;
- - Сместување во хотел Фонтана 4* во центарот на Врњачка Бања во СУПЕРИОР соби;
- - Организирана прошетка и разглед низ Врњачка Бања;
- - Исхрана на база 2 ноќевања со поjaдок, можност за доплата за вечера 15 евра по лице од ноќ;
- - Секојдневно користење на Велнес и Спа центар (еден влез дневно);
- - Wi-Fi интернет пристап на јавни површини и во соби;
- - Организација, реализација и лиценциран придружник на патувањето.
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- - Задолжително патничко и здравствено осигурвање;
- - Доплата за туристичка такса 5€/310ден вкупно за 2 ноќи (доплата во агенција);
- - Факултативна посета на манастирот Жица 5€ (доплата на лице место);
- - Доплата за еднокреветна соба 30€/1.860ден на цената на аранжманот;
- -Намалување за сопствен превоз 10€/620мкд по патник.
Напомена:
-
- За ова патување потребно e да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек, или валидна лична карта.
- - Патувањето е според моменталниот протокол за автобуски сообраќај со запазени сите мерки и протоколи за заштита против КОВИД.
- - За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање. - Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
- - Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
- - Цените се дадени по лице за најмалку 2 лица во соба.
- - За реализација на факултативите потребен е минимум од 20 патници, во случај на недоволен број на пријавени, агенцијата го задржува правото за отказ на факултативата.
- - Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
- - Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата во случај на потреба.
- - За ова патување важат Општите Услови за Патување на СКТМ и Ваикики Травел.
За овој аранжман важат Општите услови на патување на МЕДИТЕРАН и СКТМ.