TA Mediteran

Font Size

SCREEN

Profile

Layout

Menu Style

Cpanel
Автобуски програми | 11-ти ОКТОМВРИ

11-ти Октомври / Атина

  термин: 10.10-2ноќи | 129 / 8.000мкд

 

А Т И Н А


Атина - град посветен на божицата Атина, по која го добил името, која е  и негова заштитничка. За историјата на човештвото е значајна бидејќи тука се поставени темелите на парламентарната демократија и слободните избори. Но сепак, прва асоцијација при спомнувањето на Атина е Акропол со Партенон, како најголем и најзначаен храм кој доминира со Атина две и пол илјади години.  Атина е секогаш доживување, посебно во ноќните часови. Затоа ви ја нудиме можноста да ја почувствувате магијата на  грчката престолнина, што ќе го направи вашиот престој незаборавен.

 


Автобус | 5 дена - 2 ноќи / термин: 10 Октомври 2024
 



1ден/ 10.10 (четврток)  СКОПЈЕ - АТИНА
Состанок на групата на Хотел Русија во 19:30 часот. Поаѓање за Атина во 20:00 часот. Ноќно возење со попатни паузи поради одмор и царински формалности. Организиран превоз од: Кочани (судот), Штип (лукоил бензинска), Велес (Макоил бензинска), Неготно (макпетрол бензинска) и Гевгелија (граничен премин).


2ден/ 11.10 (петок)  АТИНА
Пристигнување во Атина. Панорамско разгледување на градот (Плоштадот Омониа, Плоштадот Синтагма каде се наоѓа Парламентот и стражата на Евзони, Олимпискиот стадион, Зевсовиот храм, Хадријановата врата, Бајроновиот споменик, Националната библиотека, универзитет...) Акропол (Пропилеј, Партенон, Ерџтејон...) што во превод значи град на рид. Старото население поради одбрана бирало земјиште најчесто на ридови со стрмни страни и на таквите места се правеле тврдини во многу делови на светот кој потоа станувале центар на големи градови кој што се развивале. Многубројните освојувачи на Акропол извршиле измени на ова место. Сместување во хотел. Слободно веме за индивидуален разглед. Ноќевање.


3ден/ 12.10 (сабота)  ПЕЛОПОНЕЗ
Појадок. Екскурзијата започнува во 08:00ч по локално време. Првото место што ќе го посетиме е Коринтскиот залив, кој ги соединува Саронскиот залив на Егејско море и Лахејскиот залив на Јонско море од каде се оди на полуостровот Пелепонез. Oвој канал се градел 11 од 1881 години и бил завршен 1893 година. Долг 6.4 километри и широк само 25 што во тоа време било чудо и поради тоа современите бродови имаат проблем да поминат покрај каналот. Ќе имате можност да направите фантастични фотографии од мостот. Екскурзијата продолжува и се посетува најголемиот и најдобро сочуваниот приметок на класичен грчки театар во Гррција кој датира од 4 век п.н.е, Епидариус. Замислите ќе посетите театар кој е 2400 години стар! Ова е уметничко дело, секој звук на сцената без разлика дали е крик или шепот, длабока воздишка или звук на палење на кибрти, може да се слушне низ театарот дури и во последните редови. Не верувате? Ви препорчуваме да го посетите и да се уверите.  Се смета дека распоредот на седиштата е всшност акустичен филтер кој овозможува да се намали бучавата во позадина, како што е мрморењето на публиката, притоа нагласувајќи ги звуците со поголема фреквенција што доаѓаат од сцената. Најголемиот грчки театар е висок 114 метри и може да прими од околу 13.000 луѓе. Во 1998 година е под заштиа на УНЕСКО. По посетата на Епидариус се посетува градот Нафплио. Според легендата го основал Нафлиј, синот на богот Посејдон и Амимон. Првиот главен град на Грција се наоѓа на два часа возење од Атина и зрачи со венецијански шарм, благодарение на италијанскиот стил на градба. Кога ќе шетате низ градот ќе се почувствувате дека сте во градо Керкира или пак на момент во Венеција/Болоња, ќе помислите дека сте го посетиле овој град некогаш а всушност за прв пат ќе бидете. Долгите пешачки улици на стариот град нудат бескарјни можности за купување од автентични грќки сувенири. Мал град со многу енергија е вистинскиот избор за уживање во храната. Овде ќе имате слободно време за фрапе на преубавото пристаниште или ручек во тесните улички. Последното место за овој ден е предвиден за градот Микена кој е најважните археолошки локалитети во Грција. Според митологијата, ова бил градот на легендарниот Агамемнон, водачот на Грците за време на Тројанската војна. Најпознатите места на Микена се Лавската порта, влезот на градот и Ризницата на Атреј. Од највисоката точка на Микена има преубав поглед кон море и секако градот Нафплио. Денот завршува со посета на Глифада, населба позната по енергичната атмосфера, забава, бројни ресторани, кафулиња и секако голем избор за шопинг. Слободно време за индивудални активности. Враќање во хотел. Ноќевање.


4ден/ 13.10 (недела)  АТИНА - ПИРЕЈА - СУНИОН - СКОПЈЕ
Појадок. Заминување на екскурзија. Првото место што ќе го посетите е пристаниште Пиреја. Некогаш ненаселен остров во близина на Атина, во текот на 5 век п.н.е.. но со полнење на земјата и градење на ѕидови, Пиреја стана дел од градот и атинското присташиште, едно од најголемите пристаништа во овој на дел на Медитеранот. Панормаски разглед на Пиреја што ќе ве воодушеви. Ќе имате можност да ги видиите стадионот на фудбалскиот клуб Олимпијакос. Последното место за посета е Сунион, храмот на Посејдон. На ова место се случила една од најголемите трагедии во грчката митологија, Сунион е веднаш до Делфи, еде од најубавите пејсажи во Грција и пошироко. Храмот на Посејдон стои сам на карпа покрај морето, од кае што атинскиот крал Егеј се врли во очај кога ги видел црните една на бродот на својот син. Неговиот син Тезеј, херојот кој го победил Минотаурот и кој во знак на победа требало да подигне бели еда по враќање во својата татковина во брзање заборавил да го стори тоа што довело до неопислива трагедија. Погледот од Сунион кон отворено море е фантастичен, ќе имате можност да уживате и да пиете кафе со поглед на море. Заминување кон Атина. Се зимаат патниците кои не одат на овој факултативен излет и се поаѓа кон Македонија.


5ден/ 14.10 (понеделник)  СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.


Цена на аранжманот: 155€ / 9.610мкд
Промо цена за уплата до 20.09.24: 129€ / 8.000мкд


Во цената на аранжманот е вклучено:

 - Автобуски превоз на наведената релација;
 - 2 ноќевања со појадок во хотелско сместување со 3* во центарот на Атина;
-  Панорамски разглед на градот;
-  Ноќна посета на Глифада (населба);
-  Туристички придружник од агенција.


Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

 - Патничко осигурување;
 - Пакет 1- Посета на Пелепонез (Нафплио, Епидариус и Микена)- 45е *Влезниците за Епидариус и Микена не се вклучени во пакетот (Епидариус 12е и Микена 12е);
 - Посета на Пиреја и Сунион- 30 евра;
 - Влезница за Акропол со локален водич- 30 евра (разглед со локален водич);
 - Туристичка такса- 4 евра од лице;
 - Пакет 2- (Пелепонез,Пиреја, Сунион и Акропол)- 90 евра;
 - Индивидуални трошоци;
 - Доплата за синг соба 60 евра за две вечери.


Напомена:

За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата.
Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари.
За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање.
Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и место на поаѓање.


 За овој аранжман важат Општите услови на патување на СКТМ.

{uniform form=8/}

следете не

twinter rss
Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.