Б Е Л Г Р А Д
сместување во хотел со 3* или 4*
Tермин: 11 октомври 2024 | 3 дена / 2 ноќи со aвтобус
1ден/ 11.10 (петок) СКОПЈЕ - БЕЛГРАД
Состанок на групата во 23:30h (10.10.2024) и поаѓање кон Белград во 00:00h, патот води преку граничен премин Табановце. Ноќно патување кон Белград со попатни паузи и царински формалности. Пристигање во Белград во утринските часови, со локален водич се упатуваме кон разглед на Белград (автобус+пешачка тура), Белградска тврдина, Калемегдан и прошетка по најпознатата белградска улица - Кнез Михајлова. Во договореното време собир на групата и се упатуваме кон хотелот. Сместување. Слободно време за одмор или индивидуални активности. Ноќевање.
2ден/ 12.10 (сабота) БЕЛГРАД - НОВИ САД - БЕЛГРАД
Појадок. После појадокот организиранa факултативна посета на Нови Сад и Сремски Карловци со локален водич. Прво пристигнуваме во Сремски Карловци, се запознаваме со белиот чинар, Соборната црква, Католичката црква, фонтаната со 4 лавови итн...Местото е познато по своите вински подруми, следува посета на винарија каде ќе имате можност на бесплатна дегустација на две вина од кој едно од нив било на менито на Титаник (Бермет). Во договореното време се упатуваме кон Петроварадинската тврдина која се наоѓа во населбата Петроварадин од која имаме прекрасен поглед кон реката Дунав. Се упатуваме кон Нови Сад, пристигнување и разглед на центарот на градот, католичката црква, Владичанскиот двор, плоштадот со градско собрание...слободно време за кафе и ручек. Во договореното време се враќаме за Белград. Ноќевање.
3ден / 13.10 (недела) БЕЛГРАД - МАКЕДОНИЈА
Појадок. После појадокот одјавување од хотел. Следува факултативно крстарење на Дунав и Сава околу час и половина. На крај од програмата се упатуваме кон трговскиот центар Ушче, слободно време за индивидуална прошетка во трговскот, време за ручек, кафе или шопинг...Околу 15 часот планирано време за поаѓање кон Македонија. Денско и ноќно возење со попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во вечерните часови.
Цена на аранжманот: 139€ / 8.620мкд
Промо цена: 119€ / 7.380мкд (за уплата до 25.09.24)
Во цената на аранжманот е вклучено:
- превоз на наведената релација со туристички автобус;
- 2 ноќевања со појадок во хотел 3* во Белград;
- Дегустација на вино во Сремски Карловци (за патниците кои доаѓаат на факултатива);
- Разглед на Белград со локален водич;
- организација и реализација на патувањето со лиценциран придружник од агенција.
Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:
- Факултативна посета на Сремски Карловци (со вклучена дегустација на вино) + Петроварадинска Тврдина + Нови Сад (со локален водич) - 25 евра;
- Факултативно крстарење по Дунав и Сава - 20 евра;
- туристичка такса - 3 евра по лице за цел престој (се плаќа во агенција при резервација / задолжитено);
- Патничко осигурување.
Напомена:
- За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, краен рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е 5 дена пред датумот на поаѓање;
- За овој аранжман може да се патува и со лична карта;
- Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини на програмата;
- Уплата исклучиво во денари.
За овој аранжман важат Општите услови на патување на МЕДИТЕРАН и СКТМ.