Б У Д В А
со посета на Острошки Манастир
Термин: 10 Октомври 2024 | 4 дена - 2 ноќи | Aвтобус
1ден 10.10 (четврток) СКОПЈЕ - БУДВА
Организирано поаѓање од повеќе градови. Состанок на групата, поаѓање околу 22:00 часот. Транзитот се одвива преку, Косово и Албанија. Ноќно возење.
2ден 11.10 (петок) ОСТРОГ - БУДВА
Во раните утрински часови пристигнување на Острошки манастир - сместен во високо карпест предел, основан од страна на Св. Василије Острошки во XVII век. Острошки манастир - најпосетениот манастир во Црна Гора т.е третото место по посетеност во светот на православието. Денес во истиот се наоѓаат моштите на Св.Василиј Острошки за кои се верува дека се чудотворни. Поаѓање кон Будва. Сместување во приватни апартмани во попладневните часови. Слободно време за одмор и индивидуални прошетки низ Будва. Препорачуваме прошетка низ стариот дел на Будва посета и разглед на црквите Св.Иван, Св. Марија, плоштадот... или пак воздишка за кафе или ручек во некој од бројните кафулиња и ресторани долж морскиот брег. Ноќевање.
3ден 12.10 (сабота) БУДВА - ДУБРОВНИК
Во раните утрински часови поаѓање за Дубровник на целодневен факултативен излет. Патувањето се одвива преку Тиват со траект. Препорачуваме прошетка низ стариот дел на градот Дубровник: Страдун, Кнежев двор, Дубровачките градски зидини, статуата на Св.Влах-заштитникот на градот, Катедралата Вознесение на Дева Марија…Попладне враќање во Будва. Ноќевање.
4ден 13.10 (недела) БУДВА - КОТОР - ТИВАТ - ПОРТОМОНТЕНЕГРО - МАКЕДОНИЈА
Напуштање на апартманите. Можност за факултативна посета на Котор. Индивидуална прошетка во стариот дел на градот. Moжност за посета на катедралата Св.Трипун ( заштитник на градот ), Столбот на срамот, црквата Св.Никола, Наш предлог е искачувањето на Которската тврдина. Погледот од истата е фасцинантен и единствено од таму може да произлезат уникатни фотографии. Потоа се упатуваме кон Тиват, разглед нa градот и монденското пристаниште Порто Монтенегро, несекојдневно чувство на богатство, спој на природна убавина и човечки ресурси. Тргнување за Македонија со попатни паузи и царински формалности.
Цена на аранжманот: 119€ / 7.380мкд
Промо цена: 99€ / 6.140мкд
Во цената на аранжманот е вклучено:
- – 2 ноќевања во Будва во приватно сместување;
- – Превоз со високо туристички автобус на наведената релација;
- – Посета на Манастир Острог;
- – Организација, реализација и придружник на патувањето.
Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:
- – Факултативна посета на Дубровник 35 € (доплата на лице место);
- – Факултативна посета на Котор и Тиват 15 €;
- – Превоз од Долниот до Горниот манастир Острог-повратна 3€ (доплата на лице место);
- – Туристичка такса 2€;
- – Влезници за културно историските локалитети;
- – Патничко осигурување.
Напомена:
- - За реализација на аранжманот потребен е мининум од 40 патници;
- - Патувањето се одвива според новите пропишани протоколи за работа со туристички групи.
- - Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки однесување во автобус од страна на организаторот.
- - Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош,комплетна доплата 10 дена пред поаѓање.
- - Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот најдоцна 5 дена пред поаѓање.
- - Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
- - Уплата исклучиво во денари.
За овој аранжман важат Општите услови на патување на СКТМ.