К У М Б У Р Г А З
На само еден час возење од Истанбул, во Општината Бујугчекмеџе се наоѓа Кумбургаз, едно од најпознатите летувалишта во Истанбул. Кумбургаз се наоѓа на европската страна на Истанбул, на брегот на мраморното море, и се протега на површина од 1892 хектари, и има крајбрежје долго 8 километри. Кумбургаз е место каде што можете да најдете буквално се што е потребно за добар одмор и релаксација. Може да сретнете хотели со 3, 4 и 5*, ресторани и кафетерии на самото крајбрежје и да уживате во прекрасниот поглед на морето.
HOTEL MARIN PRINCESS 5*
Хотелот Marin Princess нуди опуштен и мирен престој и се наоѓа на самата плажа. Располага со двокреветни и трокреветни соби. Има три базени, од кои два на отворено и еден затворен. Располага со турска бања, сауна, масажа, џакузи, и фитнес сала. Собите во хотелот Kumburgaz Marin Princess имаат сателитска ТВ и работна маса. Хотелот нуди појадок, користење на спа центар и крпи за на плажа. Гостите можат да се релаксираат веднаш до надворешниот базен, кој има тобогани.
"Marin Princess" 5* |
термин | ЈУНИ | ЈУЛИ |
АВГУСТ | СЕПТЕМВРИ | ||||||||||||
03 | 10 | 17 | 24 | 01 | 08 | 15 | 22 | 29 | 05 | 12 | 19 | 26 | 02 | 09 | 16 | ||
бр. ноќи | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | |
цени по лице со превоз | 247 | 259 | 274 | 298 | 315 | 332 | 339 | 339 | 339 | 339 | 339 | 339 | 332 | 298 | 274 | 259 |
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Седум ноќевања во хотел Маrin Princess 5* во Кумбургаз со вклучен појадок;
- Автобуски превоз;
- Превоз од Штип, Скопје , Велес, Неготино, Гевгелија, Прилеп, Битола;
- Поаѓањето е еден ден претходно од термините во табелата во попладневните часови;
- Бесплатни лежалки и пешкири на базен и плажа.
- Користење на 2 базени со солена вода;
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Патничко осигурување;
- Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според терминот на уплата. Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15€ за во два правци;
- Факултативни излети;
- Доплата за SNGL соба е 50% од редовната сума на аранжманот.
- Туристичка такса 3.50€ по лице за 7 ноќевања
НАПОМЕНА:
- Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1 = 62мкд.
- При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
- Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете како и на кој кат. Резервации за одреден кат или страна не е можна;
- Деца до 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител);
- Деца од 3 до 12 години плаќаат 50% од износот на аранжманот доколку се придружувани со двајца возрасни.
- Доколку имате барање за седиште истото се доплаќа 15€.
- За уплата на два споени термини (еден по друг) одобруваме 10% попуст на вториот термин.
* За вез во Турција, пасошот треба да има важност од мин. 6 месеци.
ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ ВО ИСТАНБУЛ: 65€
- Истанбул со крстарење со брод по Босфор;
- посета на Балат;
- посета на Галата Порт;
- Посета нa Таксим;
Шопинг тура (Капали Чаршија - Outlet Mall 212 - KOSKA продавница за слатки работи - GLORIA (Трговски центар) = 20€
VIP Пакет (Крстарење по Босфор - Балат - Галата Порт и Таксим Плоштад) = 65€
За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ.