TA Mediteran

Font Size

SCREEN

Profile

Layout

Menu Style

Cpanel
Автобуски програми | 23-ти ОКТОМВРИ

23-ти Октомври | Сараево

  термин: 24.10-2ноќи | 99€ / 6.140мкд

С А Р А Е В О 

 

Термин: 23 - ти Октомври 2024 | 4 дена / 2 ноќи | Автобус

 

1ден/ 24.10 (четврток) МАКЕДОНИЈА 
Поаѓања се организирани од повеќе градови во Македонија. Поаѓањето од Скопје е околу 22:30ч но патниците за точно време на поаѓње се известуват на еден пред поаѓање. Се патува преку Србија со попатни вечерни паузи.


2ден/ 25.10 (петок) САРАЕВО
Пристигнување во Сараево и упатување на разглед на Сараево со локален водич. Разгледот започнува од “Vijecnica” па до местото каде е извршен атентат врз Франц Фердинанд од страна на Гаврило Принцип, хотел Европа, австро-унгарскиот дел, плоштадот Маршал Тито, местото каде е формирана групата INDEXI, Бегова Џамија и Башчаршија. Разгледот се прави се со цел патниците подобро да се запознаат со градт. Слободно време, и упатување кон хотел за сместување. Ноќевање


3ден/ 26.10 (сабота) ЈАБЛАНИЦА - МОСТАР - САРАЕВО
Третиот ден започнува со појадок и во 07:30ч започнуваме со целодневна екскурзија. Првото место за посета е Бункерот на Тито во Коњиц. Поранешната Југословенска држава во времето на Тито изградила 26 објекти под земја, кои се проценуваат на околу 90 милјарди долари. Тоа е неколку пати поголема сума отколку државниот долг кој СФРЈ го имала во 1983 година кога “падна” во банкрот. Овој бункер бил една од најстрого чуваните воени тајни воопшто во светот. До распадот на Југославија и по смртта на Тито само се нагаѓаше дека постојат подземни бункери и аеродроми на просторите на поранешната заедничка држава. Потоа, тие беа откриени,  но никој не вложуваше во нив за да ги покаже на пошироката јавност. Во 2003 година почнаа првите поголеми активности за реновирање на подземните ходници и простории во Бункерот на Тито, и по десетина години интензивна работа, сега таму може да се видат сензационалистички откритија. Во бункерот ќе видите, 3 конференциски сали, 100 соби предвидени за војници, резеровар за нафта итн. По посетата на бункерот се упатуваме кон Јабланица. која не пречекува со приказната за „Неретва“. Групата ќе има можност да го посети местото каде била Битката на Неретва 1943 год. позната како “Bitka za Ranjenike” која била 4-та непријателска офанзива на НОВЈ. Исто така овде е снимен познатиот филм „Битка за Неретва“ 1969 год...По посетата групата се упатува кон Врело Буна, се посетува втор најголем извор во Босна, кадешто извира вода од 40,000 л во секунда. Слободно време во договор со водич. Во договорено време поаѓање кон Мостар. Разгледот на градот е со локален водич. Голем дел од туристите доаѓаат во Мостар за да го видат мостот, но Мостар има многу повеќе за истражување. Безброј, продавници, сувенирници богати со  бакарни предмети каде што можете да си купите сет за кафе или карактеристични локални сувенири или пак килими за вашиот дом, сето ова е лоцирано на Кујунџилук улицата. Ова е интересна улица (со калдрма) за прошетка, ако сте за шопинг можете да поминете часови овде. Во Мостар има кварт  каде објектите се со шарени фасади што потсеќа на населбата Балат во Истанбул. Го нарекуват ‘’Мостарскиот Балат”. Разгледот завршува под ,,Стари мост” и овој мост е симбол на градот. Слободно време околу 3 часа. Враќање во Сараево. Посета на некој паб во австро-унгарскиот дел доколку има интерес од страна на групат. Ноќевање.


4ден/ 27.10 (недела) БОСАНСКИ ПИРАМИДИ - МАКЕДОНИЈА
По појадокот во хотел, групата се упатува кон Босанските пирамиди. Пред повеќе од 10 години, во Босна беше пронајдено големо откритие кое го шокираше светот, особено историчарите и археолозите. Босанските Пирамиди беа пронајдени од страна на Др.Семир Османгич и тие го дигнаа во врвот на неговата кариера. Босанските пирамиди се наоѓаат во близина на градот Високо, а според најновите истражувања датираат од предбиблиската историја. Најголемата пирамида е Пирамидата на Сонцето и е прва од тој вид во Европа, додека Пирамидата на Месечината и Пирамидата на Босанскиот Змеј, се значително помали. Под  пирамидите се пронајдени три подземни одаи и мало сино езеро. Езерото содржи чиста, стерилна вода, без бактерии, алги, печурки, микроорганизми, животни, мов и кал. Ја нарекуваат жива вода, затоа што го прочистува телото. Тоа значи дека тие објекти всушност се „одаи за прочистување“ и тука телото побрзо се регенерира и болестите исчезнуваат. Покажано е дека просториите под пирамидите имаат лекувачки моќи поради големото ниво на јонизација. Вишеград, прекрасен град каде туристите имаат можност да уплатат за крстарење по Дрина и да се запознаат со природните и историски убавини на градот, да ги слушнат легендата за близнаците Стоја и Остоја како и легендата за невестата Фата. Групата го посетува симболот на градот а тоа е познатиот мост кој е изграден од Мехмед Паша Соколовиќ,а кој е под заштита на UNESCO и опишан во романот на Иво Андриќ „Мостот на Дрина“. Во Вишеград ќе имате можност да го посетите Aндриќград исто така познат како и камен град кој инвеститор за тоа е познатиот тенисер Новак Џоковиќ. Како културен центар изграден е по иницијатива на Емир Кустурица а за туристи официјално е отворен во 2012 година. Слободно време за прошетка. Патниците кои нема да ги посетат пирамидите имаат слободно време во хотел со тоа што по враќање од пирамидите ќе бидат земени од хотел и се продолжува кон Вишеград. Слободно време за ручек и заминување кон Македонија. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.


 Цена на аранжманот: 99€ / 6.140мкд


Во цената на аранжманот е вклучено:
- 2 ноќевања со појадок во хотел со 3*;
- Разглед на Сараево со локален водич;
- Туристички придружник за време на патувањето;
- Посета на Вишеград и Андриќград;
- Автобуски превоз Скопје и Куманово.


Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Трансфер по градови Гевгелија,Битола,Прилеп,Неготино-10 евра во правец по лице;
- Трансфер по градови Велес и Штип- 5 евра по правец по лице;
Крстарење по Дрина 10 евра од лице;
Босански пакет (Бункерот на Тито, Јабланица, Врело Буна, Мостар и Босанските пирамиди) 90евра;
Историски пакет (Бункерот на Тито, Јабланица,Врело Буна и Мостар) 70 евра;
Туристичка такса 2,50 евра од лице за две ноќевања (задолжително);
Патниците избираат еден од двата наведени пакети (од 70 или 90 евра);
- За екскурзиите е задолжителна пријава во агенција. Уплатата е во автобус;
- Патничко осигурување.


 За овој аранжман важат Општите услови на патување на СКТМ.

следете не

twinter rss
Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.