К А П А Д О К И Ј А
Термин: 22 Октомври 2024 | 6 дена / 3 ноќи | Автобус
1ден/ 22.10 (вторник) СКОПЈЕ
Местото на собир на групата на паркингот кај хотел Русија околу 11:30 часот. Поаѓање за Турција околу 12:00 часот. Патувањето се одвива преку Грција. Попатно собирање на патниции од Велес, Неготино и Гевгелија со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Ноќно возење.
2ден/ 23.10 (среда) АНКАРА
Пристигнување во Анкара во пладневните часови. Разглед на градот со локален водич, Мазолеумот на Ататурк, Цитаделата на Анкара, со прекрасен поглед кон градот, музејот на Анадолиските цивилизации. По разгледот на градот, слободно време за индивидуални активности. Сместување во Хотел. Вечера. Ноќевањe.
3ден/ 24.10 (четврток) КАПАДОКИЈА
Појадок во хотел. По појадокот во хотел групата се упатува кон Кападокија со попатно застанување на Соленото Езеро Тузпол, сместено на 905 метри надморска височина. Пристигнување во Кападокија и започнување на целодневната екскурзија. Пошетка во Националниот Парк Долината Ѓуреме, дел од листата на заштитени од УНЕСКО, се посетуваат пештерските цркви и храмови, уникатен показател за Византиската уметност во креирањето фрески и цртежи и израбоката на иконостаси. Се посетува градот Аванос, античката Ванеса која е сместена на двата брега на реката Казал Ормак (црвената река, најдолгата во Турција). Градот е познат по грнчарството, еден од најстарите занаети уште од античките времиња, од анадолиските племиња Хети. Посета на Јучхисар, една од главните туристички атракции и архитектонски чуда на Кападокија, од чиј врв има преубави глетки. Сместување во хотел. Вечера. Можност за факултативен излет со АТВ низ регионот за фотографирање со зајдисонцето. Можост за факултативна Турска локална вечер со неограничено пиење и закуски специфични за регионот. Ноќевање.
4ден/ 25.10 (петок) КАПАДОКИЈА
По желба, можност за факултативно летање со Балон на Кападокија, едно од најубавите искуства во светот. Се поаѓа од хотелот рано во 05:30. Оваа факултатива трае околу час и половина и потоа се враќа во хотелот. Појадок. Започнува екскурзијата на подземните градови на Кајмакал, регион кој е развиен уште 2000 години пред нашата ера, град кој е ископан во карпите кој е поврзан со тунели и простории на длабочина од 80 метри. Во договорено време со водичот од групата, поаѓање кон долината Дервент, или позната како розевата долина. Враќање во Хотел. Можност за факултативна посета на дервишка вечер.Ноќевање.
5ден/ 26.10 (сабота) КАПАДОКИЈА - АНКАРА - СКОПЈЕ
Појадок. По појадокот, слободно време за индивидуални активности. Поаѓање кон Македонија околу 17 часот.
6ден/ 27.10 (недела) СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје околу полноќ.
Цена на аранжманот: 229€ /14.200мкд
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со високо туристички автобус на релација Скопје-Кападокија-Скопје;
- 3 ноќевања со појадок и вечера во Хотел 3*;
- Претставник/пратител од агенцијата за целиот престој.
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Патничко осигурување;
- Трансфер 10€ по лице по правец;
- индивидуални трошоци;
- влезници за музеи и галерии;
- летање со Балон во Кападокија – околу 250€ (со предрезервација);
- влезница за локација за фотографирање на балоните и изгрејсонцето – околу 15€;
- Музеј на Анадолиските цивилизации – околу 15€;
- Кападокија и Кајмакли – околу 15€;
- Ѓореме музеј на отворено – околу 30€;
- Јучхисар тврдината – околу 250 турски лири.
- Локална турска вечер во подземен ресторан – околу 40€ (со предрезервација).
- Дервишка вечер – околу 40€.
Напомена:
Јучхисар е високо место до кое се пристигнува по качување на стрмна патека, не се препорачува за луѓе кои имаат потешкотии со искачување. Препорачливо е да имате удобни обувки.
Посетата на подземниот град Каимакли не се препорачува за лица кои имаат проблеми со дишењето или клаустрофобија. Доколку некој нема да гопосети овој внатрешен дел, може да остане надвор, има ресторани и кафулиња и сувенирници.
За ова патување потребно е минимум 40 патници.
За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ.
За реализација на сите факултативи е минимум од 20 патници. Доколку некој од патниците не се појави на договореното место и време на тргнување, групата продолжува а средствата не се рефундираат.
Цените се по лице, сместување во двокреветни и трокреветни соби.
Дете до 12г. плаќа 180€.
Плаќање исклучиво во денарска против вредност по курс 62 мкд.
Агенцијата го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 5 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата (активностите по денови и датуми) за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
Патникот има обврска да се јави 24 часа пред поаѓање за да потврди време и место на поаѓање!
Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на пaтувањето.
За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ.