Б У Д И М П Е Ш Т А
со посета на ВИЕНА и Сент Андреа
Термин: 23 октомври 2024 / 5 дена - 2 ноќи | Автобус
1ден/ 23.10 (среда) СКОПЈЕ - БУДИМПЕШТА
Состанок со групата, точно време за поаѓање ќе добиете два дена пред поаѓање. Ноќно патување преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2ден/ 24.10 (четврток) БУДИМПЕШТА
Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Следува факултативен панорамски разглед на градот со водич: плоштадот на хероите, Парламентот, Кралската палата, Рибарската тврдина, Цитаделата, црквите Св. Стефан и Св. Матеј, улиците: Андраши, Ракоци и Ваци, мостовите на Дунав. Сместување во хотел, време за одмор. Вечерта се упатуваме на крстарење со брод на Дунав (факултативно), преубаво искуство под прекрасните мостови со можност за единствен поглед од вода на најимпозантните објекти во Будимпешта. По крстарењето, враќање во хотел. Ноќевање.
3ден/ 25.10 (петок) БУДИМПЕШТА - ВИЕНА
Појадок. После појадокот, слободно време за индивидуални прошетки низ Будимпешта или можност за целодневна факултативна посета на Виена. Градот на кој секогаш сите му се враќаат. Панорамски разглед на градот: плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, општината Ратхаус, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург. Слободно време за индивидуални прошетки во центарот на Виена. Во договорено време враќање кон Будимпешта. Ноќевање.
4ден/ 26.10 (сабота) БУДИМПЕШТА - СЕНТ АНДРЕА
Појадок. Напуштање на хотелот за посета на Сент Андреа (задолжителна факултативна посета - 15 евра по лице). Сент Андреа е место познато по десетиците музеи, големиот број кафулиња, како и магичната атмосфера на уличките помеѓу куќите изведени во различни стилови, преполни со продавнички за ракотворби и сувенири. Поаѓање за Скопје со попатни паузи.
5ден/ 27.10 (недела) СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во утринските часови.
Цена на аранжманот: 159€ / 9.860мкд
Промо цена: 139€ / 8.620мкд (со задолжителна резервација на пакет факултативи од 85€)
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со високотуристички автобус;
- 2 ноќевања со појадок во хотел 3* НП во Будимпешта (околина);
- Организација на аранжманот;
- Лиценциран туристички придружник;
Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:
- Задолжително патничко осигурување;
- Влезници за музеи и културно – историски споменици;
- Доплата за еднокреветна соба - 70% од аранжманот;
- Разглед на Будимпешта со локален водич - 15€ (задолжителна фалултатива,уплата во агенција);
- Крстарење со брод по Дунав - 25€;
- Посета на Виена - 40€;
- Посета на Сент Андреа - 15€;
- Задолжителна доплата за туристичка такса 2,5€ по лице по ноќевање;
- Во случај на еден возрасен и едно дете до 11,99г детето плаќа 100%.
Напомена:
За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето.
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето.
Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот).
Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.
За уплата, исклучиво во денарска противвредност.
За овој аранжман важат Општите услови на патување на СКТМ.