П Р О Л О М Б А Њ А
Термин: 23 октомври 2024 | 4 дена - 3 ноќи | Автобус
1ден/ 23.10 (среда) СКОПЈЕ - ПРОЛОМ БАЊА
Состанок на групата рано наутро во 05.30 часот на паркингот кај спортската сала Борис Трајковски (кај пералните). Поаѓање за Србија во 06.00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Пролом Бања околу пладне и сместување во хотел. Ручек. Слободно попладне за индивидуални активности, одмор и релаксација во Велнес центарот на хотелот.Вечера. Ноќевање.
2ден/ 24.10 (четврток) ПРОЛОМ БАЊА - ЃАВОЛА ВАРОШ
Појадок. По појадокот следува заминување на факултативен излет со автобуски превоз и локален водич до локалитетот Ѓавола Варош, мистичен споменик на природата, околу кој се врзани повеќе легенди, избран е во ТОП 77 во изборот за најголемите чуда на природата. Враќање во хотел. Ручек. Слободно попладне за одмор и релаксација во СПА центарот на хотелот. Вечера. Ноќевање.
3ден/ 25.10 (петок) ПРОЛОМ БАЊА - ЛАЗАРИЦА
Појадок. Во 10 часот заминување на организирана прошетка низ Пролом Бања до единствената црква брвнара во овој крај, Лазарица, позната по единствениот светски мистичен феноме, 6 стебла од сливи кои при растењето 6 пати се вртат околу себе. Враќање во хотел. Ручек. Можност за користење на СПА услугите на хотелот. Предлог: 30 минути во солена соба, 30 минути во сауна и ладен туш, релаксација во џакузи. Вечера. Ноќевање.
4ден/26.10 (сабота) ПРОЛОМ БАЊА
Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Заминување кон Македонија околу пладне. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки поапатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерни часови.
Цена на аранжманот: 229€ / 14.200 мкд
Промо цена: 199€ / 12.340 мкд (за уплата до: 15.10.24)
Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со туристички автобус на наведената релација.
– Сместување во Хотел Радан 3* на база 3 ноќевања (пролом вода во сите соби, ТВ, бањарки и фен за коса).
– Исхрана на база полн пансион (појадок, ручек и вечера на база шведска маса).
– Користење затворено отворен базен со лековита Пролом вода.
– Користење Велнес центар: солена соба, парно купатило, сауна, џакузи, тепидариум.
– Организирана прошетка до црквата Лазарица со локален водич .
– Туристичка такса.
– Организација и реализација со туристички придружник.
Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:
– Задолжително патничко осигурување.
– Излет до Ѓавола Варош (автобуски превоз, локален водич и влезница) - 5€ доплата на лице место.
– Индивидуални трошоци (масажи, пијалок и останати неспоменати услуги).
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
– Доплата за еднокреветна соба +45€/2.790ден.
– Дете 2-7год. на дополнителен кревет (фотеља на извлекување) во придружба на 2 возрасни плаќа 35€/2.170мкд.
– Дете 7-12год. на дополнителен кревет (фотеља на извлекување) во придружба на 2 возрасни плаќа 99€/6.140мкд.
– Трет возрасен на дополнителен кревет плаќа полна сума (на барање).
– Намалување за сопствен превоз -10€/620ден по патник.
– Доплата за одбирање на ред на седење во автобус – 10€/620ден (мин. 2 седишта).
– Доплата за дополнително седиште во автобус -45€/2.790ден.
НАПОМЕНА:
– За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек или валидна лична карта.
– За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници.
– За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
– Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
– Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
– Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни соби за најмалку 2 лица во соба.
– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.
– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата, во случај на потреба.
За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ.