А З У Р Е Н Б Р Е Г
(Ница - Кан - Антиб - Сен Тропе - Монако - Монте Карло)
Термин: 22 Октомври 2024 | 6 дена / 3 ноќи | Автобус
1ден/ 22.10 (вторник) СКОПЈЕ
Состанок на групата во 09:00ч и поаѓање во 09:30ч од паркингот спроти салата Борис Трајковски. Се патува преку Србија и Хрватска. Ноќно возење со попатни паузи.
2ден/ 23.10 (среда) КАН
Oчекувано пристигнување во Кан околу пладневните часови. Почнуваме со запознавање на монденскиот Кан. Прекрасна прошетка по кроасетата со хотелите Карлтон, Мартинез, Мажестик, Филмската палата, стариот град со тврдината. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални прошетки, кафе во кафуле со автентичен француски амбиент или вечера во центарот на Кан. Индивидуално враќање во хотел. Ноќевање.
3ден/ 24.10 (четврток) КАН - СЕН ТРОПЕ - МОНТЕ КАРЛО
Појадок. По појадокот препорачуваме Крстарење до островот Св. Mаргарита во близина на Кан, - Ексклузивна и ретка можност да го посетите островот Св. Маргарита во близина на Кан и затворскиот музеј со одајата на најтаинствениот затвореник на сите времиња - Човекот со железна маска... тајна која живее повеќе од 350 години и сеуште ги интригира историчарите а ги инспирира писателите и сценаристите, приказна по која е снимен и истоимениот филм на Рендал Валас а главните улоги ги одиграа легендарните Леонардо ди Каприо, Џереми Ајронс, Џон Малковиќ, Жерар Депардје, а потоа препорачуваме посета на најгламурозниот град на Азурниот брег – СЕНТ ТРОПЕ: Прошетка по живописните улички, пристаништето со луксузните јахти и прочуени кафичи ( Senequer) каде вообичаено се испива утринското кафе со познатиот колач Tarte Trapezien, катедралата... Во попладневните часови враќање во Кан. Слободно време за одмор. Вечерта предлагаме излет до гламурозниот Монте Карло... слободно време за прошетки и посета на најлуксузната коцкарница во светот. Враќање во хотел. Ноќевање.
4ден/ 25.10 (петок) АНТИБ - НИЦА
Појадок. Препорачуваме целодневен излет до монденското место Антиб и потоа посета на кралицата на Азурниот брег - Ница. Антиб е прекрасно градче кое го маѓепсало Пикасо, прошетка по калдрмата на автентичните улички, преполни со уникатни локални дуќанчиња, бистроа и ресторани... несекојдневна можност за посета на уникатниот музеј посветен на генијалниот Пикасо ( влезница 12 еур)... Продолжуваме со посета на Ница: Кралската опера, балконот на Наполеон, плоштадот Солеја, палатата на правдата, катедралата, променадата... Слободно време за индивидуални прошетки низ центарот на Ница, препорачуваме ручек во некој од автентичните провансалски ресторани во центарот на градот. Во вечерните часови враќање во Кан. Ноќевање
5ден/ 26.10 (сабота) КАН - ЕЗ - МОНАКО - СКОПЈЕ
Појадок. Одјавување од хотел. Посета на Монако со попатна посета на фабриката за парфеми Фрагонард во Ез. Разглед на Монако: океанографскиот институт, кралската палата, катедралата Св. Никола, егзотичните градини... Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Поаѓање кон Македонија во попладневните часови. Патот продолжува преку Словенија, Хрватска, Србија... Ноќно и денско возење со попатни паузи за одмор и гранични формалности.
6ден/ 27.10 (недела) СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
Цена на аранжманот: 289€ / 17.920мкд
Промо цена: 259€ / 16.060мкд (за уплата до: 30.09.2024)
Во цената на аранжманот е вклучено:
- - Превоз со високотуристички автобус на наведената релација;
- - Сместување во Кан/Ница хотел 3* , на база 3 ноќевања со појадок;
- - Разглед на Кан и Ница;
- - Организација и лиценциран туристички придружник на патувањето;
Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:
- Патничко осигурување;
- Посета на Ст. Тропе - 50€;
- Посета на Ница и Антиб - 50€;
- Вечерна посета на Монте Карло и коцкарниците - 30€;
- Задолжителна посета на Монакои фабрика за парфеми ‘Fragonard’ последниот ден - 40€;
- Крстарење до островот Св. Mаргарита во близина на Кан (брод + влезница за музејот)- 30€;
- *** ПАКЕТ ИЗЛЕТИ – Азурен брег - 160€;
- Туристичка такса во Кан (3€ по лице на ден, се плаќа во агенција);
- Влезници за културно историски споменици, музеи;
- Билети за јавен превоз;
- Доплата за еднокреветна соба - 6.900мкд;
- Доплата за избор на седиште 20€;
- Доплата за празно седиште 150€.
Напомена:
За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
Попустите не се комбинираат
Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди време и место на поаѓање.
За овој аранжман важат Општите услови на патување на СКТМ.