TA Mediteran

Font Size

SCREEN

Profile

Layout

Menu Style

Cpanel
Автобуски програми | 23-ти ОКТОМВРИ

Лутраки & Воден / еднодневна

термин: 23.10.2024(среда) | 1500мкд

ВОДЕН ЛУТРАКИ  


Еднодневно патување | термин: 23 октомври (среда)
 

   

 


ЛУТРАКИ

Лутраки е најстарата и најпознатата термална бања во Грција. Се наоѓа во северо-западниот дел на Грција е лоциран на надморска висина од 420 метри во планинскиот венец на меѓу планините Кожув и Кајмакчелан. Лутраки е мало туристичко место со околу 2000 жители се наоѓа на само 130km од граничниот премин Богородица. Местото со своите минерални лековити извори е познато уште од времето на Александар Македонски. Од 1992 год. туризмот значително се развива и денес има голем број хотели и апартмани кои ги задоволуваат потребите на гостите. Местото изобилува со ресторани, продавници и кафетерии.Овде посетителот може да ги  комбинира минералната топла вода во базените со планинарењето, посетата на уникатната по својот вид пештера или скијање на планината Ворас (Кајмакчалан). Областа е планинска. Течењето на топлите и ладни води заедно со богатството со флора му дава на овој регион уникатна убавина уште од далечната 1920год. кога за прв пат е прогласен за “природна бања“. Самите бањи, односно природните извори, имаат два базени, од кои едниот е природен со свој водопад поделен во два дела со топла и ладна вода. Водата паѓа од височина со што ви нуди одлична масажа на вашето тело. Температурата на водата е од 37-38 целзиусови степени. Водите се лековити и се препорачуваат за болни од реума, ишијас, бронхит, нервоза, дерматолошки и гинеколошки проблеми, како и циркулативни и респираторни нарушувања. Ефектот од пиење на изворската вода е повеќе димензионален,бидејќи таа содржи елементи што им годат на многу ткива и органи.Од магнезиумот кој го содржи водата се опуштаат мазните мускулни влакна,а со тоа доаѓа и до намалување на крвниот притисок. 


ВОДЕН

Воден e град во Егејска Македонија, кој се наоѓа северозападно од Солун, или поточно во округот Постол. Населението брои околу 18.000 жители (2001). Преку железничка пруга Воден е поврзан со Лерин и Битола кон запад, додека пак со Солун кон југоисток. Во непосредна близина на градот се наоѓаат неколку природни езера и Воденските водопади на реката Вода (Воденка), кои се најголеми водопади во Грција но и голема туристичка атракција. Воедно, поради неговата околина се претпоставува дека го добил името Воден. Најголемиот водопад познат како Керанос паѓа од 70 метри висина. Исто така и низ самиот град течат голем број на поточиња. Воден изобилува со кафе барови, таверни (а цените се пониски во споредба со оние покрај море. Поголемиот број на жители се со македонско потекло и го знаат македонскиот јазик).

  1. Антички Воден - е основан во 814 п.н.е од македонскиот крал Карано. Античката локација е на само 3 km оддалеченост од Воден. (Исто така има пат (поплочен од камења) кој почнува кај Varosi продолжува низ Отворениот музеј на вода и води се до Античкиот град). Влезот е бесплатен.
  2. Црква Успение на Пресвета Богородица - изградена во 14 век во историскиот дел на градот. Извонредни фрески од кои најстарите датираат од 14 век.
  3. Отворен музеј на вода - под заштита на УНЕСКО ја претставува индустриската историја на градот. Има изложени воденици може организирана посета со водич.
  4. Varosi традиционален гратски дел - којшто во отоманскиот период бил христијански дел. Овде може да се восхитувате на македонската архитектура и поплочените улици со камен. Во овој дел има музеи, уметнички галерии и хотели.
  5. Фолклорен музеј - има ексклузивна колекција на народни носии, алатки и сл. Употребувани од занаетчиите од 19-ти и 20-ти век. Отворен од 10-18ч.
  6. Градски саат - изграден во 1900 год. направен од камен и се наоѓа во срцето на градот.

Програм на патување

Поаѓање од Штип во 05:00 часот пред Нова Пошта. Се патува преку граничен премин Богородица. Планирано пристигнување околу 10 часот. Пауза за посета на природните убавини на Воден, препознатлив по изобилството на вода и живописните водопади кои даваат посебна убавина на градот. Продолжување на групата кон Лутраки. Се патува околу 45мин. Индивидуално посета и користење на минералните топли води на отворено. Поаѓање за Штип во попладневните часови. Кратка пауза во Free Shop. Пристигнување во вечерните часови.

 

Цена на аранжманот: 1500мкд


Во цената на аранжманот е вклучено:

- превоз на наведената релација со туристички автобус/минибус;
- организација и придружник на патувањето.


Во цената на аранжманот не е вклучено:

- користење на базените со минерални води во Лутраки.


Напомена: 

За реализација на аранжманот потребен е мининум од 20 патници.


За овој аранжман важат Општите услови на патување на МЕДИТЕРАН и СКТМ. 

следете не

twinter rss
Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.