К И П А Р
Кипар е островска држава во Средоземното море, трето по големина. Потеклото на името има повеќе толкувања: од грчкиот збор за чемпрес – kyparissos, од грчкиот збор кану – kypros, или по латинскиот назив за бакар – Cuprum (Cyprium) чии рудници некогаш се наоѓале на Кипар.. Средоземната медитеранска клима го прави Кипар едно од најтоплите острови со исклучително голем број на сончеви денови преку целата година, околу 340 сончеви денови.. На целиот остров владеат топли лета, со просечна температура од 30 °C. Островот Кипар е поделен на грчки и турски дел уште од 1974 година. Никозија или Лефкозија е најголем и главен град на Кипар, каде северниот дел на градот припаѓа на Турската република Северен Кипар, а поголемиот дел на Јужен Кипар. Службените јазици се грчки и турски. Поголемите градови се Лимасол и Ларнака во грчкиот и Киренија и Фамагуста во турскиот дел. Познати туристички места во јужниот дел на Кипар се Ларнака, Пафос, Лимасол и Аја Напа.Бидејќи долго време бил Британска колонија на Кипар се вози од левата страна. Остров каде се мешаат романитката и одморот во релаксирачки природен амбиент.
Термин: 15 ноември 2025 | 4 дена / 3 ноќи | Aвион
ПРОГРАМ НА ПАТУВАЊЕ
1ден / 15.11 (сабота) СКОПЈЕ - ЛАРНАКА
Состанок на групата на аеродром во Скопје во 06:00 ч. планирано полетување за Ларнака во 07:50ч. Пристигнување во Ларнака во 11:00ч, организиран трансфер до хотелот. Сместување. Разглед на Ларнака. Компактно убава, лесно достапна и вистински автентична, Ларнака или ,,душата на Кипар” е најстариот град на островот со богата историја која датира уште од пред 10.000 години, а денес модерен космополитски град, подеднакво убав и како град и како ресорт. При разглед на градот Ларнака, ќе ги посетиме: Големата џамија-Кебир, Замокот на Ларнака, Старто маало и шопинг улица Laiki Gaitonia, црквата Св.Лазар. Овој храм е лоциран во срцето на градот и се смета за најубав на островот. Во него до ден денес, се чуваат моштите на Лазар, кого, според Библијата, Исус Христос го воскреснал. По разгледот на градот ќе имате можност да прошетате и уживате во прекрасниот пејсаж кој го нуди плажата Финикудес во Ларнака. Потоа следи слободно време за кафе, ручек или пак коктел во некој од многубројните барови, ресторани, таверни кои се наоѓаат на самиот брег. Ноќевање.
2ден /16.11 (недела) АЈА НАПА - НИСИ БИЧ
Појадок во хотел. За овој ден предлагаме факултативен излет за да поминете прекрасен ден во градот Аја Напа, а потоа на плажата Nissi Beach, прогласена за втора најубава плажа во светот. Аја Напа е можеби најпопуларен туристички центар на Кипар, со многу сонце, кристално чисто море и прекрасни пејзажи. Некогашно мало, рибарско село, сместено во залив, денес е престижен туристички центар. Познат е како „втора Ибица„ за сите кои сакаат спортови на вода и активен ноќен живот, бројните ресторани, барови и дискотеки работат скоро непрекинато, па се препорачува пред се на помладите, но секако дека има места и за помирен и опуштен одмор. Ја красат широки, песочни плажи, од кои најпознатите се Golden Beach – долга 1 км и Nissi Beach – долга 2 км на која пристигнуваме и можност за уживање во една од најубавите плажи во светот. Враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање.
3ден /17.11 (понеделник) НИКОЗИЈА - ЛАРНАКА
Појадок. Факултативна посета на Никозија, локално се употребува името Левкозија, главниот град на Кипар кој лежи на реката Педиео. Градот е поделен на два дела, северниот дел се наоѓа во Турска Република Северен Кипар. Старото име на градот е Ледра. Ледра денес е името на најпопуларната трговска улица во Никозија. Прошетка низ градот, слободно време за ручек и индивидуални активности. Враќање во Ларнака. Ноќевање.
4ден / 18.11 (вторник) ЛАРАНКА - СКОПЈЕ
Пакети со доручек за по пат. Трансфер од Хотелот до аеродромот во 04ч00. Полетување за Скопје во 05ч50. Слетување во Скопје во 07:15 часот.
Цена на аранжманот: 299€ / 18.540мкд
Промо цена: 259€ / 16.060мкд (за првите 4 уплати)
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Директен лет на релација Скопје - Ларнака -Скопје со авикомпанија Wizz Air;
- Мала кабинска торба со димензии 40x30x20cm;
- Организирани трансфери: аеродром Ларнака – хотел – аеродром Ларнака;
- Сместување во хотел на база 3 ноќевање со појадок;
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето.
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Доплата за кабински багаж до 10кг (55 x 40 x 23 cm);
- Организиран разглед на Ларнака со влез во Замокот на Ларнака– 20€ по лице;
- Факултативен разглед на градот Никозија - 35€;
- Факултативна посета на Аја Напа и Nissi Beach - 25€;
- Пакет цена за сите факултативи - 65€;
- Патничко осигурување;
- Задолжителна Туристичка такса - 2€ по ноќ по лице.
Напомена:
- За реализација на аранжманот потребен е мининум од 15 патници;
- Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.
- Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот нај доцна 5 дена пред поаѓање;
- Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите;
- Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на програмата;
- Пасошот мора да има важност минимум 180 дена од датумот на завршувањето на аранжманот;
- Уплата исклучиво во денари.
За овој аранжман важат Општите услови на патување на МЕДИТЕРАН и СКТМ.
